Шилегов: Сметките за вода не се повисоки, само е издвоен надоместот за градско зеленило

 Согласно одлука на Советот на Град Скопје од 2012 година ставката за надоместок што се плаќа од наплатената сума за вода од 19,5 отсто е исплаќано на ЈП „Паркови и зеленило" уште тогаш. 

Онаа што сега е направено по налог на Регулаторна комисија, е разложена цената на вода за пиење, истакна градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на новинарско прашање околу информациите дека граќаните почнаа да се жалат дека добиле повисоки сметки за вода за околу 20 отсто.

– Тоа не е одлука на Советот на Град Скопје. И не е нова одлука. Цената на водата е непроменета, надоместокот за зеленило е со одлука на Советот од 2012 година. Она што ние го направивме е согласно решението што го доби Градот Скопје од страна на Регулаторната комисија согласно законските решенија од 2016 година дека мора да се издвои ставката за одржување на градското зеленило и сега таа е воведена во сметките за вода. Значи водата не е поскапена, само во сметката сега првпат е видливо како ставка и финансирањето на „Паркови и зеленило". А процентот од 19,5 осто што сега за прв пат се гледа на сметките како таков постои од 2012 година, само првпат го правиме видлив во самата сметка, рече Шилегов на промоцијата на новиот парк во Топанско поле.

Тој посочи дека не може да знае дали некои индивидуални сметки за вода се повисоки и додаде дека скопјани пијат најевтина вода во Европа.

Инфлацијата во април зголемена за 0,7 проценти во однос на март

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во април во однос на март изнесува 0,7 проценти, а цените на мало се зголемени за 1,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика.

Зголемувањето на инфлацијата е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во транспортот за 2,8 проценти, комуникации за 1,6 проценти, храна и безалкохолни пијалаци, облека и обувки за 0,9 проценти, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0,6 проценти, разновидни стоки и услуги за 0,4 проценти и здравје за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот е забележано во групите мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0,5 проценти и домување, вода, електрика, гас и други горива за 0,2 проценти.

На исто ниво останале трошоците на животот во групите алкохолни пијалаци, тутун и наркотици и образование.

Цените на мало во април во однос на март се зголемени за 1,1 процент.

Во однос на април лани, трошоците на живот се зголемени за четири проценти, а цените на мало за 3,5 проценти.

Барселона не може да го купи Феликс од Атлетико Мадрид

Напаѓачот на Барселона, Жоао Феликс може да го напушти каталонскиот клуб, пренесува „Cadena SER“. Правата над фудбалерот му припаѓаат на Атлетико Мадрид.

Раководството на каталонскиот тим поради финансиски проблеми не може да си дозволи да купи играч за 60-70 милиони евра.

Инаку, самиот Феликс сака да остане во Барселона.

Дваесет и четиригодишниот Феликс оваа сезона во Ла Лига постигна седум гола и три асистенции.

Феликс кариерата ја почна во Бенфика од каде направи трансфер во Атлетико Мадрид. Во 2023 најпрво замина на позајмица во Челзи, па во Барселона. /МИА

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

притисни ентер