На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
2На Клиниката за психијатрија расте бројот на пациенти кои бараат помош поради семејно и партнерско насилство
МакедонијаШилегов: Скопската ЗОО станува регионална туристича атракцијаЗаедно со збогатувањето на нови содржини за посетителите во изминатите 4 години расте и интересот за посети на Зоолошката градина во Скопје не само од страна на жителите на градот, туку и од многу други градови од земјата и регионот. Дино парк, фламинга, пингвини, слонови се само дел од новата понуда на Скопје ЗОО која директно придонесува за зголемениот интерес за посети кој во просек се зголеми на над 30.000 посети неделно. „Новиот Дино парк кој се простира на површина од 2000 м2 е тематски парк од забавно-едукативен карактер кој нуди забава и едукација за сите возрасти, а најмногу за најмладата популација. Има вкупно 41 реплика на диносауруси од креда и јура периодот, од кои дел се во природна големина со синхронизирани движења, проследени со звуци. Скопскиот Дино Парк првиот на Балканот каде што има толкав голем број на фигури од праисториски животни, како и едукативни содржини за секој од различните видови животни“, вели Шилегов. Скопје ЗОО е побогата и за двата најегзотични и најпопуларни видови на птици - фламинга и пингвини кои за првпат се жители на нашата Зоолошка градина. Пингвинариумот е составен од внатрешен дел со затворен базен, надворешен базен од 180м2, подземен дел со филтри и пуми за вода, како и тераса од 120м2. Граден е по светски стандарди и со идеални услови за овие јужноамерикански пингвини кои најлесно се адаптираат на скопската клима. „Новото живеалиште за фламингата во скопската зоолошка градина е едно од најубавите во Југоисточна Европа. Проектот опфаќа внатрешен дел од 40м2 и надворешен дел од 120м2, со езерце и посебен дел за хранење. Живеалиштето претставува една мала лагуна со многу зеленило и идеални услови за овој вод на птици. Град Скопје ја финансираше изградбата на двете живеалишта за фламинга и пингвини кои заедно чинат околу 17,7 милиони денари“, објавнува Шилегов. Белгиските слоници Дуња и Даела во 2018 ја збогатија понудаата на Скопје ЗОО во 2018 година. Последен пат слон во градината во Скопје имало пред 26 години. За слониците Дуња и Даела изградено е ново живеалиште, со отворен и затворен дел, според најсовремените светски стандарди и според површината која ја зафаќа е едно од најголемите во скопската Зоолошка. Едната слоница е африканска, другата азиска и двете се стари по 30 години. „Град Скопје и Зоолошка градина работат на поставување нови стандарди на квалитет и поголема благосостојба на животните. Во континуитет се работи и на едукација на посетителите, но и на облагородување на просторот со нови атрактивни содржини кои привлекуваат се поголем број посетители од кои голем дел се странски туристи“, заклучува Шилегов, се наведува во соопштението од Град Скопје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветДрон се урна во ЛитванијаДрон, кој најверојатно навлегол во литванскиот воздушен простор од соседна Полска, се урнал на северот од оваа земја-членка на ЕУ и НАТО, соопшти денеска министерот за одбрана Робертас Каунас.Остатоците оштетиле приватен автомобил, но нема повредени, изјави Вилмантас Виткаускас, шеф на Националниот центар за управување со кризи. Засега не е познато дали леталото носело експлозив, а во тек е истрага, додаде тој. Претходно денеска, властите ги повикаа жителите во централните и северните делови на земјата да побараат засолниште поради присуството на неидентификуван летечки објект. Во областа беа испратени борбени авиони на НАТО за заштита на воздушниот простор, а аеродромот во Каунас беше затворен во траење од околу еден час. Украина: Русите ги попречуваат сигналите Полската војска денеска исто така пријави можно нарушување на својот воздушен простор. Во последните месеци, украински дронови во неколку наврати навлегоа во воздушниот простор на НАТО во балтичкиот регион. Од Киев изјавија дека дроновите отстапиле од планираните патеки на летање поради руско попречување на сигналите. Ова предизвика загриженост дека руската војна во Украина би можела да се прелее преку границите на НАТО. Извор: Индекс.хр Фото: ВИТагови: дрон Литванија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗасилени сообраќајни контроли во Скопје: Осум возачи под дејство на алкохолЧетири лица лишени од слобода за безобѕирно управување со моторно возило.Во текот на ноќта на 17/18.10.2026 година, во периодот од 21:00 до 03:00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе засилена акциска контрола на подрачјата на општините Илинден, Гази Баба и Кисела Вода, со посебен акцент на откривање и санкционирање возачи кои управуваат моторни возила под дејство на алкохол. При контролата откриени се осум возачи кои управувале моторни возила под дејство на алкохол, од кои тројца се лишени од слобода поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, бидејќи кај нив било утврдено присуство на алкохол над 1,50 ‰. Дополнително, од слобода е лишено уште едно лице поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“ по член 297-а од Кривичниот законик, затоа што управувало моторно возило без возачка дозвола. Против сите сторители ќе бидат поднесени соодветни прекршочни и кривични пријави. Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли и во наредниот период, со цел зголемување на безбедноста во сообраќајот и заштита на животот и здравјето на сите учесници во сообраќајот. Апелираме до сите возачи и учесници во сообраќајот доследно да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило под дејство на алкохол и со своето одговорно однесување да придонесат за побезбедни патиштаТагови: дејство на алкохол Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛишени од слобода 25 возачи за „безобѕирно управување возило“12 возеле без положен возачки испит, 11 под дејство на алкохол, а двајца возеле со активна забрана.Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 25 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, 12 лица управувале возило без положен возачки испит и тоа, В.Р.(24), А.Н.(31), М.С.(32), Б.Д.(48), И.М.(22) и М.А.(20) и уште двајца малолетници на возраст од 16 и 17 години сите од Скопје А.Џ.(32) од селото Ново село, Ј.Б. (25) од село Орланци, М.И.(44) од село Бојане, и еден малолетник од Кочани. Под дејство на алкохол патничко возило управувале, К.В.(51) и Ѓ.С.(35) двајцата од Скопје, Р.К.(30) од Радовиш, В.М.(24) од Штип, Д.П.(21) од Штип, К.К.(41) од Прилеп, Д.В.(47) од Прилеп, В.К.(43) од Прилеп, Б.Р.(63) од Неготино, Б.Т.(27) од село Негорци, гевгелиско, М.Б.(42) од Гевгелија, додека В.С.(53) од Делчево и П.Д.(24) од Битола управувале возило за време на изречена забрана за управување со моторно возило. По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.Тагови: безобѕирно управување Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиБрвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата15:36Брвеница избира нов градоначалник: Право на глас имаат 16.256 граѓани10:10Светски рекорд на Матка: Врело стана најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри15:00Канал 5 дознава: Голема полициска акција на МВР, најдено дрога оружје, претреси на 40 локации11:11Мицкоски најави информирање на НАТО за бегството на Михаилова во Бугарија15:00