Шилегов: Мора да се расчистат тротоарите на Бит пазар, нелегалните продавачи да ја прифатат понудата

Град Скопје не отстапува од намерата да ги расчисти тротоарите на Бит пазар и ги повикува дивите пазарџии да ги прекинат блокадите и да ја прифатат понудата дадена од Градот Скопје, Општина Чаир и Скопски пазар.

Град Скопје не отстапува од намерата да ги расчисти тротоарите на Бит пазар и ги повикува дивите пазарџии да ги прекинат блокадите и да ја прифатат понудата дадена од Градот Скопје, Општина Чаир и Скопски пазар да го легализираат своето работење во рамки на пазарот.

Градоначалникот Петре Шилегов на прес-конференција денеска истакна дека Градот Скопје мора да го реши хаосот што се создава во овој дел и да го уреди овој простор и ги повика продавачите кои овие неколку дена ги блокираат улиците да ја прифатат подадената рака и да продолжат да работат во рамките на Бит пазар користејќи ги поволностите кои им се овозможуваат.

- Хаосот на Бит пазар, што е долгогодишен проблем, мора да се реши. Град одлучи да го уреди овој дел, а за таа цел на овој потег ќе се реконструираат тротоарите, ќе се постават столпчиња и жардиниери, ќе се уреди такси-станица, ќе се засадат дрвореди, реконструираат и осветлат пасажите од булеварот кон чаршијата и ќе се ослободат тротоарите од дивопоставените тезги, рече Шилегов.

Тој нагласи дека целта е заедно да изградат партнерски однос при што никој нема да биде оштетен, ниту трговците, ниту учесниците во сообраќајот.

-Веруваме дека нашите сограѓани многу брзо ќе ги согледаат придобивките од ваквиот потег и ќе ја поздрават оваа иницијатива за конечно решавање на проблемите со кои повеќе години се соочуваат граѓаните на Скопје на овој потег, истакна градоначалникот Шилегов.

Информира дека досега се остварени неколку средби со продавачите на дивопоставените тезги кај Бит-пазар и оти од нова средба нема потреба бидејќи веќе е продолжена акцијата која траеше до 5 април .

- Имавме и заедничка трибина на која присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу, претставници од „Скопски пазар“ А.Д Скопје и еснафите од Старата скопска чаршија, што прд повеќе од еден месец се оддржа во Занаетчиската комора. Овозможивме бесплатни тезги за два месеца за продавачите што ќе влезат во пазарот и ќе продолжат да работат на тие тезги. Овозможуваме сите да бидат еднакви, со еднакви услови за работа на пазарот. Отворено кажувам дека еднакво внимание укажуваме за развој на двете страни на Вардар. Правилата и редот мора да важат насекаде, рече градоначалникот Шилегов.

Тој објасни дека станува збор за не повеќе од 30 продавачи на дивопоставени тезги на тротоарот на булеварот „Крсте Мисирков“, кои имаат поволности да добијат бесплатни тезги на Бит-пазар. Во моментов на Бит-пазар има 130 слободни тезги што можат да ги добијат овие продавачи.

- Не сакаме никого да оставиме без работа или да го спречиме да си ја продава стоката. Затоа предвидуваме транзициски период со бенефиции за да може секој да се снајде. Овој чекор го преземаме со цел да ги вратиме купувачите во чаршијата и на пазарот и да овозможиме полесна пристапност до тезгите и до дуќаните. Воведувањето ред на ова место значи и поголема безбедност и пофункционален град. Јас немам обврска да овозможувам бесплатни тезги за пазарџиите, но имам обврска да ги уредам тротоарите, и да им овозможам на граѓаните пристапност до пазарот, посочи Шилегов наведувајќи дека додека продавачите на дивопоставените тезги не сакаат да плаќаат, а сакаат да имаат ексклузивни места за продажба

Дивите пазарџии неколку дена го блокираат сообраќајот на овој булевар, а сообраќајот е блокиран и денеска. /МИА

Баку: Франција да престане со неоснованите тврдења против Азербејџан

Министерството за надворешни работи на Азербејџан вчера ги отфрли „навредливите обвиненија“ и повтори дека Баку не е поврзан со протестите во Нова Каледонија.

- Наместо да го обвинува Азербејџан дека наводно ги поддржува протестите за независност во Нова Каледонија, Франција треба да се фокусира на неуспешната политика на прекуокеанските територии што доведе до такви протести. Уште еднаш ја повикуваме Франција да престане со неоснованите тврдења против нашата земја, истакна портпаролот на азербејџанското МНР, Ајхан Хаџиев.

Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин на 15 мај го обвини Азербејџан за мешање во политиката на пацифичката територија Нова Каледонија.

- Ова не е фантазија … Жалам што некои од сепаратистите се договорија со Азербејџан … дури и ако има обиди за мешање … Франција е суверена на својот сопствена територија, истакна Дарман.

Но, Дарманин не презентираше докази за вмешаноста на Азербејџан во немирите на Нова Каледонија.

Француската единица за откривање дезинформации преку интернет, „Вигинум“, формирана како одговор на руските активности во Африка, објави извештај во кој се идентификувани најмалку 86 азербејџански профили кои на платформата Икс шират антифранцуска пропаганда.

Немирите на Нова Каледонија почнаа на 13 мај поради уставната реформа, која предвидува промени на изборниот закон на француската територија. Националното собрание во Париз усвои реформа со која на илјадници француски граѓани, кои пред најмалку 10 години се преселиле на јужниот пацифички архипелаг, им се дава право на глас на локалните избори, а со тоа и поголемо политичко влијание. /МИА

Саутемптон противник на Лидс во финалето на плејофот за пласман во Премиер лигата

Саутемптон синоќа го победи Вест Бромвич во реванш полуфиналниот натпревар од плејофот на Чемпионшип со 3:1. Средбата се одржа на стадионот „Сент Мери“ во Саутемптон.

Во првото полувреме немаше постигнати голови. По паузата, Вилијам Смолбон го отвори резултатот, Адам Армстронг со два погодока зголеми на 3:0. Во последните минути гостите намалија преку Седрик Кипре.

Првиот меч заврши нерешено 0:0, па Саутемптон се пласираше во финалето каде ќе се сретне со Лидс. /МИА

Град Скопје: Без соодведни документи и дозволи се монтира панорамско тркало во Карпош

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ја известуваме јавноста дека правното лице Дизниленд Реквизити, фирма од Чаир регистрирана пред само еден месец, без соодветни документи и дозволи, без потребна документација која гарантира безбедност, монтира панорамско тркало и останати реквизити во Карпош пред Борис Трајковски.

Град Скопје, во рамки на своите надлежности изврши надзор, превзема мерки и го казни правното лице, но тој сепак НАСИЛНО продожува да работи.

Ги повикуваме надлежните институции и апелирам да постапат во најкус можен рок, бидејќи се доведува во прашање безбедноста на децата и на сите останати посетители поради практицирањето на ваквото самоволие.

притисни ентер