МакедонијаШилегов: Досега нема вредности на аерозагадување за да се активираат меркитеКакви било мерки за загадување ги активира координативното тело на ниво на Влада. Досега немаме вредности на загадувањето кои се како задолжителни за активирање на таквиот тип мерки, изјави градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов на денешната прес-конференција, одговарајќи на прашање кога ќе се активираат мерките за загадувањето. – Годинава немаме вредности над 100 мг на метар кубен, за среќа, компарирано со минатите пет години. Годинава за наша среќа имаме најдобри резултати, во смисла на најмал број на загадени денови. Загадувањето е феномен или проблем што нема да ни исчезне преку ноќ, меѓутоа ќе се манифестира во намален број загадени денови. Тоа е нешто што и минатата и во текот на оваа година го имаме. Тоа не значи дека не постои, да се разбереме, но тоа значи дека вредностите паѓаат, додаде Шилегов. Тојпосочи дека се уште се во почетна фаза на импелментација на стратешките мерки, кои покажуваат дека се даваат резултати. – Јас можам да ви ги дадам да ги компарирате резултатите за месеците ноември и декември до денешниот ден за последните пет години за да може да ги видиме и бројот на загадени денови што ги имало и кои што ги имаме во текот на оваа година. Тоа не значи дека сме излезени од проблемот, меѓутоа значи дека со овие мерки една по една, чекор по чекор, сакате чистење оџаци, сакате инвертори, сакате пелети, допрва ќе ни доаѓаат автобусите, полека ќе дојдеме до саканата цел, а тоа е во Скопје да имаме што е можно почист амбиентален воздух, рече Шилегов. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
БалканСо камери во училиштата во Албанија против насилство20 училишта во Тирана се опремени со нов систем што ќе биде во останатите образовни институции во Албанија.Според премиерот Еди Рама, одлуката за воведување на интелигентните камери е донесена по трагичниот инцидент во едно училиште во Тирана, каде што малолетник го загуби животот по тепачка со врсници. „Тогашните камери не ни овозможија навреме да ја разбереме динамиката на настанот. Се обврзавме дека ќе ја подигнеме безбедноста во училиштата на највисоко технолошко ниво, а денес таа обврска почнува да се реализира“, изјави албанскиот премиер. Новиот систем, кој е дел од проектот „Smart city“, користи интелигентна технологија што овозможува автоматско препознавање на потенцијално ризични ситуации..Тагови: Албанија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
МакедонијаСептември почна со температури до 40 степениМакедонија денеска и утре е во жолта фаза поради високите температури, а летното време ќе продолжи и во првите денови од септември. Денеска максималната температура ќе достигне до 37 степени, а високи температури се очекуваат и во среда. Според Управата за хидрометеоролошки работи, денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Наместа во попладневните часови ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од 14 до 21, а максималните од 31 до 37 степени. Во Скопје температурата ќе достигне до 37 степени.Тагови: септември Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски со порака до учениците: Нека знаењето биде патоказ кон иднината11:06Почнува новата учебна година 09:07Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
БалканЗаврши потерата во Црна Гора за тројниот убиец – пукал во полицијата и се самоубиРускиот државјанин Михаил Шабуњин, осомничен за тројно убиство што се случи вчера на стрелиште во близина на Даниловград, изврши самоубиство откако полицијата го пронајде и го опколи во шумата над Херцег Нови.Потерата заврши рано утрово, околу 3:35 часот, во шумата над населбата топла во Херцег Нови. Според црногорските медиуми, полициските сили го лоцирале Шабуњин, а откако се нашол опколен, тој отворил оган врз полицајците. Потоа си пукал во главата. Директорот на полициската управа на Црна Гора, Лазар Шќепановиќ, ја потврди оваа информација. Во големата полициска операција учествувале членови на специјалните и специјалните полициски единици, секторот за гранична полиција и регионалниот центар за безбедност „југ“.Тагови: Црна Гора Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter