МакедонијаОтворен повик за 2027: Македонија2025 продолжува со Програмата за извршно образование ЗафировскиНова можност за македонските бизнис-лидери за усовршување на Келог школата за менаџмент.Македонија2025 го отвори повикот за стипендии во рамки на Програмата за извршно образование - Зафировски за 2027 година, наменет за искусни македонски менаџери, претприемачи и бизнис-лидери кои сакаат да ги унапредат своите лидерски и раководни способности преку образование на една од најпознатите светски школи за менаџмент. Избраните кандидати ќе имаат можност да учествуваат на Програмата за развој на извршни раководители (Executive development program) на Келог школата за менаџмент при Нортвестерн универзитетот во САД. Од започнувањето на Програмата за извршно образование Зафировски во 2017 година, досега 51 македонски професионалец успешно ја има завршено програмата и се приклучи на заедницата на Зафировски стипендисти. Во периодот од 11 до 30 октомври 2026 година, на Келог ќе замине и нова група од седум истакнати македонски професионалци, со што програмата продолжува да ја проширува мрежата на лидери и да вложува во развојот на македонската деловна заедница. Програмата се реализира со поддршка на Фондацијата Робин и Мајк Зафировски, во партнерство со Келог школата за менаџмент. Нејзината долгорочна цел е да придонесе кон создавање силна заедница на македонски лидери кои стекнатото меѓународно знаење, искуство и контакти ќе ги преточат во развој на своите компании, индустрии и македонската економија. Мајк Зафировски, еден од основачите на Македонија2025 и покровител на програмата, од нејзиното основање активно придонесува кон остварување на визијата за развој на 100 македонски бизнис-лидери преку врвно меѓународно образование. Интензивна програма за искусни лидери Програмата на Келог е интензивна тринеделна програма наменета за искусни менаџери и раководители кои се подготвуваат за пошироки лидерски и стратешки одговорности. Наставата опфаќа клучни области од современото деловно работење, меѓу кои стратегија, финансии, маркетинг, операции, управување со луѓе, иновации, дигитална трансформација, податоци и вештачка интелигенција, преговарање, комуникација и водење организации низ промени и сложени деловни предизвици. Особена вредност на програмата е можноста учесниците да учат и да разменуваат искуства со раководители и претприемачи од различни земји и индустрии, како и да изградат меѓународна професионална мрежа која продолжува и по завршувањето на програмата. За 2027 година се предвидени две сесии: 2 – 21 мај 2027 година и од 10 – 29 октомври 2027 година. Двете сесии ќе се одржат со физичко присуство во кампусите на Келог во Еванстон и Чикаго, САД. Кој може да аплицира? Повикот е наменет за искусни македонски менаџери, раководители на повисоки позиции, претприемачи и сопственици на компании кои имаат значајно професионално искуство, потенцијал за понатамошен лидерски развој и амбиција да создадат пошироко влијание во своите организации и во македонската економија. Кандидатите треба да имаат најмалку 10 години релевантно професионално искуство, добро познавање на англискиот јазик, поддршка од компанијата во која работат и можност целосно да се посветат на програмата. Покрај учеството на програмата на Келог, избраните стипендисти ќе работат и на индивидуални и групни проекти поврзани со конкретни деловни или општествени предизвици во Македонија, со цел стекнатото знаење да добие практична примена и поширока вредност. Следната генерација македонски лидери Со отворањето на повикот за 2027 година, Македонија2025 продолжува да вложува во луѓе кои имаат амбиција, искуство и потенцијал да направат значаен исчекор во својата професионална кариера и да придонесат кон развојот на Македонија. Повикот е можност за оние професионалци кои се подготвени да излезат од рамките на секојдневното управување, да ги преиспитаат своите досегашни пристапи, да стекнат нови знаења и перспективи и да станат дел од силна заедница на македонски лидери со меѓународно искуство. Рокот за поднесување апликации е 20 октомври 2026 година. Сите информации за условите, критериумите и начинот на пријавување се достапни на: https://macedonia2025.com/en/news/zafirovski-executive-education-program-open-call-scholarships За повеќе информации: Нена Манчев, [email protected]Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Сидни Свини никогаш по провокативна Жежок спектакл со една од најубавите жани во Холивуд, актерката Сидни Свини.Русокосата убавица се појави во десега најпровокативното издание. Сидни Свини ја пречекува празничната сезона во мошне провокативно издание, кое повторно е дел од нејзината најнова колекција. Актерката Сидни Свини позира облечена само во бела чипкана долна облека за новата кампања на нејзиниот бренд „Syrn“. Фотографиите, инспирирани од зимската магија, беа објавени како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд. Сидни позираше пред снежна позадина, седејќи на црвен сатенски огртач со крзнени детали. Таа носи градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и исечоциа. Ова не е прва празнична колекција, но Сидни не сака да губи време. „Првите снегулки во сезоната-заводничка“, стои во описот на објавата.Тагови: Сидни Свини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ЗабаваФото: Фатална српска пејачка во теретана: Утринско растегнување!!Најфаталната Србинка го запали интернетот! Се појави „жежок“ материјал од атрактивната пејачка Теодора Џеферовиќ – неверојатно е што прави оваа жена во теретана.Сексапилната пејачка Теодора Џехверовиќ покажа како го започнува својот ден, а сцената од теретаната го привлече вниманието на нејзините следбеници. Теодора очигледно не ги пропушта тренинзите, дури и кога станува збор за раните утрински часови. На својот профил на Инстаграм таа објави видео од теретаната, на кое се гледа како напорно работи на својата форма и се посветува на вежбањето. Таа носеше кафеав спортски комплет, составен од краток топ и тесен шорц, а вежбите ги изведуваше боса, во бели чорапи, со помош на спортски подлоги. Покрај објавата, таа накратко напиша „Утринско растегнување“, придружено со емотикон на жена која медитира. Пејачката уште еднаш покажа дека физичката активност е важен дел од нејзиното секојдневие, а судејќи според видеото, таа го започнува денот со вежбање и грижа за својот изглед и физичка подготвеност. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
Нови пријави за сексуално насилство врз деца: Дали казните и законските рокови ги штитат жртвите?15:08
ТехнологијаВселенско летало по осум години стигна до Меркур Вселенското летало „БепиКоломбо“ (BepiColombo) – заедничка европско-јапонска вселенска мисија – пристигна кај Меркур по патување кое траеше повеќе од осум години и сега е подготвено да влезе во неговата орбита, пренесува „Гардијан“. Мисијата „БепиКоломбо“ ќе стане втората во историјата што ќе орбитира околу оваа планета – најмалата во Сончевиот Систем – при што се планира мапирање на нејзината површина и проучување на нејзината внатрешност. Целта на оваа мисија, вредна 1,6 милијарди евра, е да се утврди како Меркур се формирал толку блиску до Сонцето, зошто поседува магнетно поле, како и каков е составот на мразот скриен во кратерите на планетата кои се постојано во сенка. Професорката Ема Банс од Универзитетот во Лестер, која работи на проектот веќе 20 години и е главен истражувач за инструментот „Спектрометар за рендгенско снимање на Меркур“ (MIXS) – дизајниран за анализа на геохемискиот состав на површината на планетата – ја опиша мисијата како „многу сложена и предизвикувачка“, на чија реализација се чекало долго време. По влегувањето во орбитата на Меркур, MIXS ќе го анализира геохемискиот состав на површината на планетата; сепак, се очекува да поминат неколку месеци пред научниците да можат да започнат со набљудување на Меркур. На почетокот на декември, вселенското летало ќе се раздели на две орбитални единици – една европска и една јапонска – кои ќе маневрираат во посебни поларни орбити околу планетата. Научните операции се планирани да започнат во април следната година. Европската сонда, „Орбитер за планетата Меркур“ (MPO), ќе ја мапира површината и составот на планетата во висока резолуција, истовремено проучувајќи ја внатрешноста на Меркур за да фрли светлина врз неговото необично големо јадро. Нејзиниот јапонски пандан ќе го мери магнетното поле на планетата и нејзината натриумова егзосфера – исклучително тенок слој од гас и атоми што ја опкружува планетата. Иако Меркур е само 50 проценти поголем од Месечината, тој има четири пати поголема маса; едно од прашањата што мисијата ќе ги истражува е потеклото на оваа извонредно висока густина. Се очекува вселенските летала да кружат околу Меркур приближно три години, по што ќе останат без гориво, ќе изгубат височина и на крајот ќе удрат во површината.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter