Шевролет Нива од сега е Лада Нива

Руската компанија „GM-AvtoVAZ“ го преименува моделот Шевролет Нива во Лада Нива.

Во минатото оваа компанија беше поделена во сопственост на Руси и Американци, но изгледа дека „AvtoVaz“ го презема водството во компанијата.

На почетокот на декември минатата година е соопштено дека „AvtoVaz“ откупил 50 % од акциите на компанијата „GM-AvtoVAZ“ од американскиот Џенерал Моторс.

Така да од сега автомобилот под име Шевролет Нива, ќе започне да се произведува како Лада Нива.

Автомобилот е инаку достапен со 1.7 литарски мотор од 80 коњски сили.

Вечерва во „Само вистина“ гости ќе бидат Ристо Никовски и Агим Јонуз

Почитувани сограѓани, многу луѓе неверуваат, пандемијата ескалира, дали политиката е мудрост и филозофија или „дупка“ без дно, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Ристо Никовски и Агим Јонуз

Почитувани сограѓани, многу луѓе неверуваат, пандемијата ескалра, дали политиката е мудрост и филозофија или „дупка“ без дно, вечерва во Само Вистина ќе дебатираат Ристо Никовски и Агим Јонуз.

Кој ќе го состави новото парламентарно мнозинство, кој ќе „диригира“, а кој ќе игра онака како што ќе му „свират“?

ДПА му рече „ДА“ на Заев, Села ја сака Европа во Македонија, за СДСМ - ВМРО-ДПМНЕ бара алиби за поразот, АЛИЈАНСА или ДУИ, кој следен ќе се „смести“ на Илинденска?

Време ли е како пандан на „Албанската“ да има и „Македонска“ платформа, се заговара ли можеби „широка“ влада?

Станува ли СДСМ полека продесна партија со вчерашната децидна изјавана Заев дека нема место за албански национализми?

Дали новите народни избраници ќе „смогнат“ сили да ја избришат корупцијата од на колегите од минатото, вечерва во Само Вистина со Ристо Никовски и Агим Јонуз, на Канал 5 Телевизија.

Во Србија 295 новозаразени , од корона починале девет лица

Србија ги објави податоците за последното деноноќие.

Во изминатите 24 часа, во Србија биле тестирани 9858 лица, а 295 од нив биле позитивни. Девет лица починале.

На респиратори има 132 пациенти, што е за 11 помалку од претходниот ден.

Фокусот е ставен на Домот за стари лица во Велики Поповац, каде се заразени 94 лица, 83 корисници кои се особено загрозени заради нивната возраст, како и 11 вработени. Сепак, наводно, секој имал поблаги симптоми на болеста.

Панчевски осуден на три и пол години затвор, одбраната најавува жалба

За рачното распределување на судските предмети и злоупотребите во АКМИС системот поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд Владимир Панчевски доцна синоќа беше осуден на три ипол години затвор.

На маратонското рочиште во Велешкиот суд кое траеше околу 11 часа се изведуваа докази, се сослушаа сведоци, а Панчевски и неговите адвокати пред пресудата го кажаа и својот завршен збор. Судијката Валентина Ѓоргиевска кажа се се одвивало набрзина бидејќи станува за итен притворски предмет.

Негвиот адвокат незадоволен од пресудата, најави жалба пред Апелација.

Контролата врз функционирањето на АКМИС системот ја врши Комисија при Министерството за правда, која изготвува извештај и го испраќа до Судскиот совет. За адвокатот Звонко Давидовиќ нејасно е зошто од овој случај се изземени тие кои требале да вршат контрола во периодот кога се правеле злоупотребите.

“ За жал во времето за кога е донесена пресудата и кога бившиот претседател на Кривичниот суд не постапувал според правилата за расперделаба на предмети не вршеле контрола. Така да се поставува прашање, ајде што е негова одговорностшто нашол судот и утврдил, очигледно е дека некој што требало да ја врши контролата истиот не ја вршел и овозможил нешто вакво да е случи“вели Звонко Давидовиќ – адвокат.

Според обвинението, Панчевски во периодот од 23 јануари 2013 година до 14 септември 2016 година со ставање на писмен „параф“ од негова страна и со усно задолжување на вработени во судската писарница кои имале пристап во АКМИС системот, давал наредба да распределуваат конкретни предмети меѓу судиите надвор од времето на приемот на предметот во судот, како и насока на кој судија да се распредели предметот.

Сега од Министерството за правда уверуваат дека нема злоупотреба системот, а сознанија за можни пропусти немаат ниту во Судскиот совет. Претседателот Киро Здравев за Канал 5 вели дека будно ги следат состојбите и малверзациите се практично невозможни.

притисни ентер