Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
2Сестра му на Ким Џонг-ун со остра реакција: Северна Кореја не е виновна за најголемиот грабеж во историјата од 6,3 милијарди
3Бернам сака Британија да ја врати во ЕУ- од Брисел го предупредија: Многумина се трауматизирани од Брегзитот
МакедонијаШест жртви на работното место годинава, стартува проект за подобра заштита на работницитеГодишно, на глобално ниво, се регистрираат над 2,9 милиони смртни случаи и 400 милиони повреди на работни места, што предизвикува економска загуба од околу 4 проценти од светскиот БДП. Во Европската Унија, овие трошоци се проценуваат на 460 милијарди евра, или 3,3 отсто од БДП. Ако се применат овие проценти на нашата држава, економските загуби од несреќи при работа би изнесувале 500–600 милиони евра годишно. Во Македонија оваа година до септември, на работното место животот го загубиле шест работници. Овие податоци денеска беа презентирани на започнување на проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“, кој ќе се реализира до октомври 2028 година, во организација на Меѓународната организација на трудот (МОТ), а со финансиска поддршка од Европската Унија. -Безбедноста и здравјето не се само технички или административни категории. Тие се основни човекови права и показател за тоа колку едно општество навистина се грижи за својот човек. Тие ја одразуваат зрелоста на една држава, не само во економска туку и во морална и институционална смисла. Состојбата кај нас не е на ниво кое тежнееме, податоците покажуваат дека бројот на повреди на работа и натаму е висок. Затоа мораме да работиме на системска надградба, истакна вицепремиерот Љупчо Димовски, нагласувајќи дека Владата останува посветена на создавање сигурни и достоинствени работни места. Според министерот за труд и социјална политика Бесар Дурмиши, несреќите при работа и професионалните заболувања сè уште се сериозен проблем, особено во градежништвото, земјоделството, транспортот и преработувачката индустрија. - Станува збор за човечки животи и семејства кои страдаат. Затоа нашата цел е јасна, да изградиме систем кој не реагира само по настанот, туку предвидува, спречува и штити, истакна Дурмиши. Тој нагласи дека Владата ја поставила безбедноста и здравјето при работа како еден од приоритетите на трудовите политики. Но, законите сами по себе не се доволни, рече тој и додаде дека потребна е институционална инфраструктура, инспекциски служби, систем за обука и континуирана поддршка. Според него, визијата е Македонија да стане земја на безбедни работни места, обучени и заштитени работници и работодавачи кои разбираат дека инвестицијата во заштита е инвестиција во продуктивност и успех. -Овој проект е инвестиција во иднината во која безбедноста ќе биде темел на просперитетот, а не негова пречка, додаде министерот. Според претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, овој проект треба да ги поттикне сите институции да започнат од себе и да се направат промени во делот на безбедноста и здравјето при работа. - Можеби е време за активна кампања за ревидирање на сите документи и процедури за процена на ризици, согласно законите и прописите. Целта е до завршување на проектот сите организации да ги спроведат потребните мерки, порача Трендафилов и нагласи дека клучна улога имаат претставниците на работодавачите и дека тие треба да бидат носители на овие активности. Крајната цел, рече тој, е да се намали бројот на несреќи со фатални последици и апелираше активностите да продолжат и по завршувањето на проектот, да не биде само, како што рече, „спроведен проект и потрошени средства“, туку да создадеме одржлив систем. Претседателката на Советот за безбедност и здравје при работа, Јасмина Чалоска, пак, порача дека не смее да се зборува за безбедност и здравје при работа само кога ќе се случи трагедија. - Работникот мора да биде заштитен, а не загрижен за својата безбедност и здравје, истакна Чалоска. Таа потсети дека Советот е највисоко советодавно и експертско тело на Владата за оваа област, но предупреди дека во последниот период има стагнација на многу процеси. -Законот за кој се работи повеќе од пет години сè уште не е донесен, а стручен испит за кадри за безбедност при работа не е организиран четири до пет години. Пазарот на труд има сериозен дефицит од овие кадри, нагласи Чалоска. Според неа, новата стратегија за безбедност и здравје при работа мора да се донесе час поскоро, заедно со акцискиот план, и дека Владата е клучен инструмент за реализација на визијата за побезбедни работни места. Советникот во Делегацијата на ЕУ во земјава, Александру Албу, потенцираше дека проектот е чекор кон усогласување со европските стандарди. - Безбедни услови за работа се не само законска обврска, туку и европска вредност. Инвестициите во здравјето на работниците водат кон продуктивност, мотивација и конкурентност, нагласи Албу. Директорксата на DWT/CO Клер Харсти Преку видео порака истакна дека успехот на економијата зависи од вреднувањето на здравјето на луѓето и дека овој проект ги обединува сите, односно Владата, синдикатите и работодавачите во создавање безбедни и продуктивни работни места. Регионалната координаторка на ОН Рита Колумбија, пак го поврза проектот со глобалните цели и нагласи дека безбедноста при работа е предуслов за достоинствен труд и социјална правда и дека Македонија прави важен чекор кон реализација на меѓународните стандарди. Директорот на Државниот инспекторат за труд Гани Маскути информираше дека за разлика од минатат година кога имало 13 жртви кои настрадале при работа, оваа година до септември имало шест работници кои го загинале при извршување на своите работни задачи. Проектот предвидува изработка на Национална стратегија за БЗР 2026–2030, усогласување со МОТ и ЕУ стандарди, модернизација и дигитализација на инспекцискиот систем, Национален ИТ-систем за повреди и заболувања, поддршка за социјалните партнери и кампањи и интеграција на БЗР во образованието.Тагови: работници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Магазин Тајни од врвните експерти за просторот да зрачи со чист луксуз!Со вистински насоки, секој дом може да зрачи со елеганција и хармонија.Домовите на дизајнерите за ентериер често делуваат посмирено, пофункционално и поскладно од просечните домови. Не затоа што располагаат со неограничен буџет, туку зашто избегнуваат грешки кои секојдневно ги гледаат кај своите клиенти. Нивните одлуки не се импулсивни, зад секој избор постои логика, искуство и јасна намера. Еве кои навики свесно ги прескокнуваат, а кои може да ги примените во својот дом, било да станува збор за нова градба или стара градска зграда. Не почнуваат од боите на ѕидовите Една од почетните грешки е бојата на ѕидовите да се избере на самиот почеток. Дизајнерите речиси никогаш не прават така зашто нијанси има безброј, па полесно е да се прилагоди бојата на ѕидот на мебелот и текстурата отколку обратно. Наместо да го затворат просторот со погрешна нијанса на сина или сива, прво избираат тепих, завеса, софа, постелнина и трпезариска маса. Дури потоа, кога сите елементи ќе легнат на свое место, бараат тон што ќе ги поврзе во целина. За бојата размислуваат и преку атмосферата на просторот. Посветли, поенергични нијанси оставаат за дневните простори, додека потопли и посмирени тонови се резервирани за спалните. Во помалите станови, какви што има многу во големите градови, темни ѕидови на сите страни лесно може да го „изедат“ просторот, додека внимателно избрани светли нијанси го отвораат просторот и му даваат леснотија. Не купуваат големи парчиња поради трендот Професионалците во сопствениот дом ретко инвестираат во софа само затоа што е популарна на социјалните мрежи. Поголемите и скапи парчиња, како софа, шкаф, или трпезариска маса, ги избираат во неутрални бои и форми што траат. Трендовите ги следат преку деталите: перници, ламби, вазни, ќебиња или постелнина. Така просторот може да го освежат без големи трошоци и без чувство дека наскоро мора да го менуваат целиот ентериер. Не го претрпуваат просторот Уште една работа што дизајнерите ја избегнуваат е нередот, премногу мебел и декорации. Дури и најубавото парче мебел ја губи вредноста ако нема „простор да дише“. Постојат два едноставни теста: дали можете да се движите без да се удирате со ќошевите од мебелот и дали просторот изгледа хаотично штом ќе влезете во него. Посебно се внимателни при комбинирање на примероците и темните тонови. Премногу принтови или темни површини во мал стан даваат чувство на тесен простор. Помали работи на видливи површини и внимателно избирање на боите често даваат подобар резултат од купот детали. Функцијата пред естетиката Кога избираат мебел за себе, дизајнерите прво се прашуваат кој ќе го користи и на кој начин. Дури потоа доаѓа естетиката. Кај софите, на пример, поважна е удобноста, наслонот за грбот и издржливоста на материјалите, отколку самата боја. Ако во домот има деца или домашни миленици, лесното одржување е пресуден фактор при изборот на мебел. Во малите станови, каде секој квадрат е драгоцен, секое парче мора да има цел. Убав и неупотреблив мебел само зазема простор и создава фрустрација. Не избираат само една ламба Осветлувањето за дизајнерите е клучно за атмосфера. Едно светло на плафонот речиси никогаш не е доволно. Наместо тоа, комбинираат повеќе извори на светлина, лустер или ламба на плафонот со подни, столни ламби, ѕидни светилки и дискретни ЛЕД ленти. Осветлувањето му дава карактер на просторот. Интересен лустер во кујната или елегантна висечка лампа под креветот може целосно да го промени впечатокот, дури и кога останатиот мебел е едноставен. Не го уредуваат домот за да биде „виден“ Најважна лекција: Дизајнерите не го уредуваат својот дом за да ги исполнат туѓите очекувања. Иако ги знаат правилата, дома често свесно ги кршат. Наместо да се прашуваат што е исправно во моментот, тие размислуваат што навистина им годи. Ако тоа вклучува повеќе билки од вообичаено, полици со книги во куната или столица која не се вклопува совршено, но е најудобна, така и ќе биде. Во становите во кои се мешаат наследени парчиња, нов мебел и пристапни набавки од големите синџири, токму тој опуштен пристап често дава најдобри резултати. Можеби таквиот простор не е совршен за социјалните мрежи, но е совршен за секојдневниот живот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Живот Од ходникот се гледа каква среќа има во домот: Овие 5 работи носат беда и малерСреќата во домот се гледа на влезот. Погледнете што не треба да чувате во ходникот.Според народните верувања, ходникот не е само место каде ги оставаме јакните, чевлите и клучевите, туку место каде почнува атмосферата во домот, а некои предмети може да донесат застој, малер и немир. Што открива ходникот за домот? Според народната традиција, оштетено огледало се поврзувало со немир и нарушена хармонија меѓу домашните. Затоа се советува таквото огледало веднаш да се отстрани и да се замени доколку забележите пукнатина. Истото важи и за застанат часовник. Ако батеријата не работи, а сказалките стојат во исто место, таквиот предмет во домот симболизира застој. Работата не оди како што треба, плановите се одложуваат, а работите никако да тргнат на подобро. Во ходникот нема место ни за свенато цвеќе, зашто според народните верувања тоа симболизира нешто што поминало и во што повеќе нема живот. Без оглед на верувањата, овие работи прават ходникот да изгледа запуштено. Скршените работи во ходникот привлекуваат лоша енергија. Чадор со скршена жица, лабава закачалка за облека, чевли со одлепени ѓонови, или кој било друг предмет кој чека да биде „поправен“, сето тоа спаѓа во категоријата што често се спомнува во народните верувања поврзани за домот. Според овие верувања оштетените предмети симболизираат нешто скршено или недовршено, затоа не се препорачува нивно чување во простории низ кои секојдневно поминувате. Практичното правило е едноставно, ако нешто со месеци чека за поправка, одлучете кога ќе го поправите или изнесете го од домот. Огледало поставено спроти врата се смета за лош знак. Во традицијата на фенг шуи, често се вели дека огледалото свртено кон влезната врата ја враќа енергијата назад низ вратата, па се препорачува тоа да стои на бочниот ѕид, а не наспроти влезната врата. Во помалите станови тоа не може секогаш лесно да се изведе, но ако постои можност доволно е огледалото да се помести на страна. Така просторот ќе изгледа попростран. Без оглед дали верувате во народните верувања или на нив гледате како на интересен дел од традицијата, едно е сигурно: уредниот ходник ослободен од непотребни работи го прави домот попријатен и попривлечен.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БизарноСлушнале необични звуци под надгробен споменик, па почнала полициска акција- никој не очекувал што ќе откријат (ВИДЕО) Мачка која три дена била заробена во гроб на гробиштата Фирлеј во полскиот град Радом била спасена по повеќедневна операција во која биле вклучени членови на градската гарда и општинските служби.Инцидентот се случил на 1 ноември, кога лице кое ги посетило гробиштата слушнало гласно мјаукање што доаѓало од под надгробен споменик, објавува порталот „Ехо Дња“. Поставена е стапица во кафез Сведокот веднаш ги известил надлежните органи, по што на местото на настанот пристигнале полицијата, вработените во гробиштата, претставници на организациите за заштита на животните и членовите на градската гарда. Сопствениците на гробот дале согласност тој да се отвори за да се спаси животното. Сепак, мачката се скрила во тешко достапен дел од гробот, па првиот обид бил неуспешен. Операцијата следниот ден исто така не дала резултати, бидејќи животното повторно избегало во подлабокиот дел од гробот. Затоа, спасувачите одлучиле да остават стапица во кафез со храна за да ја привлечат мачката. Стратегијата се покажала како успешна и на 3 ноември, мачката се појавила од своето скривалиште и конечно била извлечена од гробот. Благодарност до учесниците во операцијата Заменик-командантот на градската гарда на Радом, Грегорж Самбор, изјави дека животното, и покрај тоа што било заробено и гладно три дена, било во многу добра состојба. Мачката ќе биде прегледана во локална ветеринарна клиника, по што ќе биде префрлена во засолниште за животни, каде што ќе ѝ се најде нов дом. Самбор им се заблагодари на сите што учествуваа во операцијата и нагласи дека трпението и оставањето на животното на мира биле клучни за успешно завршување на спасувањето.Тагови: надгробен споменик Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook