1Четири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника
КултураШест претстави во конкуренција на 16. Фестивал на античка драма „Стоби“ На сцената во Велешкиот театар од 13-ти до 21 октомври ќе се одржува 16. Фестивал на античка драма „Стоби“ кој го организира Здружението на граѓани ФАД „Стоби“ под покровителство на Општина Велес.Ќе бидат изведени осум претстави од кои шест, од Србија, Бугарија, Казахстан и Македонија, се во конкуренција за наградите. Фестивалот во петок во 20 часот ќе почне со претставата „Перикле“ на театарот од Шабац, Србија. Наредните денови публиката ќе може да ги види претставите: „Едип Тиранин“ на театарот „Стефан Киров“ од Бугарија; „Ништо без Трифолио“ на Народниот театар од Прилеп; „Шумата на моето дрво“ - проект на „Северно од Импакт“ и Народен театар Велес; „Медеја“ на Казачкиот театар на провинцијата Атирау од Казахстан и претставата „Филоктет/Медеја“ на Народниот театар на Западен Казахстан од Казахстан, која е направена специјално за овој фестивал. Вон конкуренција на 17 октомври ќе биде изведена претставата „Животот е магичен круг“ на студентите од Универзитетот ЕСРА од Скопје, а на затворањето на 21 октомври Театар Комедија ќе ја изведе претставата „Стјуардеси“. И годинава претставите ќе се натпреваруваат за една од наградите на фестивалот - Гран-при за најдобра претстава, за најдобра режија и за најдобри машка и женска улога. Ќе ги оценува жири во состав: Ивана Јарчевска, театролог; Деан Дамјановски, режисер; и Кети Борисовска, актер. Веќе трета година Фестивалот на античка драма „Стоби“ се одржува во затворен простор, во зградата на театарот во Велес, поради реновирањето на античкиот амфитетар во археолошкипот локалитет Стоби. Претседателот на Здружението ФАД „Стоби“ Зоран Љутков на прес-конференција денеска најави дека идното лето фестивалот ќе биде вратен во локалитетот Стоби, каде што се одржуваше од 2001 до 2013 година. - Бевме принудени три години да бидеме на нова привремена локација. Во разговорите со раководството со НУ „Стоби“ дојдовме до заклучок и време е фестивалот да се врати на отворено. Бидејќи голем дел од работите се готови, очекуваме да завршат до крајот на јуни идната година. Најдовме и нови локации во археолошкиот локалитет Стоби каде, исто така, ќе може да се играат претстави во рамки на фестивалот на античка драма „Стоби“, рече Љутков. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПет кандидати за нов шеф на ОЈО ГОКК — во трката влезе и Трајче Пеливанов Петмина кандидати влегуваат во трката за избор на нов шеф на обвинителството за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК), потврди за Канал 5 првиот човек на Советот на јавни обвинители Башким Бесими. Рокот за лично доставување на кандидатури заврши во саботата, а во последен час конкурирал Трајче Пеливанов, поранешниот обвинител на СЈО, кој пак сега е дел вишото скопско обвинителство. Иако рокот за пријавување официјално е истечен, Бесими објаснува дека во наредните денови ќе се разгледува и дали има кандидатури испратени по пошта, пред кандидатите понатаму да ја претстават својата програма пред членовите на советот. Според поранешната претседателка на антикорупционерите Слаѓана Тасева, новиот прв човек на ОЈО ГОКК треба да биде неутрален и непристрасно да делува при спроведувањето на правдата. –Тука треба да биде назначен некој што е многу подготвен да работи првин во оваа сфера – да работи во сферата на организираниот криминал и во сферата на борба против корупцијата затоа што овие две форми на криминал стануваат секој ден се пософистицирани. И мора да биде неутрален и мора да постапува независно, затоа што независноста на јавниот обвинител всушност понатаму е витална за независноста на судот и тој мора да ги почитува правата на сите странки во постапката, вклучително и правата на лицата кои се осомничени.- Слаѓана Тасева, универзитетски професор и поранешна претседателка на ДКСК Покрај Пеливанов, на огласот од претходно се пријави и неговиот колега од вишото обвинителство Јован Цветановски, познат во јавноста по тоа што одново ја отвори истрагата за злоупотребите при набавка на мазут, а за кого има и обвинение за злоупотреба на службената положба. За оваа позиција ќе се борат уште и обвинителката Искра Хаџивасилева, која го води случајот против судијата Ѓоко Ристов, обвинителката Лидија Раичевиќ, која претходно беше и кандидат за државен јавен обвинител, како и обвинителот Фатон Азизи, кој го води случајот на обвинителството во предметот „Адитив“. Мандатот пак на актуелниот шеф на ОЈО ГОКК, Ислам Абази истекува на 8 ноември, а тој веќе соопшти дека нема да се рекандидира. Изборот на новиот раководител на ОЈО ГОКК е предвидено да се одржи на 28 октомври, кога членовите на советот на јавни обвинители ќе гласаат за наследник на Абази. Според актуелниот закон, првиот човек на ова обвинителство има мандат од четири години со право на уште еден избор. Од друга страна пак, во собраниска процедура се наоѓаат и измените со кои се предлага мандатот на шефот на ОЈО ГОКК да трае шест години, без право на реизбор. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЧетири дена без нов случај на западнонилска треска, осум пациенти остануваат на Инфективната клиника70 годишниот починат маж од компликации од нилската треска е осмата жртва на вирусот. Тој по потекло е од Драчево, една од мапираните места со нилска треска во Скопје. На 25 август бил примен во инфективната клиника во исклучително тешка состобја и бил на интезивно лекување, потврди директорот на клиниката доктор Фадил Цана. Починатиот имал и други хронични заболување кои биле дополнителн товар во лекувањето. Во моментот на клиниката се лекуваат осум луѓе, двајца од нив се во тешка состојба. Сите се мажи од Скопје, а има еден пациент и од Свети Николе на возраст над 60 години. Во претходните четири дена нема нови хоспитализации на клиниката со вируост на нилска треска. Во среда ќе се врши прскање против ларви од комарци прскањето ќе биде на водни површини, информираат од Град Скопје. Тие се апел до пчеларите де ги заштитат пчелите. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12
МакедонијаСиљановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имамеПред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа.Пред 35 години се создаде држава, но градењето на нејзината функционалност е се уште незавршена работа – учесници во креирањето на независната македонска држава, меѓу кои поранешни функционери и јавни личности на панел-дискусија ги споделија своите искуства, откривајќи и нови моменти од закулисјето на настаните кои довеле до прогласувањето независност. Денешната претседателка а тогашен член на Уставната комисија – Гордана Сиљановска Давкова како и вториот министер за правда – Туше Гошев посочија дека владеење на правото останува предизвик за државава. -Таа не се гради само со демократските избори и конституирањето на институциите, туку со градење функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и слободи, и се разбира со почитување на највисоките стандарди не само на домашното туку и на меѓународното право.- Гордана Сиљановска Давкова – претседателка на Македонија -Можам слободно да кажам дека со воведувањето на пропорционалниот модел на избор на пратеници во Собранието, мислам дека се стави мораториум на еден дел од Уставот на Република Македонија. // Во конкретниот случај имаме украден суверенитет од политички партии, политичките партии го зимаат суверенитетот од граѓаните. - Туше Гошев – поранешен министер за правда Во првите мандати се пропуштија неколку шанси за создавање на попријатен амбиент за сите граѓани во земјата – смета еден од првите луѓе на тогашната Партија за демократски просперитет на етничките албанци во земјава - Насер Зибери. -Мислам дека релацијата права – лојалност е секогаш битна за стабилност и просперитет во една земја, мислам дека во тој период имаше недостаток и на едниот елемент и на другиот. - Насер Зибери – член на поранешната партија за Демократски просперитет Пратеникот од првиот Собраниски состав – Петар Гошев тврди дека во договорот со Бугарија е направена иста грешка како и во пресудниот Конгрес на Сојузот на Комунистите на Југославија, кога до крај не се определиле виталните интереси на републиките. -Тоа е истото кога во член 12 од Договорот со Бугарија е договорено дека ние имаме заедничка историја. Фино! А што е заедничка историја? Не е договорено. Епа сега тоа ќе се расплетува, отплетува до не знам кога.- Петар Гошев , пратеник од првиот собраниски мандат Според поранешниот министер за надворешни работи – Благој Ханџиски, уште на првите седници на Собранието како што вели, веќе знаел дека меѓународното признавање, прашањето за името и односите со соседите на Македонија ќе останат долгорочни проблеми за решавање. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вести26-годишник убиен во скопски Чаир – двајца напаѓачи пукале од моторцикл и побегнале15:00Убиено е 26 годишно момче во Чаир: Двајца дошле со мотоцикл, пукале кон петмина и побегнале11:00Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12Возачот на Јанушев побарал 1.500 евра за да вработи пожарникар во Скопје, ОЈО бара притвор11:34
Денеска продолжува судскиот процес за злоупотребите во Државна лотарија, во кој еден од обвинетите е Артан Груби09:18
Приведен е возачот на генералниот секретар на Владата, примил мито од 500 обележани евра за да вработи пожарникар15:12