Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие - Канал 5

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

На 12.07.2026 во 02:45 часот во село во кавадаречко, полициски службеници од ОВР Кавадарци ја лишија од слобода М.К.(37) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека во домот физички ја нападнала нејзината 57-годишна мајка и ѝ се заканувала.

Шест лица лишени од слобода, вкупно девет пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие

По преземени мерки било констатирано дека М.К. била под дејство на алкохол, односно ѝ биле измерени 1,02 промили алкохол во крвта. Таа била задржана во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 09:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ќ.Б. (71) од Куманово, затоа што физички ја нападнал неговата 50-годишна сопруга. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 11.07.2026 во 17:35 часот во Полициско одделение Ранковце било пријавено дека Д.Т. од село во општина Ранковце физички ја нападнал неговата мајка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 во 21:27 часот, во ОВР Дебар лишен од слобода е Ф.А.(58) од Дебар кој претходно, во семејниот дом бил агресивен кон неговата мајка. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 12.07.2026 во 01:45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода М.С.(30) од Штип по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 24-годишна партнерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.07.2026 во 00:05 часот во Пехчево, полициски службеници од ОВР Берово го лишија од слобода И.К.(50) од Пехчево по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 46-годишна сопруга и и упатувал закани. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 14:40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(42) од Скопје, по претходна пријава дека упатувал закани кон неговиот 63-годишен чичко и неговото семејство. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.07.2026 во 09:30 часот во СВР Скопје 40-годишен маж пријави дека во домот на подрачјето на општина Аеродром неговата сопруга Н.Ѓ.(42) фрлила кон него остар предмет и му нанела расекотина во пределот на раката. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.07.2026 околу 10:30 часот во СВР Скопје 33-годишна жена пријави дека ул.„Јадранска Магистрала“ додека се движеле со возило била физички нападната од нејзиниот партнер А.Р. од Косово. Исто така и А.Р. пријави дека бил физички нападнат од неговата партнерка Н.С.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 29.10.2026 во 20:15 часот во Велес, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес го лишија од слобода С.С.(49) од Велес. 

Претрес во Велес, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При преглед на патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал, била пронајдена и одземена бела грутчеста материја.

Подоцна, со наредба од Основен суд Велес, бил извршен претрес во неговиот дом, каде што биле пронајдени и одземени бела грутчеста и прашкаста материја, дигитални ваги, пари и други предмети.

С.С. бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Градоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во Кавадарци

Година на големи инвестиции и развој.

Градоначалникот Јанчев презентираше отчет за сработеното во Кавадарци

Градоначалникот Митко Јанчев презетираше отчет за сработеното во Општина Кавадарци.

-Една година работа, големи чекори за Кавадарци. Во изминатата година Кавадарци продолжи да се развива со силно темпо, преку реализација на капитални проекти кои создаваат подобри услови за живот, современа инфраструктура и нови можности за сите наши сограѓани, изјави Јанчев.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Јанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во Јегуновце

Поминаа пет години, градоначалникот на ВМРО-ОКГ Димитар Костадиноски не ги исполни ветувањата пред граѓаните.

Јанчевски: Пет годинин локална власт на ВМРО и Костадиновски - нула резултати во Јегуновце

Вети противпожарно возило кое што е изгласано од советот, за потоа да го поништи тендерот , не е реализирано ова ветување.

Пат кој што е асфалтиран во времето кога СДСМ беше локалната власт, во 2020 година и беше без поголеми оштетувања ,сега е изваден асфалтот и пак ќе го асфалтира.

На ОЈП Јегуновце кое што е загубар, секој месец му се префрлаат пари, од 300 до 400 000 денари.

Но затоа спроведува партизација, во планот за систематизација се предвидени нови работни места.

Ја затвори единствената библиотека во Општината, зградата на библиотеката ја пренамени во училиште , без притоа да има минимални услови за настава.

Во неколку квадрати се направени 2-3 училници , нема простор ниту услови за настава.

Учениците од 1ви септември се носеа со комбиња во с.Враттница, по 20-25 ученика во едно комбе.

Во спортската сала, која е во импровизирани училници, нема ниту минимални услови за учење.

Но затоа удри по џебот на народот.

Зголемен е надоместокот за градба на семејни стамбени и деловни згради,линиски и инфраструктурни објекти.

Зголемен е паушалот за собирање на отпадот за 25%.

Го зголеми данокот на имот 2 до 3 пати.

А Јегнувце нема пари. Па каде завршуваат овие пари?

После две години локална власт на ВМРО и Костадиновски граѓаните гледаат неспосодбност, неисполенти ветувања и удар по стандардот на народот.

YouTube video

Стефан Јанчевски, претседател на Општинската организација СДСМ, Јегуновце

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер