Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
1Стадион од 12 милијарди долари со капацитет од 115.000 луѓе- дали на него ќе се одржи Светското првенство 2030.?
ТехнологијаШест интернет компании станаа „дигитални чувари“ на ЕУ Европската комисија денеска согласно Законот за дигитални пазари (ДМА) ги именува компаниите „Епл“, „Амазон“, „Алфабет“, „Мета“, „БајтДенс“ и „Мајкрософт“ за т.н. „дигитални чувари“.Компаниите имаат обврска да обезбедат поврзаност помеѓу бизнисите и потрошувачите преку онлајн услуги. Согласно оваа одлука, шесте компании имаат рок од шест месеци, до март 2024 година, целосно да се усогласат со одредбите на ДМА за да се спречи да ја злоупотребуваат својата пазарна моќ, да не наметнуваат нефер услови за бизнисите и крајните корисници и да обезбедат отвореност до важните дигитални услуги. Со денешната одлука како портали за „услуги на основна платформа“ во сферата на „социјални мрежи“ се определени „Фејсбук“ и „Инстаграм“ на „Мета“, „ТикТок“ на „БајтДенс“ и „Линкедин“ на „Мајкрософт“, во делот на „услуги за размена на пораки“ – „Ватсап“ и „Месинџер“ на „Мета“, за „споделување видео содржини“ – „Јутјуб“ на „Алфабет“, во „посредување“ –„Гугл Плај“, „Гугл Мапс“ и „Гугл Шопниг“ на „Алфабет“, „Епл Стор“, „Амазон Маркетплејс“ и „Мета Маркетплејс“, кај „реклами“ – „Гугл“ на „Алфабет“, „Амазон“ и „Мета“, кај „прелистувачи“ – „Сафари“ на „Епл“ и „Хром“ на „Алфабет“, кај „оперативни системи“ – ИОС на „Епл“, „Гугл Андроид“ на „Алфабет“ и „Винодус Пи-Си Оу-Ес“ на „Мајкрософт“ и кај „пребарувачи“ – „Гугл Срч“ на „Алфабет“. Во однос на „Џимејл“ на „Гугл“, „Аутлук“ на „Мајкрософт“ и „Самсунг Интернет Броузер“, Еврокомосијата реши дека не се квалификувани за „дигитални чувари“ иако ги исполнуваат условите од ДМА, но „Алфабет“, „Мајкросфт“ и „Самсунг“ дале „доволно оправдани аргументи“ дека овие услуги не се адекватни како портали за соодветни услуги на основна платформа. За да бидат „дигитални чувари“ платформите треба да имаат најмалку 45 милиони активни месечни корисници од земјите членки на ЕУ и промет од најмалку 7,5 милијарди евра во последните три финансиски години или пазарна капитализација од 75 милијарди евра. Тие, исто така, треба да обезбедат можност на бизнисите да стигнат до крајните корисници, да имаат „значително влијание“ врз деловниот сектор на ЕУ и „вкоренета и одржлива позиција“ на нивните пазари. Дополнително, Европската комисија реши да започне истраги за да ги процени тврдењата дека услугата „АјМесиџ“ на „Епл“ и за „Бинг“, „Еџ“ и „Адвертајсинг“ на „Мајкрософт“ не ги исполнуваат предвидените услови. Рокот за спроведување на истрагите е пет месеци. Исто така, отворена е и истрага за понатамошна проценка дали „АјПадОС“ на „Епл“ треба да биде „дигитален чувар“, иако не ги исполнува критериумите. Рокот за оваа истрага е 12 месеци. Според Законот за дигитални пазари, Еврокомисијата има овластување како „дигитални чувари“ да назначи и компании што не ги исполнуваат пропишаните критериуми со цел да спречи создавање на „тесни грла“ во дигиталниот сектор, но исто така и да спроведе пазарни истраги за тоа дали се почитуваат одредбите. Еврокомисијата посочува дека ќе го следи ефективно спроведувањето и усогласувањето со предвидените обврски и ако се утврди дека некоја од избраните платформи не ги почитува правилата, може да им изрече казна до 10 отсто од вкупниот промет во глобални рамки. Ако се утврди повторување на прекршоците, казната може да достигне и до 20 проценти од вкупниот промет, а доколку се констатираат систематски прекршоци можни се изрекување и други правни лекови, како забрана за вршење услуги или целосна или делумна продажба на платформата. Целта на Законот за дигитални пазари, кој стапи во сила од ноември 2022 година, а почна да се применува од мај 2023 година, е да обезбеди фер пазарни услови во дигиталниот сектор. /МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаСоветот на јавните обвинители ќе формира комисии за избор на нов шеф на ОЈО ГОККДенеска Советот на јавните обвинители треба да одржи седница на која ќе бидат формирани комисии поврзани со постапката за избор на нов обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција .На огласот за избор на нов раководител досега се пријавени петмина јавни обвинители, кандидатури поднеле вишиот јавен обвинител Јове Цветановски, обвинителот во вишото јавно обвинителство и поранешен обвинител во СЈО Трајче Пеливанов, обвинителката од ОЈО Скопје Лидија Раичевиќ, како и обвинителите од Обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Искра Хаџи-Василева и Фатон Азизи. Право на кандидатура имаат јавни обвинители со најмалку шест години непрекинат стаж во обвинителската функција до моментот на пријавувањето и со позитивна оценка во последните три години. Изборот на нов јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција е закажан за 28 октомври 2026 година. Постапката се спроведува поради истекување на мандатот на, Ислам Абази, кој на функцијата беше избран во октомври 2022 година.Тагови: ОЈО ГОКК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОпозициските пратеници ќе им поставуваат прашања на премиерот и на министритеДенеска на дневен ред во собранието се пратенички прашања .Парламентот ќе ја одржи 122. пленарна седница. Најнапред пратениците од опозицијата два часа ќе поставуваат прашања до министрите и премиерот а на дневен ред се и неколку закони: По скратена постапка се предлага да се носат измени на законот за застапување на Македонија пред Европскиот суд за човекови права, измени на законот за комуналните дејности, на законот за градење, на законот за превоз во патниот сообраќај, на законот за санитарната и здравствената инспекција и другиТагови: пратеници Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаВрховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски, предметот го врати на повторно постапувањеВрховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Врховниот суд соопшти дека ги укина пресудите на Основниот кривичен суд Скопје и Апелацискиот суд Скопје во предметот против поранешниот градоначлник на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, и случајот го врати на повторно постапување и одлучување пред првостепениот суд. Врховниот суд на вчерашната седница го уважи барањето на Јакимовски за вонредно преиспитување на правосилната пресуда, кое било поднесено преку неговиот бранител. Кривичен го осуди Јакимовски за две дела – бесправно градење и злоупотреба на службената положба. За бесправната изградба на општинскиот објект судот му изрече казна затвор од една година, а за злоупотреба на службената положба и овластување затворска казна од три години. Тогаш Јакимовски рече дека пресудата е донесена без докази и дека е политички мотивирана. Со најновата одлука, Врховниот суд ги укинува првостепената пресуда од 2025 година и пресудата на Апелацискиот суд од 2026 година и предметот го враќа на повторно постапување пред првостепениот суд.Тагови: Стевчо Јакимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook