Шест години од потпишувањето на Договорот од Преспа

6 години од Преспанскиот договор.

На 17 јуни 2018 година, во малото село Нивици на брегот на Преспанското Езеро од грчка страна, Македонија и Грција го потпишаа договорот од Преспа со кој се затвори долгогодишниот спор меѓу двете земји, Република Македонија го смени името во Република Северна Македонија . По склучувањето на договорот земјата стана 30-та членка на НАТО, а делумно се отвори патот за членство во Европската Унија.

Договорот беше постигнат во период кога кај јужниот сосед на власт беше Сириза, кај нас СДСМ, а го потпишаа тогашните министри за надворешни работи Никола Димитров и Никос Коѕијас, а во присуство на тогашните премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас, посредникот во преговорите Метју Нимиц, поранешниот еврокомесар за проширување Јоханес Хан, поранешната висока претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност федерика могерини и други високи меѓународни претставници, како и претставници на двете земји. По повод шест годишнината од потпишувањето на договорот Заев и Ципрас, преку „фондацијата Заев“ и „институтот Алексис Ципрас“ денеска и утре во Атина организираат дводневна меѓународна конференција за мир и одржлив развој, на која воедно ќе му биде доделена и награда на медијаторот во разговорите за името метју нимиц, пренесува МИА.

Eкипа на Итна медицинска помош и пациент се заглавиле во лифт во Кисела Вода

Екипа на Итната медицинска помош од Скопје заедно со пациент е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда на улица „Христо Татарчев“ бр.47 во скопската населба Кисела Вода, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Како што велат, за ова добиле пријава на телефонот 112 во 11:22 часот.

-Од страна на ЦУК итно се известени Бригадата за противпожарна заштита Скопје и СВР Скопје, посочуваат од ЦУК.

Писмото за атомската бомба на Ајнштајн до Рузвелт оди на наддавање

Писмото на физичарот Алберт Ајнштајн во коешто го предупредува тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт дека нацистите во Германија користат нуклеарни истражувања за да создадат атомската бомба, ќе биде понудено на продажба.

Писмото на физичарот Алберт Ајнштајн во коешто го предупредува тогашниот американски претседател Френклин Рузвелт дека нацистите во Германија користат нуклеарни истражувања за да создадат атомската бомба, ќе биде понудено на продажба во аукциската куќа „Кристи'с“ во септември. Првичната цена е четири милиони долари.

Во писмото што Ајнштајн го напишал заедно со неговиот колега Лео Силард, се вели дека германската Нацистичка влада активно ги поддржува нуклеарните истражувања и дека може да произведе „екстремно моќни бомби“, како оние што ги користеа САД во Јапонија на крајот на Втората светска војна, објави „Гардијан“.

Тој ја повикува Американската влада да ги преземе истите чекори, а Рузвелт одговорил со формирање комитет од каде што произлезе „Проектот Менхетн“, предводен од Роберт Опенхајмер, којшто ги произведе бомбите фрлени на Хирошима и Нагасаки.

Милан сака да го позајми Лукаку од Челзи

 Милан е заинтересиран да го позајми напаѓачот на Челзи, Ромелу Лукаку, објави инсајдерот Џанлука Ди Марцио.

Претставници на „Росонерите“ биле во контакт со лондонскиот клуб и опкружувањето на 31-годишниот Белгиец.

Клубот од Милано се обидува да дознае под кои услови е можен трансферот.

Минатата сезона, Лукаку играше за Рома како позајмен, одигра 47 натпревари за Римјаните во сите натпреварувања, постигна 21 гол и направи четири асистенции.

Порталот Трансфермаркт ја проценува вредноста на напаѓачот на 30 милиони евра.

притисни ентер