Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месеци
2 Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месеци
3Пет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
2Алиу: Унапредувањето на органодарителството е еден од најуспешно финализираните процеси во здравството
МакедонијаШекеринска: Трајниот мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедностТрајниот мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност и глобалната стабилност .Обезбедувањето траен мир во Украина е од суштинско значење за европската безбедност и за глобалната стабилност, порача заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска на неформалната средба на министрите за одбрана на земјите членки на ЕУ во Варшава. Таа повика на зајакнување на поддршка за Украина сега, но и на подолг рок, потенцирајќи дека за да се обезбеди траен мир, земјата мора да остане силна. Таа при тоа, ги поздрави неодамнешните најави на сојузниците од НАТО за дополнителна помош за Украина, вклучувајќи и испорака на противвоздушна одбрана, оклопни возила, беспилотни летала и муниција. Шекеринска нагласи и дека НАТО помага долгорочно за зајакнување на Вооружените сили на Украина, како преку финансиска поддршка, така и преку Програмата за безбедносна помош и обука за Украина (НСАТУ) и новиот Центар за заеднички анализи, обука и едукација НАТО-Украина во Полска. Заменик генералната секретарка на НАТО ја поздрави соработката меѓу Алијансата и Европската Унија, како и неодамнешните иницијативи на ЕУ за одбраната, истакнувајќи дека разговорите за меѓусебната соработка ќе продолжат со високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас и состанок на министрите за надворешни работи на Пактот, што вчера и денеска се одржува во Брисел. Тагови: НАТО Радмила Шекеринска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаЦУК за последиците од невремето: Најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази БабаИнформација за последиците од невремето во Скопје.Поради невремето кое во попладневните часови го зафати подрачјето на Град Скопје, преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 се примени повеќе пријави од граѓани за поплавени подрумски простории, дворови на куќи, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила и други ризици и опасности предизвикани од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се општините Кисела Вода, Чаир, Бутел и Гази Баба. За сите пријавени случаи веднаш се известени Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје и Единиците на локалната самоуправа, кои постапуваат согласно своите надлежности. Во моментов заседава Кризниот штаб на Град Скопје, кој ги координира активностите на надлежните служби.Тагови: ЦУК Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Македонија Минчев за сработеното во првите две години: Платите ќе пораснат за 40 отсто, в.д. мандатите се кратат на 6 месециЈавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен.Оценувајќи ја двегодиншата работа на ресороното министерство, Министерот за јавна администрација Горан Минчев ги презентираше резултатите од реформскиот процес насочен кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. -Почитувани кога денес правиме осврт на изминатите две години , можеме да кажеме дека министерството за јавна администрација не е само инстотуција која подготвува законски решенија. Тоа е интитуција која отвори процеси кои со години стоеја во место. Институција која постави нови стандарди. Институција која покажа дека реформите се можни кога има јасна визија, политичка воља и посветена работа. Свесни сме дека ниту една реформа не завршшува со донесување на Закон. Вистинскиот успех се мери според тоа колку институциите ќе работат подобро, колку услугите ќе бидаа побрзи и покавалтитетни и колку граѓаните ќе имаат доверба во јавната администрација. Пред нас има уште многу работа, но денес можеме да кажеме дека поставивме цврсти темели. Темели на професионалност, темели на интегритет и темели на резултати. Нашата цел останува иста, да изградиме јавна администрација која нема да биде товар на граѓаните туку нивен вистнски сервис – изјави Минчев. Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година, велат од министерството. -Во партнерски дијалог со синдикатите успеавме да постигнеме историски договор преку колективните договои со кои обезбедивме континуиранито зголемуѕвање на платата на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. Нашиот лидер не кажа дека нема да биде министерстовото за земјоделство, шумарство и водостопанство во наши раце, туку дека преговорите се во тек и дека сите опции се на маса. И коректно е како еден политички субјект, а ние сме таков политички субјект, стабилен партнер во владата кој што не шпекулира и не брифира. А со самите брифинзи креира политички ситуациии или пак мислења дека ЗНАМ е незадоволен од распоредот на новите функции во владата – истакна Минчев. На прашање на Канал 5 дали ЗНАМ се задоволни од распределбата на ресорите по реконструкцијата во владата, Минчев одговори дека дека партијата добила повеќе обврски и одговорности во владата наспроти шпекулациите дека политичкиот субјект е незадоволен. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54
МакедонијаПет лица лишени од слобода, со едно извршен службен разговор, вкупно осум пријави за семејно насилство во последното деноноќиеНа 30.06.2026 во 21:30 часот во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода З.Д.(38) од Прилеп бидејќи упатувал закани кон неговиот татко. Според пријавеното, додека се заканувал, си нанел и повреда со стаклен предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.06.2026 во 20:10 часот во Тетово, полициски службеници го лишија од слобода Ф.А. (28) од Тетово, постапувајќи по претходна пријава дека во 19:25 часот, физички ги нападнал неговата снаа и неговиот брат. По целосно документирање на случајот, против Ф.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. На 01.07.2026 во 01:15 часот во СВР Скопје, 44-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 во семејниот дом на подрачјето на Карпош, била физички нападната од нејзиниот сопруг Ц.С.(45), додека на 30.06.2026 се обидел да ја избрка од домот. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 01.07.2026 околу 03:40 часот во СВР Скопје 22-годишна жена пријави дека на 30.06.2026 на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Н.М.(32). Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 19:00 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода М.Н.(68), по претходна пријава дека во домот упатил закани кон неговиот 40-годишен син и неговото семејство, при што со тврд предмет се обидел да го нападне неговиот малолетен внук. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок. На 30.06.2026 во 16:50 часот во Полициската станица Гази Баба полициски службеници од СВР Скопје извршија службен разговор со Ј.Ф.(27) од Скопје, по претходна пријава дека во домот физички го нападнал неговиот 62-годишен татко. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. На 30.06.2026 во 15:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода А.В.(59) од Струмица, постапувајќи по пријава дека во семејниот дом агресивно се однесувал кон неговата сопруга и кон мајката на сопругата. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. На 30.06.2026 во 19:30 часот во струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 22-годишен жител на тоа село, постапувајќи по претходна пријава дека околу 03:00 часот во село Банско физички нападнал 26-годишна девојка, со која бил во љубовна врска. Лицето е задржано во Полициската станица Струмица и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.Тагови: семејно насилство Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиВласта и опозицијата не се договорија за измените во Изборниот законик 15:00Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ ги презема социјала и здравство, министри ќе бидат Велковски и Клековски20:48Контурите на реконструираниот состав стокмени – кадровските решенија ќе бидат познати вечерва18:18
Мицкоски во општина Кисела Вода на увид во градежните активности на проектите од унгарскиот кредит11:10
Клековски го презема здравство, Велковски социјална политика, Перински ФЗОМ, Стоиљковиќ во локална самоуправа08:54