Шекеринска, Димковски и Бабовски се сретнаа со семејството Корчаревски

Изминатите две години континуирано работиме на создавање на услови за рентабилно земјоделско производство

Вицепремиерката и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски и директорот на Платежната агенција, Никола Бабовски денеска во рамки на посетата на битолското село Граешница, се сретнаа со семејството Корчаревски.

Министерот Димковски истакна дека еден од многуте корисници од мерките за ИПАРД 2 Програмата. Гани Корчаревски, е еден успешен пример за земјоделец. Посочи дека Корчаревски со помош на финансиските средства од ИПАРД 2 Програмата инвестира во производство во случајот за набавка на современа механизација, што ќе му го олесни производството и ќе му ги намали трошоците.

– Гани има аплицирано за Мерка 1 – инвестиции во основни средства на земјоделски стопанства за набавка на трактори и механизација за ѓубриво. Преку ИПАРД Програмата се одобрени за враќање 22.225 евра. Ова се успешни примери за земјоделци кои ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови, земјоделци кои инвестираат во модернизација на сопствено производство и знаат на крајот дека тоа ќе им биде исплатено, рече Димковски.

Потенцира дека можноста што ја нуди оваа програма за инвестиции за набавка на механизација ќе се придонесе за зголемување на ефикасноста на производство преку намалени трошоци во земјоделското производство и секако подобрување на земјоделскиот квалитет на самите производи.

– Изминатите две години континуирано работиме на создавање на услови за рентабилно земјоделско производство. Освен преку оваа мерка со кои ќе им овозможиме на земјоделците да ја обноват земјоделската механизација, се овозможува и намалување на производствени трошоци кои ќе ги постигнеме и со мерката за кофинансирање за набавка на горивото која до крајот на месецов се очекува да им биде ставена на располагање на самите земјоделци или, како што обично ја нарекуваме „зелена нафта", рече Димковски.

Паралелно, појасни, заедно со Платежната агенција интензивно работиме за олеснување на критериумите за мерката ИПАРД и нивно приближување до самите земјоделци.

Резултатите се видливи, посочи министерот и додаде дека ако порано за склучување договори се чекало по една година, сега првите договори од последните јавни повици се склучија за само два месеци по нивното објавување.

– За само две години Македонија стана позитивен пример во регионот во делот на искористеноста на ИПАРД-фондовите. Само за првиот јавен оглас за ИПАРД 2 објавен во 2017 година се склучени 947 договори, досега се исплатени 3,9 милиони евра. Огромен интерес земјоделците покажаа и за двете мерки од ИПАРД Програмата, што се објавија во вториот повик. Со ефикасната искористеност на овие средства агросекторот ќе се подготви за пристап во ЕУ со што ќе се обезбеди одржлив развој на руралната економија, отворање на нови работни места, што крајно ќе влијае врз развојот на вкупната економија, додаде Димковски.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер