Шеикот од Дубаи наредил хакирање на телефонот на поранешната сопруга, утврдил судот во Англија

Шеикот од Дубаи, Мохамед бин Рашид ал-Мактум, наредил да се хакираат телефоните на неговата поранешна сопруга и нејзините адвокати, како дел од „постојаната кампања на заплашување и закани“ за време на битка за старателство над нивните деца.

Мухамед користел софистициран софтвер „Пегасус“, развиен од израелската компанија НСО за борба против безбедносните ризици, за да ги хакира телефоните на принцезата Хеј бинт ал-Хусеин, полусестрата на кралот од Јордан, Абдула, и луѓето кои се тесно поврзани со неа, се вели во пресудата.

Покрај тоа, неговите вработени се обиделе да купат куќа покрај имотот на Хеј во близина на Лондон, што судот смета дека ја натерало да се чувствува прогонувана, несигурна и како „таа повеќе да не може да дише“.

Најновата пресуда доаѓа 19 месеци откако судот одлучил дека Мухамед ги киднапирал нивните две деца, се однесувал лошо кон нив и ги држел против нивната волја.

„Наодите претставуваат целосна злоупотреба на довербата и значителна злоупотреба на моќта“, рече во пресудата судијата Ендрју Мекфарлејн, претседател на Секторот за семејство на Судот во Англија и Велс.

Шеикот ги негирал обвинувањата за хакирање, а неговите адвокати рекле дека за тоа може да бидат обвинети и други земји на Блискиот Исток.

Мухамед (72) и Хаја (47) се вклучени во долга, жестока и скапа битка за старателство откако таа избегала во Британија со нивните две деца, Џалила (13) и Зајед (9). Таа рекла дека се плаши за нејзината безбедност под сомнение дека имала афера со еден од нејзините британски телохранители.

Меѓу оние што биле цел на хакерските напади е адвокатката на Хеј, Фиона Шеклтон, членка на Британскиот дом на лордовите, која го застапувала престолонаследникот принцот Чарлс во бракоразводната парница со неговата прва сопруга, принцезата Дијана.

Активноста излезе на виделина во август минатата година откако Чери Блер, сопругата на поранешниот британски премиер Тони Блер, итно ги известила адвокатите на Шеклтон дека таа и Хаја биле хакирани, се слушнало на судот.

Мухамед се смета за визионерска сила зад подемот на Дубаи во глобален комерцијален центар. Тој се обидел да го исполира угледот на градот во Заливот во однос на човековите права и еднаквост.

Нема индикации дека минатогодишната пресуда му нанела голема штета на него лично или на Обединетите Арапски Емирати. Минатиот месец, Британија и Емиратите објавија „ново, поамбициозно партнерство за иднината“, кое вклучува милијарди долари во трговија и инвестиции.

Ибрахимовиќ: Тешко ми беше да се откажам од фудбалот поради моето его

Поранешниот напаѓач Златан Ибрахимовиќ зборуваше за подкастот на „АБТалкс“ каде што разговараше за неговото пензионирање од фудбалот, неговото враќање во Милан како главен советник на сопственикот на клубот и за смртта на неговиот агент Мино Раиола.

-Добро сум, така ме третира животот. Секако, се повлеков од фудбалот пред повеќе од осум месеци, така што мојот живот сега е поинаков. Прифатив да се откажам од фудбалот, што беше тешка работа поради моето его и начинот на кој се доживував себеси. Мислам дека сум најдобар и сè уште сум таков. Можев да продолжам, но решив да престанам. Зошто? Сакам само добар живот за моето семејство. Сакав да правам работи со моите синови, а пред тоа не беше можно бидејќи имав проблеми со едното колено. Така го прифатив тоа и дојде момент кога си реков: „Во ред е, откажи се и отвори ново поглавје од твојот живот, вели популарниот Ибра.

Потоа, неколку месеци подоцна, го запознава Гери Кардинале, кој го надгледува фондот „РедБрд“ што го купи Милан.

-Ми даде понуда што не можев да ја одбијам. Така почнав да работам со Милан, откако бев во клубот три-четири месеци. Добро се однесуваат со мене таму, морам да признаам. Кога почина мојот агент Мино Раиола, тоа беше голем удар за мене. Многу плачев. Сè уште не е исчезнато чувството, бидејќи спомените постојано ми се враќаат. Скршен сум затоа што многу ми недостига. Секој што го познава знае колку бевме блиски. Да можам би му напишал: „Ми недостигаш“, сподели Ибрахимовиќ. /МИА

Почесна Златна палма за Мерил Стрип на Канскиот филмски фестивал

 Познатата американска актерка Мерил Стрип (74) ќе добие почесна Златна палма за време на церемонијата на отворањето на овогодишниот Меѓународен филмски фестивал во Кан на 14 мај, соопштија денеска организаторите.

Холивудската актерка со рекордни 21 номинација за престижниот Оскар само еднаш била на Канскиот фестивал. Тоа беше пред 35 години кога филмот „Плач во темнината“ во кој играше, доби една од наградите на Канскиот фестивал.

Мерил Стрип освои три Оскари за улогите во филмовите „Крамер против Крамер“ (1980), „Изборот на Софија“ (1983) и „Челичната дама“ во 2012 година.

Актерката се прослави во филмовите „Лов на елени“, „Жената на францускиот поручник“, „Мојата Африка“, „Мостовите на округот Медисон“, „Сомнеж“ и „Заљубување“.

Почесна Златна палма годинава ќе добијат креаторот на серијата „Војна на ѕвездите“, Џорџ Лукас и колективно Студио Гибли на јапонскиот режисер за анимација Хајао Мијазаки.

Канскиот фестивал ќе се одржи од 14 до 25 мај, а за Златната палма се натпреваруваат повеќе од 20 филмови, меѓу кои и новиот филм на Френсис Форд Копола „Мегалополис“. /МИА

ФА го суспендираше Тонали на два месеци

Сандро Тонали беше суспендиран од фудбалот на два месеци. Нему му пресуди Независната регулаторна комисија откако призна дека учествувал во забрането обложување.

Покрај тоа, тој е казнет со 20.000 фунти и предупреден за понатамошно однесување.

Суспензијата е таква што Тонали нема да може да се врати на терените до крајот на сезоната, до кога ќе истече десетмесечната казна што му ја изрече Италијанската фудбалска федерација на 27 октомври 2023 година.

Доколку не го повтори истиот прекршок до крајот на сезоната, нема да мора да ја одлежи оваа двомесечна суспензија.

Фудбалскиот сојуз и Регулаторната комисија оценија дека Тонали соработувал и признал се за што е обвинет „на исклучителен и досега неевидентиран начин“.

Тонали целосно ги признал сите свои прекршоци, а тоа го направил во ситуација кога доказите практично не постоеле.

Тој продолжува да оди на терапија и едукативни програми на кои е должен да присуствува со целосна поддршка од клубот и продолжува да тренира со екипата./МИА

притисни ентер