Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
1Ветеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на терен
ЗдравјеШефот на СЗО апелира до Трамп: „Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи“Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, упати апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита одлуката за повлекување на Соединетите Американски Држави од оваа клучна здравствена агенција.Шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус, упати апел до американскиот претседател Доналд Трамп да ја преиспита одлуката за повлекување на Соединетите Американски Држави од оваа клучна здравствена агенција на Обединетите нации. Драстичните кратења на финансирањето и најавеното заминување на САД веќе го потресуваат глобалното јавно здравство, кое и онака е силно погодено по пандемијата, пишува Политико. Соочен со губење на најголемиот финансиер, американскиот придонес во 2023 година изнесувал 640 милиони долари, генералниот директор на СЗО е принуден да собира средства од други извори и да спроведе најголемо намалување на бројот на вработени во историјата на организацијата. Тој предупредува дека повлекувањето од глобалната здравствена соработка по пандемијата „нема никаква смисла“ и оти наглите кратења на помошта веќе чинеле човечки животи. - Ако донаторите сфатат дека нивната помош не е милостина, туку инвестиција во нашата заедничка безбедност, ќе бидеме во подобра позиција, изјави Тедрос. Сепак, тој гледа и една позитивна страна во целата ситуација – нешто околу што, како што рече, можеби би се согласил дури и со Трамп: Американските кратења ги поттикнуваат земјите што зависеле од тоа финансирање да станат посамостојни. Тедрос, првиот африкански раководител во историјата на СЗО, ја води организацијата од 2017 година. Поради загубата на американското финансирање, годинава морал да ја реорганизира структурата и да отпушти околу 600 од вкупно 10.000 вработени. Во интервју детално ги опиша напорите да одговори на приговорите на Трамп за „преголемо политичко влијание“ и „претерано финансирање“ и објасни дека се обидува да соработува со американската администрација за повторно разгледување на одлуката за повлекување. - Солидарноста е клучна – ако не се поддржуваме, вирусите ќе имаат предност. Тоа не е милостина. Со вложување во глобалното здравство, земјите ги штитат сопствените граѓани, истакна Тедрос, додавајќи дека е важна и самостојноста – секоја држава мора да инвестира во сопствениот здравствен систем. - Ако земјите преземат одговорност, гледам подобра иднина, рече тој. „Ковид-19 уби повеќе луѓе отколку која било војна во поновата историја. Мораме да се заштитиме од заедничкиот непријател кој може да удри во секое време. Прашањето не е дали, туку кога.“ На прашањето дали кратењата во финансирањето имаат и позитивна страна бидејќи ги тераат земјите да станат самодостатни, Тедрос одговори: „Тоа е и добро и лошо. Лошо, затоа што луѓето умираат. Добро, затоа што долгорочно земјите се будат и велат: Во ред, морам да мобилизирам домашни ресурси и да ги покријам трошоците на здравствениот систем“. - Се разбира, има моментален ефект. Да имаше транзициски период, ќе се избегнеа последиците во вид на болести и смртни случаи, додаде тој. Тедрос откри дека се обидел да воспостави контакт со администрацијата на Трамп, и формално и неформално. - Се обидовме да воспоставиме контакт на двата начина, бидејќи неформалниот пристап често е поефикасен. Побаравме средби, но поради причини што не ни се соопштени, тоа сè уште не се случило. Не велам дека вратите се затворени, рече тој. Сепак, посочи дека има соработка со американскиот министер за здравство, Боби Кенеди. - Во контакт сме со министерот за здравство Боби Кенеди. Ни помогна во евакуацијата на децата од Газа. Претседателот ја поддржа таа иницијатива. Дел од децата пристигнаа во САД, а многумина беа пренесени во други земји, особено децата со рак. Сакам да му се заблагодарам на претседателот и за мировниот договор и за помошта при евакуацијата на децата со рак. Веќе помогнавме на повеќе од 300 деца, истакна шефот на СЗО. На изјавата на Кенеди дека СЗО треба „радикално да се реформира“, Тедрос рече дека не е сигурен што точно се мисли со тоа, но оти организацијата веќе се менува во насоката што САД ја посакуваат. - Не знаеме каква реформа сакаат, но САД велат дека другите земји треба да плаќаат повеќе, а тие помалку. Се согласуваме. СЗО сака товарот да се подели, објасни тој. - Финансиската реформа ја почнавме во 2017 година. Во 2022 година, земјите членки, вклучувајќи ги и САД, се согласија да ги зголемат своите придонеси за 50 проценти – најголемото зголемување досега. Тоа му помага на СЗО да спречи вакви шокови во иднина и да стане поавтономен. Ако тоа е целта на САД, тогаш ние токму тоа го правиме. Но, дали тоа е причина да се замине? Не, рече тој. Тедрос ги отфрли обвинувањата на администрацијата на Трамп дека СЗО е „преповрзана со Кина“ и дека помогнала во прикривање на потеклото на ковидот. - Тоа е целосно погрешно … Кина, всушност, не е задоволна од нашиот став за потеклото на ковидот, затоа што нашиот став е дека сите хипотези се на маса – вклучувајќи го преносот од животни на луѓе и можното протекување од лабораторија. Тој став е многу сличен на американскиот – заснован на наука и докази, истакна тој. - Но, кога луѓето не сакаат да ги видат фактите и се заинтересирани за ширење дезинформации и лаги – што можете да направите?, се праша шефот на СЗО. Тедрос на крајот изрази уверување дека другите земји нема да го следат примерот на САД и да ја напуштат Светската здравствена организација. – Не сум многу загрижен. Постојат добри причини за останување – дури и за САД, заклучи тој. Тагови: СЗО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
МакедонијаВетеринарите денеска на протест пред АХВ и Владата — бараат повеќе пари и итно продолжување на активностите на теренБела работна униформа и чизми оставија ветеринарите пред владата на мирниот протест како симбол дека ветеринарите ја напуштаат професијата која е исклучително значајна за целокупното здравје. Ветеринарите преку мирниот протест пред владата и пред Ахв порачаа дека е крајно време да се разговара за финансиките проблеми но и со проблемите со контролата на болеста на терен со кои се соочуваат. Едно од најургентните барања на средбата во Ахв им било ветено дека за неколку дена ќе се среди е тоа да се одболкира процесот на контрола на земените примероци на крв со кои се вршат контролите на болестите на стоката од цела земја Од барањата кои ги има упатено писмено до владата и до Ахв се и намалувањето на ддвто на ветериантните услуги што крајно ќе придонесе за помали давачки на сточарите како и зголемување на буџетот за ветеринарните ставки кој според нив за следната година е трикратно намален. Дека состојботе во ветрианраниот сектор се крајно лоши беше нотирано и во последниот извештај од европската комисија. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаДУИ обвинува за непочитување на законот за употреба на јазиците во ИЈЗДУИ обвинува за непочитување на Законот за употреба на јазиците во државните институции, посочувајќи го како последен пример Институтот за јавно здравје. Од партијата тврдат дека директорката Марија Андоновска наредила службената комуникација да се одвива исклучиво на македонски јазик, а раководителите на секторите добиле инструкции преку телефонски пораки да ги известат вработените дека двојазичните документи повеќе нема да се прифаќаат. Бараат Владата и инспекторатот за употреба на јазиците да утврдат одговорност за функционерите, кои според нив, се поставуваат над законот. -Со кое право директорка на државна институција си дозволува да прогласува за неважечки документи што го содржат албанскиот јазик? Кој ѝ дал надлежност да се поставува над законот. Затоа, денес директно ѝ се обраќаме на Владата на Македонија. Внимателно и темелно преиспитајте ги постапките на вашите функционери, кои се осмелуваат да се поставуваат над законот. Бараме конкретна одговорност за непочитувањето на Законот за употреба на јазиците, изјави Хоџа. Директорката на Институтот за јавно здравје, Андоновска, пак, категорично ги отфрла ваквите тврдења од ДУИ. Во изјава за Канал 5 ги оцени како лаги и политички притисоци. Децидна е дека во Институтот целосно се почитува Законот за јазици, а тоа според неа го потврдиле и од Инспекторатот за употреба на јазиците во контролата што ја извршиле во неодамна. -Апсолутно ги отфрлам тврдењата на ДУИ. Во институтот доследно се почитува Законот за јазици. Тоа не е само моја изјава, туку ние имавме и посета од страна на инспектори во изминатиов период од Инспекторатот за употреба на јазиците и тие не утврдија никакви неправилности туку напротив, потврдија дека во Институтот доследно се почитуваат јазиците. Ваквите искази од ДУИ имаат за цел некои други мотиви. ДУИ не можат да разберат дека нема повеќе „како и до сега“. Поминаа времињата кога се земаше плата и не се одеше на работа, изјави Андоновска. Според Андоновска не е првпат ДУИ да политизира нешто кадешто нема политика. Слични реакции од партијата на Ахмети имаше и во јуни кога реагираа поради промовирање натписи или содржини во институтот кои биле испишани само на македонски јазик. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаАД МЕПСО доделува 15 стипендии за студентите по електротехникаНа иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ од по 12.000 денари, наменети за поддршка на младите стручни кадри од областа на електротехниката. Одлуката официјално беше презентирана на денешната средба на која присуствуваа ректори, декани, професори и студенти од факултетите со кои АД МЕПСО има потпишано меморандуми за соработка. Со оваа програма ќе бидат опфатени по тројца студенти од пет соодветни факултети во земјава: Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, Техничкиот факултет во Битола, Универзитетот во Тетово, Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и Универзитетот „Мајка Тереза“. „Нашата цел не е само да им обезбедиме финансиска поддршка на студентите, туку да ги запознаеме најдобрите и најмотивираните млади луѓе со работата и можностите што ги нуди МЕПСО. Сакаме да го поддржиме нивниот професионален развој и да создадеме услови тие утре да бидат дел од нашиот колектив“, истакна генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи. Иницијативата на министерката Божиновска е директно надоврзување на позитивните искуства на Министерството со програмите за практикантска работа и вработување на млади инженерски кадри. „Верувам дека иднината на македонската енергетика зависи од можностите што денес им ги даваме на младите. Сакам студентите уште за време на студиите да видат како знаењето од факултет се применува во пракса, да учат од луѓе со искуство и да добијат можност да работат на вистински проекти. Затоа ми е важно универзитетите и компаниите да соработуваат. Сакам младите да ја видат својата професионална иднина тука, во својата земја, и да знаат дека имаат место во развојот на македонската енергетика“, истакна министерката Божиновска. Министерството за енергетика останува цврсто посветено на градењето долгорочни мостови меѓу образованието и енергетскиот сектор. Вложувањето во знаењето на младите инженери е наш врвен приоритет за обезбедување енергетска независност, одржлив развој и задржување на најдобрите кадри во нашата земја. Продолжуваме со креирање политики и иницијативи што ќе отвораат нови можности за стручно усовршување и професионална реализација на младите во македонскиот енергетски систем. Министерство за енергетика, рударство и минерални суровиниТагови: АД МЕПСО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСудењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44