Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
2Златан Ибрахимовиќ по натпреварот меѓу Франција и Парагвај: „Да играв јас, ќе добиев четири или пет црвени картони“
ТехнологијаШефот на НАСА со обвинувања дека Кина сака да ја преземе МесечинатаШефот на НАСА оцени дека Кина би можела да ја преземе Месечината како дел од воената програма, притоа посочувајќи на повиците на Пекинг за изградба на заедница на нации во вселената.Кина таквите негови забелешки ги отфрли оценувајќи ги како неодговорни. Кина изминатата деценија го забрза темпото во развојот на својата вселенска програма, со фокус на истражување на Месечината. Првото слетување на летало без екипаж Кина го реализираше во 2013 година, со очекувања дека во текот на ова десетлетие ќе развие доволно моќни ракети за испраќање луѓе на Месечината. „Треба да не загрижуваат кинеските слетувања на Месечината и тоа што вели ’сега е наше, вие излезете’“, се наведува во изјавата на директорот на НАСА, Бил Нелсон, објавено во германскиот весник „Билд“. Тој предупредува дека кинеската вселенска програма е со воен предзнак, како и оти Кина краде туѓи идеи и технологија. Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Жао Лиџијан, како одговор на таквите тврдења изјави дека не е првпат шефот на НАСА да ги игнорира фактите и неодговорно да зборува за Кина. „Американската страна постојано создаваше клеветничка кампања против нормалните и разумни напори на Кина во вселената, а Кина цврсто се спротивставува на таквите неодговорни забелешки. Кина отсекогаш промовирала изградба на заедничка иднина за човештвото во вселената и се спротивставувала на каква било трка во вооружување во вселената“, изјави тој. Во рамки на програмата „Артемис“ НАСА планира во 2024 година да испрати мисија со екипаж во месечевата орбита, а една година подоцна и да однесе свој екипаж во близина на јужниот пол на Месечината. Кинеската вселенска програма планира на јужниот пол на Месечината во текот на наредните години да реализира мисии без екипаж.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамСтандардниот „McMurtry Speirling Pure“: Хиперавтомобил со речиси 1.000 коњски силиБританската компанија „McMurtry Automotive“ ја претстави сериската верзија на својот електричен хиперавтомобил, „Speirling Pure“ .Британската компанија „McMurtry Automotive“ ја претстави сериската верзија на својот електричен хиперавтомобил, „Speirling Pure“ – модел заснован на прототипот што го постави апсолутниот рекорд на патеката за искачување на рид на фестивалот на брзината во Гудвуд (Goodwood Festival of Speed) во 2022 година, со време од само 39,08 секунди. Новиот автомобил ќе биде претставен пред јавноста на овогодишниот настан во Гудвуд, по што ќе следи презентација во Калифорнија, а првите испораки до купувачите се очекуваат до крајот на годината. Перформанси на ниво на Формула 1. Развиен исклучиво за возење на патека, Speirling Pure се придвижува со два електромотори кои испорачуваат комбинирана моќност од 986 коњски сили; ова овозможува забрзување од 0 до 96 км/ч за само 1,55 секунди и максимална брзина од 306 км/ч. Автомобилот користи батерија од 100 kWh – значително поголема од онаа во прототипот – а производителот наведува дека таа може да се наполни од 20 до 95 проценти за околу еден час, во зависност од полначот и надворешната температура. Една од најупечатливите карактеристики на моделот е патентираниот систем со вентилатори кој создава потисна сила од приближно 2.000 килограми дури и кога автомобилот мирува, овозможувајќи му да совладува кривини со сили што надминуваат 3G. Уникатната технологија обезбедува неверојатно прилепување за подлогата. Благодарение на оваа технологија, Спирлинг веќе постави рекорди на Гудвуд и на други познати патеки, а компанијата верува дека сериската верзија би можела да биде уште побрза од прототипот што го воодушеви автомобилскиот свет.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизФото: Џенифер Анистон објави нови фотографии со своето момчеКонечно е среќна во љубовта: Џенифер Анистон објави нови фотографии со своето момче.Холивудската ѕвезда, убавата актерка, Џенифер Анистон веќе некое време е во центарот на вниманието на јавноста, главно поради нејзината врска со Џим Кертис. Се чини дека актерката конечно е среќна во љубовта, а тоа го потврдува и самата преку објави на социјалните мрежи. Неодамна, екс сопругата на Бред Пит објави компилација од фотографии на Инстаграм, а оние на кои се гледаат таа и нејзиниот партнер за време на летните денови го привлекоа вниманието. На првата фотографија, ѕвездата од серијата „Пријатели“ направила селфи од автомобилот, додека Кертис се смешка покрај отворената врата на возилото. Двојката дел од времето го помина и во друштво на пријатели, меѓу кои Наоми Вотс, Били Крудап, Аманда Анка и Џејсон Бејтман. Дури и долгогодишната пријателка на актерката, Сандра Булок, ја коментираше објавата на Анистон. „Секоја сцена е совршена“, напиша таа накратко. Набрзо потоа следеа бројни коментари од обожаватели кои напишаа дека изгледаат „прекрасно“ и дека е очигледно оти се „вљубени“.Тагови: Џенифер Анистон Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
ЗабаваФото: Најубавата италијанска водителка изгледа неверојатно, иако неодамна шсе породиЕдна од најубавите телевизиски спортски водителки, „жешката“ Италијанка Дилета Леота повторно го привлече вниманието на своите фанови откако на социјалните мрежи сподели фотографија во костим за капење.Водителката Дилета Леота, која неодамна се породи по вторпат, позираше за време на својот одмор во елегантно бикини што ја истакнуваше нејзината витка линија и исончан тен. Многумина забележаа дека таа изгледа беспрекорно, а во коментарите пристигнуваа бројни комплименти за нејзиниот изглед. Покрај тоа, водителката сподели и неколку семејни моменти со своите деца и со сопругот Лорис Кариус, а судејќи според нејзиниот профил на Инстаграм, уживањето нема крај. „Преубава“, „Изгледаш неверојатно“, „Кој би рекол дека речиси се породи“, „Нестварна си“, „Ова изгледа како вештачка интелигенција“ – ова се само дел од реакциите на нејзините следбеници. Тагови: Дилета Леота Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter