Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година - Канал 5

Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година

Најплатен менаџер во Германија во 2023 година е првиот човек на „Фолксваген“, Оливер Блуме, кој заработил околу 10,3 милиони евра и покрај кризата што ја зафати автомобилската индустрија во Германија, пишува Дојче веле.

Шефот на „Фолксваген“ најплатен менаџер во Германија во 2023 година

Така тој стана првиот шеф на компанија DAX чија годишна плата надмина 10 милиони евра.

На второ место е Бјорн Гулден од „Адидас“ со заработени 9,2 милиони евра, додека на третото место е Кристијан Савинг од Дојче банк со годишен приход од девет милиони евра, покажува студијата на Здружението за заштита на инвеститори DSW.

-Менаџерите на најголемите германски компании заработија рекордни суми и покрај тоа што лошо и оди на економијата, а делумно и на компаниите што ги водат, вели Дојче веле.

Заработката на членовите на управните одбори на компаниите котирани на германската берза во деловната 2023 година се зголемила во просек за 11 отсто и достигнала рекордни 2,65 милиони евра, покажува новата студија на ревизорската компанија EY. Анализирана е вкупната директна заработка, која вклучува фиксна плата и бонуси за членовите на одборот кои биле на функција во текот на целата деловна година.

Ккога се гледаат платите на водечките менаџери на германските концерни во меѓународен контекст со просечна плата од 5,7 милиони евра, може да се види дека водечките менаџери во САД, Франција и Швајцарија заработуваат многу повеќе.

Најплатени се менаџерите во САД, кои просечно заработуваат по 24,2 милиони евра годишно. Највисоки примања имал шефот на Apple, Тим Кук, дури 58,4 милиони евра, иако приходите му биле речиси преполовени во однос на 2022 година.

На второ место е извршниот директор на Мајкрософт, Сатја Надела, со 44,8 милиони евра, додека првиот човек на Salesforce, Марк Бениоф заработил 36,6 милиони евра. Кога ќе се погледне ситуацијата во Европа, може да се види дека германските менаџери не се ни блиску до врвот кога се во прашање приходите.

Водечките менаџери на компаниите на француската берза CAC40 заработуваат во просек по 6,9 милиони евра, а оние на швајцарската ДПИ 7,6 милиони евра. Најплатен менаџер во Европа моментално е претседателот на одборот на директори на софтверската компанија „Dashault Systèmes“ Бернард Чарлс, кој лани заработил 46,7 милиони евра. И првиот човек на „Фолксваген“, Блуме, со своите 10,3 милиони евра, е на само 12-то место во Европа, иако е менаџер на најголемата компанија во Европа и најголемиот производител на автомобили во светот, кој продаде возила во вредност од 323,3 милијарди евра во 2023 година. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски: Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни....

Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, урбани паркови, плоштади.

Николоски: Над 4 милиони евра инвестираме во Неготино во изградба на улици, водоводни....

Инвестициите во Неготино само во делот на улици и плоштади, комунални проекти, паркови, изнесуваат над 4 милиони евра, што креираат нови слика за Неготино. Поддршката на Владата за Неготино и за другите општини е огромна и континуирна, порача денеска од Неготино, заменик претседателот на Владата, Александар Николоски.

Тој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалничката Марија Нацева, извршија увид во изградба на инфраструктурни проекти во Неготино што се реализираат со поддршка на Владата.

Притоа се изврши увид во реконструкција на ул. „29-ти Ноември“, проект кој се реалиизра преку Министерството за транспорт, во вредност од 28.7 милиони денари. Исто така извршија увид и во изградбата на кружен тек, инвестиција од 9, 8 милони денари.

“Во моментов, само преку програми кои што се од Владата, преку Министерството за транспорт, се инвестираат некаде околу 246 милиони денари или над 4 милиони евра во изградба на улици, водоводни и канализациони системи, понатaму паркови, кружен тек, плоштад. Така што, бројни се проектите коишто се работат или ќе се работат во Неготино. И ќе продолжиме во следниот период да ја поддржуваме општината, да ја поддржуваме градоначалничката, а со новите можности кои што се отвораат, исто така, ќе разговараме и за нови проекти. Навистина е задоволство да се биде денес во Неготино, да се види колку многу проекти или се завршуваат, или се работат, или ќе почнат да се работат. Мило ми е што со една нова енергија, која што градоначалничката ја внесе, се забрзуваат голем број проекти со поддршката со Советот, со поддршката, исто така, од пратеникот, со поддршката од Владата и лично од премиерот Мицкоски. Овде имаме навистина една комплетно нова слика за општина Неготино. Мислам дека тоа многу значи и за локалното население и за локалното стопанство”-изјави Николоски.

Дополнително во општина Неготино преку двата повици на Владата за инфраструктурни проекти, се реализраат 12 проекти за подобрување на урбаното живеење и локалната економија.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ЕУ ја предупреди Албанија: Проект на зетот на Трамп ви ги загрозува евроинтеграциите

Преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп,предупредија дел од европратениците.

ЕУ ја предупреди Албанија: Проект на зетот на Трамп ви ги загрозува евроинтеграциите

Преговорите за пристапување на Албанија во ЕУ се загрозени поради плановите за изградба на луксузен одморалиште поддржано од Џаред Кушнер, зетот на Доналд Трамп,предупредија дел од европратениците, кои ѝ порачаа на албанската влада дека мора да „го промени курсот“.

Како што објавува Гардијан, холандската европратеничка Тинеке Стрик, која ја предводеше мисијата за утврдување фактите, рече дека албанското раководство „Си игра со оган“ со тоа што го продолжува проектот од 1,4 милијарди евра, за кој вели дека ќе го уништи недопреното крајбрежје.

Во интервју за медиумот, Стрик рече: „Ако премиерот Рама е навистина сериозен во врска со своите амбиции за влез во ЕУ, треба да се откаже од овој курс и да му каже на кланот Трамп: ‘Жал ми е, ЕУ е мој врвен приоритет’.. Тие во моментов го загрозуваат процесот за кој толку многу се грижат, изјавила Стрик..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Улица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во Бутел

По налог на Град Скоопје односно секторот за комунални работи денес ЈП „Улица и патишта“ со координарни активности за рачно и машинско чистење на обраснатата вегетација улицата “Александар Урдаревски“ кај градските гробишта Бутел.

Улица и патишта го чистат каналот што е причина за поплавените гробишта во Бутел

Со расчистување на овој дел ќе подобри пристап на механизацијата за чистење и евакуација на натрупаниот материјал во дренажниот канал покрај самата сообраќајница, велат од Улица и патишта.

Обраснатото зеленило е проблем и за истек на водата која се собра во каналот и водата ги поплавува гробните места...

Канал 5 вчера објави сторија каде се гледа дека без разлика дали имало дожд или бил сушен период водата е присутна и тешко може да се стигне до гробните места.

Од ЈП „Улица и патишта“ објаснуваат дека зеленилото е проблем и за одржување на безбедноста на улицата кога се движат пешаци и исто така е проблем за прегледност на возачите.

Од ЈП „Улица и патишта“ апелираат граѓаните во одводните канали да не фрлаат отпад и шут бидејќи штетите пред се по големи дождови се огромни..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер