Шефот на ЦИА на разговори за прекин на огнот во Појасот Газа

Преговорите се водат со посредство на Катар, а ќе се бара прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа. 

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) Вилијам Брнс денеска треба да пристигне во Каиро, на нова рунда преговори за прекин на огнот меѓу израелската армија и членовите на палестинската милитантна група Хамас, пишува „Тајмс оф Израел“.

Преговорите се водат со посредство на Катар, а ќе се бара прекин на огнот во замена за ослободување на заложниците што ги држи Хамас во Појасот Газа. Според израелскиот портал, по притисокот на американската влада, Израел наводно ќе испрати делегација во Каиро, во која се шефот на Мосад, Дејвид Барнеа и директорот на Шин Бет, Ронен Бар.

Брнс беше дел од американскиот преговарачки тим на разговорите со претставници на Хамас минатиот месец во Париз.

По месец и половина, откриена е причината за смртта на претседателот на Херта

Иако неодамнешниот претседател на Херта од Берлин, Каи Бернштајн почина кон средината на јануари, јавниот обвинител дури по месец и половина ги откри причините за смртта, што ја шокираше Германија.

Да потсетиме дека Бернштајн легнал една вечер и не се разбудил утрото, а бил пронајден мртов од неговата сопруга која потоа повикала брза помош. За 43-годишниот Каи, сепак немало спас.

Во меѓувреме, германската јавност излезе со информација дека Бернштајн починал од природна смрт. Со други зборови, токсиколошките и хистолошките тестови не покажале ништо сомнително. Исто така, се верува дека причина за смртта е најверојатно срцев удар.

Бернштајн беше на чело на Херта од 2022 година, а веќе е познато дека е голем поддржувач на овој клуб и дека беше еден од симпатизерите во 90-те години.

СДСМ: Ново убиство, началниците и техничкиот министер на ДПМНЕ во МВР немаат капацитет

Техничкиот министер на ДПМНЕ, Тошковски и неговите началници немаат капацитет.

Пред само неколку дена во еден ден во Скопје се случи убиство, а потоа беше запален и кафе бар.

Се уште нема разрешница за овие настани.

Ново убиство е случи и во Прилеп, каде свирепо беше убиено малолетно момче.

Што прават неспособните кадри на ДПМНЕ во МВР?

Безбедноста на граѓаните се загрозува поради нивната некадарност, се наведува во партиското соопштение.

Над 100 лица се уапсени после погребот на Навални

Илјадници Руси го скандираа името на Алексеј Навални додека лидерот на опозицијата беше погребан вчера во Москва и им порачаа на властите дека нема да им простат за неговата смрт.

Мајката на Алексеј, Људмила и таткото Анатолиј се наведнаа над отворениот ковчег и го бакнаа за последен пат, придружувани од звуците на мала група музичари. Илјадници луѓе дојдоа на погребот.

Јулија Навална, вдовицата на лидерот на опозицијата, му оддаде почит на својот сопруг преку X, заблагодарувајќи му се за „26 години апсолутна среќа“. "Не знам како да живеам без тебе, но ќе дадам сѐ од себе за да те направам среќен и горд на мене таму горе. Не знам дали ќе успеам, но ќе се обидам", напишала Навална, која е надвор од Русија.

Насобраните држеа цвеќе во рацете, а некои скандираа: „Русија ќе биде слободна“, „Не за војната“, „Русија без Путин“, „Нема да простиме“ и „Путин е убиец!“ Не долго откако ковчегот со телото на Навални беше ставен во земја, во Москва започнаа првите апсења. На удар на полицијата се најдоа луѓето кои скандираа против Путин и војната во Украина.

Најмалку 115 лица се приведени ширум Русија поради оддавање почит на Навални, објави ОВД-Инфо. Најголемиот број, 16 од нив, се приведени во градот Новосибирск.

Најмалку 10 лица се приведени во Москва, според ОВД-Инфо. Уште 10 лица се уапсени во Екатеринбург, додека 14 се приведени во регионот Воронеж.

Луѓе биле приведени и во Челјабинск, Омск, Владикавказ, Сочи, Санкт Петербург, Нижни Новгород, Казан и Улан-Уде.

притисни ентер