„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
2„Форбс“ го проценува богатството на поранешниот член на „Битлси“: Пол Макартни е милијардер и третиот најбогат музичар во светот
БалканШефот на белградската полиција изнесе детали од сведочењето на момчето кое ги уби ученицитеШефот на белградската полиција Веселин Милиќ за РТС изјави дека момчето кое го изврши злосторството во ОУ „Владислав Рибникар“ во својата прва изјава, кога повикал полиција, рекол дека е „психопат кој треба да се смири“.Шефот на белградската полиција Веселин Милиќ за РТС изјави дека момчето кое го изврши злосторството во ОУ „Владислав Рибникар“ во својата прва изјава, кога повикал полиција, рекол дека е „психопат кој треба да се смири“, јави дописникот на МИА од Белград. -Детето кое го изврши злосторството кога повика полиција рече дека пукал во луѓе на училиште и дека тој во таа изјава што е снимена, е психопат кој треба да се смири. Тој го кажа тоа кога се јавил на дежурниот работник на Командно-оперативниот центар, во првата изјава на неговиот телефонски повик да го пријави настанот, изјави Милиќ за РТС. Тој исто така додаде дека К.К. (13) рече дека по извршувањето на делото го зафатиле страв и паника и чудно дишење и дека „правилно било да ѝ се јави на полицијата и да се пријави настанот“. Милиќ потсети и дека слично злосторство никогаш претходно не се случило во Србија и оти се надева дека тоа никогаш нема да се повтори. -Не успеавме да го дознаеме мотивот, бидејќи К.К. е роден 2009 година, се работи за дете, дури ни малолетно. Не можевме да имаме сознание дека некое дете може да направи нешто вакво одвратно, вели Милиќ. Откриле, во понатамошниот разговор дека самиот изјавил во присуство на Центарот за социјална работа и адвокат дека е игнориран од општеството и дека некако е исфрлен од комуникација, интеракција, сè што може едно дете да има, и дека тоа го навело преку некои мисли и постапки да го стори тоа. -Имаше и четири молотови коктели и два пиштоли. Според неговата изјава, тоа го направил сам и немал намера ни желба со тие молотови коктели да запали некое дете, туку, како што рече, да направи одбранбен ѕид на влезот во училиштето за да не дојде полицијата и да пружи помош, бидејќи би имале одредена пречка и барикада за да може да ја извади рамката од пиштолот и да ја спушти на под, истакна Милиќ. Тој додаде дека не може да каже дали момчето било свесно дека нема да може да одговара за делото. -Ова злосторство носи толку многу планови, скици, неговиот начин на размислување што ги надминал игрите, кога тоа го планирал, како што рече во првата изјава на самото игралиште, пред еден месец или околу три недели потоа, да ги убие сите кои го нервираат и игнорираат, тој многу плански го замислил како и што. Самиот овој список е прашање за сите нас, што ќе се случеше да го постигнеше сето ова, праша Милиќ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Фудбал„Специјалниот“ Жозе Мурињо прогласен за тренер на месец октомври во Ла ЛикаШефот на стручниот штаб на фудбалскиот клуб Реал Мадрид, Жозе Мурињо, денес беше прогласен за најдобар тренер во шпанската Ла Лига за месец октомври.Португалскиот стратег, „Специјалнио“ Жозе Мурињо го доби ова признание благодарение на одличните резултати што Кралевите од Мадрид ги постигнаа во текот на изминатиот месец. Во октомври, „кралскиот клуб“ одигра три натпревари во првенството и забележа исто толку победи. Реал прво го совлада Виљареал со 1:0 на домашен терен, потоа беше убедлив против Севиља (4:1), а месецот го заокружи со голем триумф во „Ел Класико“, каде што како гостин го победи најголемиот ривал, Барселона со 2:1. На тој начин, Мурињо го водеше тимот од Мадрид низ октомвриските предизвици со максимален учинок и сосема заслужено ја доби наградата за тренер на месецот. Инаку, Реал Мадрид продолжи со добрите резултати и во меѓувреме, бидејќи пред два дена, во рамките на 12-тото коло од Ла Лига, славеше на гостувањето кај Валенсија со резултат 3:0. Екипата од Мадрид моментално се наоѓа на второто место на табелата, со три бода помалку од лидерот Барселона.Тагови: Жозе Мурињо Реал Мадрид Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
ЕвропаВидео: Притвор за братот на Виктор Орбан?Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Во Унгарија се приведени четири лица осомничени за трговија со луѓе како дел од криминална група која дејствувала заради стекнување финансиска корист, а полицијата покрена постапка за нивно задржување во притвор, соопшти Националната полициска управа (ORFK). View this post on Instagram A post shared by 360tka.sk (@360tka.sk) Според извештаите на унгарските медиуми, меѓу осомничените е и Арон Орбан, братот на поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан. Иако полицијата експлицитно не го именуваше во своето соопштение, пренесува порталот „Index“. Националното биро за истраги (NNI) го заврши испрашувањето на осомничените, кои беа приведени во понеделникот. Во истрагата учествуваат и Националната канцеларија за повраток и заштита на имот (NVVH), како и Европол. Полицијата се сомнева дека, во текот на неколку месеци во 2024 година, осомничените им помагале на виетнамски државјани да добијат унгарски визи и потоа да отпатуваат во Западна Европа, наплаќајќи им таканаречени „надоместоци за регрутирање“. Според досегашните наоди од истрагата, тие на овој начин им помогнале на повеќе од 100 виетнамски државјани. Надлежните наведоа дека странските државјани тврделе оти доаѓаат во Унгарија на краток престој за да посетуваат курсеви за стручна обука. Сепак, повеќето од нив не ги посетувале овие курсеви, ниту пак ја напуштиле земјата откако им истекле визите. Истражителите се сомневаат дека нивната вистинска цел била да стигнат до Западна Европа преку Унгарија. При претреси на неколку локации во Будимпешта и во округот Пешта, запленети се документи, електронски податоци и уреди кои би можеле да послужат како докази во истрагата за трговија со луѓе и корупција. Еден од осомничените се товари и за тргување со влијание. Орбан се огласи Виктор Орбан на социјалните мрежи изјави дека постапката претставува политичка одмазда и дека неговиот брат е само средство што се користи за напад врз него. „Јас сум целта, мојот брат е само средство“, напиша Орбан, тврдејќи дека целта е да се елиминира политички противник и да се воспостави еднопартиски систем. Петер Маѓар, унгарска политичка личност, реагираше на овие изјави, истакнувајќи дека поранешниот премиер веднаш се обидел да ја префрли одговорноста врз другите и да се претстави себеси како жртва. Претставници на Фидес тврдат дека постапката против Арон Орбан е политички мотивирана, додека членови на опозицијата и правни експерти покренаа прашања во врска со владеењето на правото, тајмингот на започнување на истрагата и протекувањето на официјални информации.Тагови: Виктор Орбан Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизРасел Бренд осуден на 10 и пол години затворБританскиот комичар и актер Расел Бренд е осуден на десет и пол години затвор во Лондон, откако минатата седмица беше прогласен за виновен за силување на една жена и три дела на сексуален напад.Пресудата беше изречена во Кралскиот суд во Саутворк, а веднаш потоа Бренд беше ставен во притвор, пренесува *Page Six*. Поротата донесе одлука по тридневно разгледување на случајот. Бренд беше ослободен од обвиненијата за уште две силувања и еден обид за сексуален напад. Судијата Бенатан претходно го предупреди дека „значителна“ затворска казна е неизбежна, а неговото барање за пуштање на слобода со кауција беше одбиено. Осудата за силување се однесува на инцидент од 2009 година, кога една жена го обвини Бренд дека ја нападнал во неговиот дом во Лондон. Нејзина пријателка сведочеше дека, по средбата, жената ѝ кажала оти неколкупати му рекла „не“ на комичарот и дека потоа чувствувала силна болка. Како што пренесува „Њујорк тајмс“, за време на судењето, Бренд тврдеше дека сексуалниот однос бил доброволен и дека жената никогаш не побарала од него да престане. Сепак, тој призна дека ја искористувал својата слава за да стапува во сексуални односи со жени. Но, пред поротата, тој инсистираше на тоа дека согласноста е „фундаментална, суштинска и неопходна“. Обвинувањата против него првпат излегоа во јавноста во септември 2023 година, по истрагата спроведена од „Сандеј тајмс“ (*The Sunday Times*). Судскиот процес опфаќаше седум обвиненија поврзани со шест жени и настани што се случиле во периодот меѓу 1999 и 2009 година. Бранд се изјасни за невин по сите точки од обвинението. Проблемите на Бранд не завршуваат тука. Лондонската полиција (Метрополитен полиција) истражува уште две пријави за силување. Една од нив се однесува на жена која имала 16 години кога, според пријавата, била во врска со Бранд, кој во тоа време имал 30 години.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook