Гордон Ремзи имал тешка сообраќајна несреќа со велосипед,ги покажа модринките - Канал 5

Гордон Ремзи имал тешка сообраќајна несреќа со велосипед,ги покажа модринките

Светски познатиот готвач Гордон Ремзи објави видео на Инстаграм во кое откри, како што самиот вели, „лоша несреќа“ додека возел велосипед во Конектикат.

Гордон Ремзи имал тешка сообраќајна несреќа со велосипед,ги покажа модринките

Во видеото, Ремзи се „пофали“ со своите модринки добиени во велосипедската несреќа.

„Доаѓа Денот на татковците и имам важна порака за сите татковци... Носете кацига! рече тој, додавајќи дека се чувствува добро и дека не се здобил со сериозни повреди, но дека телото му е покриено со модринки, поради што изгледа „како виолетов компир“. На крајот им се заблагодари на персоналот во болницата каде што престојува, но и рече дека е среќен што носел кацига.

„Да не носев кацига, искрено немаше да бидам овде во моментов“, порача Ремзи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Потрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)

Спасувачкиот тим на планината Елбрус работи со проширени капацитети за да стигне до телата на граѓаните на Босна и Херцеговина кои загинаа поради влошување на временските услови, објавија тие.

Потрага по телата на планинарите од БиХ – 16 спасувачи ја пребаруваат руската планина Елбрус (ВИДЕО)

Според информациите објавени во 10 часот наутро, спасувачкиот тим е засилен и ги бара исчезнатите алпинисти во планинскиот масив Елбрус.

Во операцијата учествуваат 16 спасувачи.

Спасувачи од Одделот за вонредни ситуации Елбрус на руското Министерство за вонредни ситуации, водичи и придружници, спасувачи од центарот „Лидер“ на руското Министерство за вонредни ситуации и спасувачи на „КАВКАЗ.РФ“.

Да потсетиме дека за време на искачувањето на Елбрус загинаа д-р Мелиха Чаушевиќ, Алма и Денис Окановиќ, Алмир Кривдиќ и Нермин Талам. Сите беа од Зеница, а Харис Адиловиќ и Кемал Видимлиќ преживеаја.

Драмата на највисокиот врв во Европа започна вчера, кога група од седум члена тргна на искачување. Иако временските услови првично беа поволни, ситуацијата набрзо се промени. Ветерот достигна брзина од 45 километри на час, а до утрото се зголеми на околу 70 километри на час, што го отежнуваше останувањето на планината.

Еден од преживеаните успеа сам да се симне од планината и да повика помош, додека другиот беше пронајден од спасувачите. Двајцата беа однесени во болница, каде што им беше укажана медицинска помош.

Руската државна новинска агенција РИА Новости, повикувајќи се на Главната дирекција на Министерството за вонредни ситуации за регионот Кабардино-Балкарија, објави дека спасувачките служби водат натчовечка битка со суровите временски услови на планината.

„Телата на алпинистите се наоѓаат на таканареченото „седло“ на планината Елбрус, на надморска височина од 5.350 метри. Нивната евакуација ќе се изврши само кога временските услови ќе дозволат“, соопшти руското министерство. Заедно со ова соопштение, министерството објави и видео-снимка што сведочи за екстремните и недостапни услови на теренот.

Министерството за вонредни ситуации потврди дека двајцата спасени алпинисти веќе се евакуирани и предадени на медицински работници за понатамошна нега.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Тешко е повреден соиграч на Меси- веднаш го свртеа на страна и во паника повикаа доктор (ВИДЕО)

Фудбалерот Герман Бертераме од американскиот клуб Интер Мајами се повреди на натпреварот од МЛС против Монтреал.

Тешко е повреден соиграч на Меси- веднаш го свртеа на страна и во паника повикаа доктор (ВИДЕО)

Бертераме скокна со двајца противнички играчи - Даниел Переира и Ефаин Моралес. Но, не се снајде добро во тој дуел. Откако се урна, остана да лежи на тревникот.

Неговите соиграчи, како и противниците, сфатија дека нешто не е во ред со него. Го свртеа на страна и френетично ги повикаа лекарите да влезат на теренот. Единственото добро нешто што произлезе од таа ситуација беше што повремениот мексикански репрезентативец изнуди пенал, кој го реализираше Луис Суарез. Можете да ја видите ситуацијата ТУКА.

Бертераме постигна седум гола на 17 натпревари оваа сезона. Тој дојде во Мајами во првиот месец од оваа година за 12,6 милиони евра од Монтереј, Мексико. Деталите за неговата повреда сè уште се непознати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

На 25.07.2026 во СВР Велес било пријавено дека околу 18:00 часот кај место викано „Србиново“ во атар на с.Уланци, општина Градско, С.Л.(81) од Градско, управувајќи трактор со приколка , изгубил контрола и со тракторот излетал од патот. 

Маж од Градско изгубил контрола врз тракторот и загинал

Од здобиените повреди, С.Л. починал на местото, а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Увид на местото извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер