Шарпланинецот Дичо - прв македонски светски шампион

Рано, на изгрејсонце едно ноемвриско, сончево утро се упативме да го запознаеме светскиот шампион - шарпланинецот Дичо. Веста дека пет и пол години возрасниот шарпланинец Дичо од прилепската одгледувачница „Каравилоски“ на светскиот шампионат во Лајпциг од 9 до 12 ноември ја понесе титулат првак во светот, ја разбуди љубопитноста да го запознаеме ова исклучително куче. Примерок на раса - гордост од македонските краишта. Сопственикот Владо Каравилоски гостопримливо ја отвори портата на периферијата на Прилеп, на која стои - внимавај куче. Нашата воздржаност со насмевка ја избриша: - Не плашете се, Дичо е достоинствен, воспитан, културен.


И навистина, пред нас е прекрасен примерок на млад шарпланинец. Висок 70 ина сантиметри, со графитно крзно ишаран со бело, Дичо не пречека мирно, чиниш љубезно. Навистина е достоинствен, исправен, сака да позира. Како на изложба, небаре е свесен дека има голема титула – шампионска. Набрзо дознаваме дека Дичо е навикнат на титулите и меѓународните и домашни признанија.

Сопственикот Владо веднаш ја почнува приказната за Дичо. Прво, за неодамнешните впечатоци од светското првенство во Лајпциг.
- Дичо е актуелен светски првак во својата раса. Титулата ја доби на меѓународната изложба во Лајпциг, Германија, организирана од Светската кинолошка федерација. Во конкуренцијата беа 30 врвни прваци-шарпланинци од повеќе земји, а на изложбата учествуваа 30 000 кучиња од цел свет. Во класата на шампиони освои CAC, освои CACIB во сите мажјаци, и од сите кучиња, мажјаци и женки и ветерани, ја освои титулата првак на расата. Со тоа се здоби со титулата светски првак. И ова е првиот македонски шарпланинец што станал светски првак. Претходно, во 2015 година, од нашата одгледувачница имавме женка светски првак, од изложбата во Милано, но таа беше млад светски првак. Дичо е првиот со ваква титула, гордо објаснува Владо Каравилоски, додавајќи дека чувството е немерливо, прекрасно - шампионско.

Сето време, шарпланинецот Дичо мирно го следи разговорот. Не „издушка“ за да не запознае и остана мирен и достоинствен во текот на целата средба. Дичо има импресивна биографија.

- Има победувано на бројни изложби во Македонија, Србија, во Грција. Во 2013 година во Женева стана млад европски победник, европски првак стана и во Брно, Чешка во 2015 година, двапати е клупски победник во Македонија, еднаш светски клупски шампион,
Дичо, вели сопственикот Владо е од мајка и татко, исто од прилепската одгледувачница Од мал е трениран, правилно воспитуван и одгледуван. Владо преку 20 години ја носи љубовта кон кучињата, особено кон шарпланинците. Веднаш се наметна прашањето - Зошто?

- Околу 20 години одгледувам кучиња. Само од љубов ипосветеност. А зошто токму шарпланинците? - Ми се допаѓаат како изгледаат. Нивниот карактер е прекрасен. Тие се кучиња кои, доколку им се обрне внимание колку што треба, не им треба некоја особена дресура, мнпгу се интелигентни и се прекрасни чувари. Не многу тешко да се одгледува шарпланинец. Секако, не е „салонбско“ куче, потребен е простор и не е многу изеслив наспроти мислењето дека не можеш да го навасаш за јадење. Се е до љубовта и посветеноста, со задоволство објаснува Каравилоски.
Шарпланинецот се уште во меѓународни рамки има „двоен пасош“.

- Шарпланинецот се уште се води како југословенски овчарски пес со двојна матичност - Македонија и Србија. Има многу кучиња со двојна матичност и тоа не е ништо ново. Но, статусот е тој, вели Владо.
Секојдневните обврски со Дичо не се големи, ако се сака, се разбира. Му требаат секојдневните прошетки да ја избие енергијата што ја има.
- Како член на семејството е и затоа, кога љубовта е во прашање ништо не е тешко . На Дичо му е потребна и ринг-дресура, да знае да се однесува на изложби, да се покажува, да го извлече максимумот пред судијата, објаснува Владо Каравилоски, напоменувајќи дека Дичо е веќе горд татко на околу 200 потомци. Неговите „деца“ се низ Македонија, во Србија и во неколку европски земји. Негов син во Чешка веќе освојува награди и признанија.
- Еве, не затекнавте во подготовките за нова изложба – Светска клубска изложба на шарпланинци во Скопје. Таму ќе ја носиме едногодишната внука на Дичо, Бафи. Веќе е вистинска шампионка на дедо си, низ смеа вели Владо Каравилоски кој поради љубовта кон кучињата станал ветеринар. Сега е со одгледувачницата која се наоѓа во Коњари, Прилепско. Има 20-ина единки- шарпланинци.

Ги напуштаме шарпланинецот Дичо и неговиот сопственик Владо Каравилоски да ја завршат утринската прошетка и да го споделат меѓусебото внимание. Одгледувањето и чувањето кучиња се сериозна обврска, но штом се работи со љубов не се сфаќа само како обврска, туку тоа е задовоство и убаво поминати часови со човековиот најдобар пријател, додава на заминување Каравилоски, сопственикот на првиот македонски светски шампион - шарпланинецот Дичо.
Елизабета Митреска

Отец Владимир: Денот на смртта е најавата за христовото воскресение

Велики Петок денот кога Христос починал..

Кај верниците овој ден е со посебна жалост, но и денот на смртта е најавата за христовото воскресение.

За суштината на велики петок објаснува Отец Владимир од црквата Света Петка во Скопје.

Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров.

Индонезиската Влада трајно ќе ги пресели сите жители на островот Руанг, откако серијата ерупции на истоимениот вулкан предизвикаа загриженост поради опасноста од престој во иднина на истоимениот остров, соопшти денеска министерот за координација на хуманиот развој, Мухаџир Ефенди.

Околу 9.800 луѓе живеат на островот Руанг, во провинцијата Северен Сулавеси, но сите беа принудени да се евакуираат во последните неколку недели поради серија ерупции.

Властите ја подигнаа тревогата на највисоко ниво оваа недела, затворајќи го провинцискиот аеродром во Манадо и предупредувајќи за можно цунами доколку делови од планината се урнат во околните води.

Големи антивладини протести во Братислава, Словаците против планот на Фицо (ВИДЕО)

Во словачкиот главен град Братислава се собраа неколку десетици илјади граѓани да протестираат против намерата на владата на премиерот Роберт Фицо да го реформира јавниот радиодифузен сервис РТВС.

Како што пренесува „Еуроњуз“, опозицијата стравува дека властите ќе го напуштат прозападниот курс и ќе тргнат по стапките на автократот Виктор Орбан, премиер на соседна Унгарија.

Демонстрантите во Братислава веруваат дека целта на владата е да преземе целосна контрола врз јавниот медиумски сервис (телевизија и радио). Коалициската влада на популистот Роберт Фицо одлуката за реформа на јавниот медиумски сервис ја донесе на 24 април, а одлуката на парламентот каде владата го има потребното мнозинство, се очекува во јуни.

Овој план беше жестоко критикуван од словачката претседателка Зузана Чапутова, како и од новинарите, опозицијата, меѓународните медиумски организации и Европската комисија. Планот предвидува РТВС да биде заменет со нова медиумска организација.

„Демократијата во Словачка мора да има силен и независен јавен радиодифузер, РТВС, а на вработените во овој дом им треба вашата поддршка“, рече Михаел Шимечка, лидер на опозициската партија Прогресивна Словачка, на митингот што се одржа на Плоштадот на слободата во Братислава.

Планот за реформа на јавниот сервис го претстави Мартина Шимиковичова, министерка за култура која ја претставува Националната партија, ултра-националистичка членка на владејачката коалиција. Таа е позната по тоа што работи за интернет ТВ станица која шири дезинформации.

Таа тврди дека јавниот сервис им дава простор само на „мејнстрим вестите“ и ги цензурира останатите. Според планот, новиот радиодифузер Словачка телевизија и радио (СТВР) ќе има директор кој би избирал совет од девет члена назначени од парламентот во Министерството за култура.

Смер, партијата на Роберт Фицо, освои најмногу гласови на изборите во септември минатата година меѓу проруските и антиамериканските ставови.

притисни ентер