Шарлиз Терон во фустан со предлабоко деколте (ФОТО)

Sвездите на Холивуд, Шарлиз Терон, Маргот Роби и Никол Кидман, заедно го промовираа својот нов филм „Bombshell“ за новинарките на Фокс, кои го разоткриле сексуалниот предатор Роџер Аилс.

Додека Никол носеше машки костум и тесна кошула со вратоврска, Маргот беше облечена во женствен фустан. Најзабележителна беше Шарлиз, која се одлучи за црн фустан со деколте до папокот.

Едно време, Шарлиз се жалеше дека е рамна како даска, но се сомневаме дека нејзините фанови ќе се согласат со неа.

Шарлиз блеска со гламурознуиот изглед на стариот Холивуд , а сепак се знае дека е непоколеблив борец за женските права.

Нејзиниот приватен живот го држи настрана , иако се знае дека имала несреќно детство.

Како дете, таа била болна од жолтица, што предизвикало сериозни проблеми со забите.

„Немав заби до 11 година. Примав толку многу антибиотици што ми беа еродирани забите. Мораа да се исечат. Јас воопшто немав млечни заби“, изјави таа во интервјуто за „The Sun“.

Кога имала само 15 години во Јужна Африка, каде што растела, нејзиниот татко, кој бил насилен алкохоличар, се вратил дома пијан , почнал да пука со пиштол кон својата сопруга и ќерката. Нејзината мајка го грабнала сопствениот пиштол и возвратила на пукањето на таткото на Шарлиз и неговиот пијан брат. Мајката го убила нејзиниот татко и го ранила неговиот брат, а властите утврдиле дека станувало збор за самоодбрана.

Фото:Девојката на екс фудбалер на Барса воодушеви со секси фотографии

Девојката на шпанскиот фудбалер и поранешна ѕвезда на Барселона, Марко Бартра е голем љубител на социјалните мрежи.

Убавата Џесика сега ги воодушеви следбениците на Инстаграм со атрактивни фотографии на која таа е облечена само во минијатурно бикини.

На фотките убавата Џесика Гојкочеа која е манекенка ја покажа својата совршена фигура и на тој начин собра голем број лајкови на социјалните мрежи.

Унион Берлин му врачи отказ на Бјелица

 Бундеслигашот Унион Берлин се раздели со тренерот Ненад Бјелица, ден откако клупскиот претседател изрази поддршка на хрватскиот стратег.

Унион загуби со 3-4 на домашен терен од ривалот за испаѓање Бохум во неделата и се наоѓа на еден бод и едно место над плеј-офот за опстанок на два натпревари до крајот на сезоната.

Бјелица седна на клупата на Унион во ноември откако Урс Фишер беше отпуштен по серијата слаби резултати, и покрај тоа што го обезбеди првиот настап во Лигата на шампионите претходната сезона.

Унион соопшти дека клубот на двата завршни натпревари ќе го предводат Марко Гроте, заедно со сегашниот помошник тренер Мари-Луиз Ета, првата жена која предводеше машки тим на натпревар од Бундеслигата.

Макрон ја поздрави намерата на Кина да се воздржи од продажба на какво било оружје на Москва

 Францускиот претседател Емануел Макрон за време на денешната заедничка прес-конференција со претседателот Си Џинпинг во Париз, ги поздрави „намерите на Кина да се воздржи од каква било продажба на оружје“ и „каква било помош за Москва“.

Шефот на француската држава, исто така, ја поздрави „подготвеноста“ на неговиот кинески колега „да ги замоли сите заинтересирани страни“ во различни конфликти на „олимписко примирје“ за време на летните Олимписки игри во Париз.

притисни ентер