Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
1Најбизарни скандал на Светското првенство: Фудбалер кај медиумите го „цинкарел“ селекторот за влијание во почетниот состав
ТенисШарапова се враќа на теренот по двомесечна паузаРуската тенисерка Марија Шарапова закрепна од повреда и по пауза од повеќе од два месеца ќе се врати на терените со настапот на Вухан, Кина.Третата тенисерка на светот ја прифати специјална покана од организаторите на турнирот, кој почнува на 27 септември и се игра за награден фонд од 2,2 милиони долари. - Гледам само напред и се радувам што ќе се вратам на терен. Напорно работев и со нетрпение очекувам повторно да играм, изјави Шарапова. 28-годишната Русинка нема меч уште од полуфиналето на Вимблдон кога загуби од Американката Серена Вилијамс. Шарапова во својата кариера има освоено 35 АТП трофеи и пет Грен слем турнири.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
МакедонијаМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од поразОбидите за доближување на ставовите за Изборните законик продолжуваат и утре.Обидите за доближување на ставовите за Изборните законик продолжуваат и утре, но премиерот Мицкоски вели дека по вчерашнате разговорите помеѓу пратеничките групи на кои опозициските партии настапиле со радикализирани позиции, не е оптимист за изнаоѓање на заеднички прифатливо решение. На вчерашната средба ВМРО-ДПМНЕ понуди наместо по електронски пат гласањето од дијапората да се одвива преку пошта, но дел од опозциските партии побарале одлуката за тоа да се носи со консензус во ДИК. За Мицкоски тоа е неприфатливо бидејќи во Македонија нема еднопартиски систем, туку демократија. Се останато вели дека е прифатливо за нив. „Еве јавно кажуваме и една изборна единица и поголем буџет за тие партии коишто не се во оние четири, нека има нека се рекламираат ако им дошло до парите, еве нека биде и тоа. Само да го помнеме изборниот законик, но очигледно е дека кај тие политички партии свесни за поразот на следните избори постои страв и се обидуваат да го бојкотираат, за да не испорачаме 10 од 10 индикатори од реформската агенда. Во ред 9 од 10 ќе испорачаме, еден помалку тоа е Изборниот законик. Ние не сакаме тоа да го туркаме преку европско знаменце и сето тоа да биде некако изнасилено. Мислевме дека имаме работа со зрели и одговорни луѓе коишто се грижат за иднината на земјата, но очигледно партиските и финаниските интреси им се пред се и над се“– Христијан Мицкоски, преседател на влада. Од СДСМ пак велат дека предлогот македонските иселеници да гласаат по пошта е неприфатлив за нив и сметаат дека отвора сомнеж за изборни злоупотреби во дијаспората. Бараат решение за начинот на кој ќе гласа дијапората да се изјаде во рамки на ДИК. - Замената на електронското гласање, без никаква контрола, со писма по пошта, без притоа ДИК да има можност да го регулира со консензус, не е гарант за безбесност и контрола на слободно изразување волја на граѓаните туку нова можност за изборни манипулации и нерегуларности. СДСМ нема да дозволи изборен грабеж, ние имаме обврска да го заштитиме гласањето и овие игри на ВМРО не ги прифаќаме. Власта треба да се откаже од овие намери, да се повлече и да се достави предлог ДИК со консенсуз да може да го регулира гласањето на дијаспората, велат од СДСМ за Канал 5. Од опзициската ДУИ доправа ќе носат одлука, од Левица најавуваат дека утре ќе го соопштат конечниот став по однос на гласањето на дијаспората со писма преку пошта. Од Алијасата на Зијадин Села пак веќе посочија дека предлогот е прифатлив за нив, но бараат освен на претседателски дијапората по пошта да може да гласа и на локалани избори. За измените на Изборниот законик кој се дел од реформската агенда СДСМ и Левица поднесоа над 13 илјади амандамни во Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците. Собранието има уште десетина дена рок да го донесе новиот Изборен законик, односно до 15 Јули кога и официјално ќе се испрати извештајот за реформскиот напредок на државава до ЕК. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
БалканФото: Трагична сообраќајка во Србија, загинаа двајца тинејџериДвајца тинејџери, осумнаесетгодишните Марко Ј. и Богдан М., загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случи во раните утрински часови, околу 6 часот, на влезот во Бања Ковиљача, во близина на станицата „Мазалова“ во Србија. Целиот град се простува од трагично загинатите момчиња чија смрт фрли сенка врз сè, а според оние што ги познавале, Марко и Богдан биле најдобри пријатели. Според неофицијални информации, тие загинале на самото место; се наоѓале во возило „Голф“ што се движело од правец на Лозница, излетало од патот и удрило во блиско дрво. Силниот удар ги разбудил жителите на околните куќи, а за неговата јачина сведочи и изгледот на автомобилот, кој бил целосно уништен. На местото на несреќата морале да излезат шестмина припадници на противпожарната единица од Лозница за да го исечат возилото, кое било обвиткано околу дрвото, и да ги извлечат настраданите. Екипата на брзата помош била таа што го констатирала трагичниот исход. Дежурниот обвинител при Основното јавно обвинителство во Лозница наредил да се изврши обдукција.Тагови: Балканот сообраќајка Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20
ЖивотСуперјахтата на Путин плови кон Арктикот на безбедноСуперјахта вредна 100 милиони фунти, за која се верува дека е во сопственост на рускиот лидер Владимир Путин, е преместена за да се избегнат напади со украински беспилотни летала.Бродот „Грејсфул“ (Graceful), долг 82 метри,за кој се верува дека му припаѓа на рускиот претседател Путин, плови крај брегот на Норвешка и во наредните денови се упатува кон северната руска пристанишна област Мурманск, според податоците од поморското разузнавање и сателитските снимки анализирани од „Телеграф“ (The Telegraph). Огромната јахта плови под придружба на два руски воени брода и под будното око на НАТО. Јахтата е снимена како плови со мрежи против дронови што ја покриваат нејзината палуба. Ја следат тешко вооружениот руски разорувач од класа I „Североморск“, како и рускиот спасувачки и патролен брод „Воевода“ од 7.500 тони. They're afraid: Putin's yacht was taken away from the Baltic under military protection due to fear of Ukrainian drones, - The Telegraph. pic.twitter.com/QroTSZE0N9 — Vijesti (@Vijesti11111) July 4, 2026 Конвојот е следен од НАТО, додека патролни бродови од германската и данската морнарица ги придружуваа бродовите на нивното патување низ Балтичкото Море, информира висок извор од НАТО. Според американската влада, познато е дека Путин имал бројни патувања на оваа јахта, вклучително и патување до Црното Море во 2021 година со Александар Лукашенко, претседателот на Белорусија. Бродот е опремен со базени со солена и слатка вода, хелиодром, теретана и безбедни владини комуникациски системи. Таа беше преместена од бродоградилиштето „Блом и Фос“ во Хамбург, Германија, во руската поморска енклава Калининград, 17 дена пред руската инвазија на Украина во февруари 2022 година. Четири месеци подоцна, САД ја означија јахтата како блокиран имот под санкции, што доведе до преименување на пловилото во „Косатка“, што на руски значи „кит-убиец“. Јахтата се криеше сè до минатата недела, кога повторно се појави по првпат по четири години.Тагови: Владимир Путин Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Опозицијата бега од реформи во Изборните законик поради страв од пораз15:00Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20Сончево и ветровите со температура до 33 степени09:01Дијаспората да гласа по пошта на следните избори, предлог на ВМРО-ДПМНЕ 18:00Партиите во обид да се договорат околу гласањето на дијаспорта15:18
Мицкоски од Кавадарци: Владата продолжува со поддршка на проектите во општините кои ќе го подобрат квалитетот на живот 13:20