Шар Планина национален парк дел од визијата развој во следните 20 години

Претставување на визијата за Шар Планина 2038 година како и формирање на прекугранично советодавно тело за регионот Шар Планина - Кораб - Коритник.

Што се протега во Македонија, Албанија и Косово беа главните цели на денешната конференција, што во организација на неформалната платформа на повеќе невладинини организации Пријателите на Шара се одржа на Попова Шапка.

Според Фросина Пандурска Драмиќанин од Македонското еколошко друштво визјата за Шар Планина односно како таа треба да изгледа во 2038 година е резултат на тримесечни интезивни трибини и состаноци со претставници од локалното население од шест општини во полошко кои гравитираат кон Шара.

- При нашите средби во Јегуновце, Теарце, Тетово, Боговиње, Врапчиште и Гостивар со земјоделци, ловџии, планинари, претставници на невладини организации и други од нивните размислувања за тоа како треба да изгледа Шар Планина за 20 години заеднички заклучок е дека таа треба сега и веднаш да биде прогласена за заштитено подрачје или национален парк за да се заштитат природните богатства со кои располага овој планински масив, рече таа.

Појасни дека документот што беше изготвен по овие состаноци предвидува дека Шара ќе биде со заштитена и зачувана природа, живи села со активно население и моќни месни заедници со одржлива економија и функционална инфраструктура, што нема да биде на штета на природата.

- Очекуваме дека овој документ да биде испратен до сите инстутуции надлежни за решавањето на статусот на Шар Планина како национален парк и оти ќе биде земен предвид од нивна страна. Заедно со студијата за валоризација на природните ресурси на Шар Планина што се врши во Министерството за животна средина се надеваме дека административните процедури ќе завршат за две до три години и Шара ќе го добие овој статус, изјави Пандурска Драмиќанин.

За Метин Муареми од Центарот за едукација и развој од Теарце токму недоаѓањето на претставници на институциите на денешниот настан само го потврдува нивниот скептицизам кон целиот овој процес започнат уште пред дваесетина години.

- По сите средби и разговори со месното население во Полошко ние ги увидовме нивните резмислувања за постојните проблеми, но и нивната потреба за зачувување на природата преку итно прогласување на Шар Планина за национален парк. Сепак овој процес треба да биде не само формален, туку целосно да се спроведе на терен во соработка и со помош на месното населени за ние навистина да добиеме Шара регион со развиен туризам но и со зачувана чиста вода, шуми, биодиверзитет и други природни богатста, без дива сеча или диви патишта низ планината рече Муареми.

Во вториот дел од денешната конференција беше формирано прекугранично советодавно тело за регионот на Шар Планина - Кораб - Коритник со учество на претставници од Македонија, Албанија и Косово.

Освен можноста за реализирање на заеднички прекугранични проекти очекувањата се дека иако телото ќе работи на доброволен начин преку него навремено ќе се реагира на главните проблеми, кои се исти за целиот регион.

Коалицијата „Вреди“ слави во Тетово

Здружената албанска коалиција „Вреди“ вечерва слави во изборниот штаб на коалицијата во Тетово. Присутни се тројцата лидери Арбен Таравари од Алијанса за Албанците, Африм Гаши од Алтернатива и Изет Меџити од Демократското движење.   

На првата прес-конференција во Скопје одржана по затворањето на гласачките кутии, Меџити рече дека „Вреди“ е новиот политички фактор кој достоинствено ќе ги застапува Албанците.

Од друга страна шефот на Изборниот штаб на Европскиот фронт предводен од ДУИ Арбр Адеми вечерва на втората прес-конференција во мала речица соопшти дека од половина од обработените гласови, водат со над 30 илјади гласови во однос на коалицијата „Вреди“.

Фото: МИА

МВР: Изборите поминаа во фер, демократска и слободна атмосфера, можеби најмирни досега

Во рамки на надлежност на МВР не се констатирани посериозни прекршувања на изборниот процес во текот на целиот ден. 

Се одржаа можеби најмирните, најдемократските и најфер избори кои што кога било се случиле, особено од безбедносен аспект, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на заедничка прес-конференција со дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, по завршувањето на двојните избори.

Тошковски изрази благодарност до сите полициски службеници, набљудувачи и македонските граѓани кои, како што нагласи, на мирен, фер и демократски начин покажаа дека заслужуваме да бидеме дел од европското семејство.

- Огромна благодарност до сите кои што помогнаа овој ден да биде таков како што беше. Да се живи и здрави македонските граѓани, да ни е вечна Македонија, порача Тошковски.

Според, дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како што помина првиот круг од претседателските избори, така и денешниот втор круг и парламентарните избори поминаа во една фер, демократска и слободна атмосфера.

- Граѓаните можеа слободно да го изразат своето право да гласаат. Македонската полиција беше и овој пат на висина на својата задача и ги створи сите предуслови за денешниот ден да се одржи во еден демократски чин, изјави Бојмацалиев.

Ужас во САД: Ја убил сопругата, зашто не можел да ги плати болничките трошоци

Маж од Мисури, обвинет за убиство со задавување на својата сопруга во болница, рече дека го направил тоа затоа што не можел да ѝ ги плати медицинските сметки, соопшти полицијата во соопштението за печатот.

Наводно, Рони Вингс ѝ рекол на полицијата дека ја задавил сопругата и ѝ ги покрил носот и устата за да не вреска.

„Таа беше во болница каде добиваше нова терапија за дијализа“, рече детективот Тод Винборн.

Винборн рече дека Вингс го признал убиството откако му биле прочитани неговите права.

Во петокот, медицинскиот персонал во болницата бил предупреден за срцев удар на пациентката околу 20:30 часот по локално време. Тие ја пронашле жртвата која не дишела и немала пулс, се вели во соопштението.

Жената не беше прогласена за мртва во тоа време, но немала функција на мозокот, што го натерало медицинскиот персонал да ги прекине сите мерки за спасување живот, се вели во соопштението.

Тој додава дека тогаш медицинските работници го слушнале сопругот на жртвата како го признава убиството.

„Јас го направив тоа, ја убив, ја задавив“, повторил тој.

Вингс на крајот во болницата бил уапсен од полицаец кој не бил на должност.

Во соопштението се вели дека Вингс признал дека ја задавил својата сопруга, ѝ ги затворил носот и устата за да не вреска, а потоа ја напуштил болницата.

Подоцна се вратил со братучед.

Според соопштението, Вингс му рекол на полицаецот дека се обидел да ја убие жената уште два пати додека била во болница, додавајќи дека бил во депресија и ја убил бидејќи не можел да ги плати болничките сметки.

Тој се соочува со обвинение за убиство од втор степен и е задржан со кауција од 250.000 долари.

Доколку биде прогласен за виновен, му се заканува казна затвор до 30 години или доживотен затвор.

притисни ентер