3ЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонии
Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
2Педијатрите ги предупредуваат родителите за консумирањето енергетски пијалаци кои може да биде штетни по здравјето на децата и тинејџерите
ЖивотШар Планина ќе се прогласи за национален парк врз основа на студијата за валоризација Биолошката разновидност на Шар Планина е уникатна и може да се каже дека се карактеризира го големи вредности по кои се издвојува од сите останати природни подрачја во Република Македонија.„Студија за валоризација на Шар Планина" е клучниот документ од речиси 700 страници што беше завршен во март 2020 година, по што постапката за прогласување на масивот за национален парк отиде чекор напред со одлука на Владата на 5 мај за прифатливоста на иницијативата. Сега следува спроведување на јавна консултација и јавна расправа и усвојување на Законот за прогласување, кој за категоријата Национален парк го усвојува Собранието, на предлог на Владата. Главен исчекор во создавањето на студијата е проектот „Постигнувањето на зачувување на биолошката разновидност, преку создавање и ефикасно управување со заштитените подрачја и интегрирање на биолошката разновидност во планирање на користење на земјиштето", финансиран од Глобалниот фонд за животна средина, имплементиран преку Програмата на Обединетите Нации за животна средина (УНЕП), каде главен корисник е Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), а во својата прва, компонента, предвидува проширување на мрежата на заштитени подрачја во државата. -Во рамки на оваа компонента, беше дефинирана потребата од изработка на Студија за валоризација на Шар Планина и поднесување иницијатива за прогласување на национален парк Шар Планина. Во рамките на споментатиот проект, ангажиран е конзорциум партнери, Институтот за екологија и технологија од Тетовскиот Државен Универзитет (главен партнер/одговорен координатор) и Институтот за биологија при Природно-математичкиот факултет од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј", за изработка на студијата. Студијата обезбеди научни податоци (врз основа на веќе публикувани студии и двегодишни истражувања на терен) за моменталната состојба на природното наследство за предвиденото заштитено подрачје. Во таа насока се обработени одделни тематски подрачја како што се, геодиверзитет, клима и педологија, билошка разновидност (флора, габи и фауна), екосистеми и предели. Студијата опфаќа дел за валоризација на природното наследство и социо-економските вредности и анализа на заканите, како и поголем број анализи, стратегии и информации, посочуваат од УНЕП, МЖСПП и експертскиот тим, како главни автори на студијата. Авторите посочуваат во студијата дека предложената категоријата за заштита-Национален парк, најмногу одговара на карактеристиките на просторот од Шар Планина. -Во овој простор се идентификувани голем број разновидни вредности на геодверзитетот и биодиверзитетот. Биолошката разновидност на Шар Планина е уникатна и може да се каже дека се карактеризира го големи вредности по кои се издвојува од сите останати природни подрачја во Република Македонија. Заради исклучителните природни вредности делови од Шар Планина се идентификувани како еден од најзначајните подрачја за зачувување на природата на национално, регионално и европско ниво. Дел од Шар Планина е вклучен во Националната Емералд мрежа, којашто произлегува од обврските на државата за имплементација на Конвенцијата за заштита на дивиот свет и природните живеалишта во Европа (Бернска Конвенција). Шар Планина претставува потенцијално идно „Натура 2000" подрачје, кое поседува високи природни вредности, но за потврда на истите потребно е да се реализираат повеќегодишни научни истражувања. Шар Планина на национално ниво е идентификувана како значаен орнитолошки локалитет, значајно растително подрачје и значајно подрачје за пеперутки. Поголем дел од растенијата, габите и животните, кои се среќаваат на Шар Планина имаат меѓународен режим на заштита согласно ратификуваните меѓународни договори од нашата држава и согласно ЕУ директивите за живеалишта и птици, велат авторите на студијата. Согласно Законот за заштита на природата со Студијата за валоризација се предвидува зонирање на заштитеното подрачје во три зони. Тоа се зона за строга заштита, зона за активно управување и зона за одржливо користење. Во секоја од зоните се предвидува соодветен режим на заштита. Дополнително, каде се покаже дека е потребно, се воспоставува и зона на заштитен појас. Генерално, економскиот развој на идниот Национален парк ќе се одвива во зоната за одржливо користење, но активностите ќе се одвиваат на одржлив начин, во согласност со Планот за управување на идното заштитено подрачје и Просторниот План за истото (документи, кои дополнително треба да се подготват и ќе бидат основа за работа на идното тело за управување со подрачјето). Во зона за активно управување (ЗАУ) се дозволени традиционални практики и екотуризам, а зона за строга заштита (ЗСЗ) има основна цел да ја задржи природната состојба на живеалиштата и интересот за економски активности е најмал. Скијачкиот Центар „Попова Шапка" се наоѓа во зоната за одржлив развој, што овозможува и понатаму да продолжи развојот на туризмот . -Со цел заштита на природата и вклопување на туристичките понуди во идната програма за развој на туризмот, како составен дел од планот за управување со НП Шар Планина, функционирањето на туристичките објекти треба да биде одржливо. Во однос на рурален туризам, во рамки на истражувањата за пределите, шарпланинскиот рурален предел е вреднуван со особено висок индекс на визуелен квалитет, заради зачуваниот рурален изглед, заради што има висок потенцијал за развој на рурален туризам. Пределот е најрепрезентативен кај атaрите на селата Вејце, Бозовце, Вешала и Бродец. Вреди да се споменат и атарите на селата Ѓермо, Јеловјане, Ново Село, Ломница, Калиште и Дуф. Во Студијата има посебен дел кој дава препораки за користење на природните ресурси од страна на населението. -Во однос на земјоделството, вклучувајќи и растително производство и сточарство, во зона на одржливо користење (ЗОК) ќе се препорачува одржливо земјоделство, по принципите на органско, но секако нема да биде забрането класично земјоделство. Во зоната за активно управување ќе има одредени препораки во однос на големините на парцелите за растителното производство (и нивно одвојување со меѓи од природна вегетација на секој декар), но ќе биде дозволено традиционално земјоделство. Традиционалното сточарење е одлика на Шар Планина и е исклучително важно за одржување на секундарно антропогените живеалишта, заради што пасењето се смета за пожелна активност. Секако треба да се напомене дека сите активности ќе бидат контролирани од страна на управувачот, идната Јавна установа Национален парк Шар Планина. Во однос на користењето на шумите (и собирањето диви растенија), тоа ќе биде возможно (на контролиран и одржлив начин) да продолжи во зоната за одржливо користење. Во зоната за активно управување, генерално сите активности треба да бидат насочени кон ревитализација на природата, според тоа, практиките треба да бидат во согласност со целите за зачувување на природата, се посочува во студијата. Вкупната површина на предлог заштитеното подрачје Национален парк Шар Планина изнесува 54.214,08 хeктари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветТрамп застана во одбрана на Хегсет од обидот за импичментАмериканскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент.Американскиот претседател Доналд Трамп застана во одбрана на министерот за одбрана Пит Хегсет, против кого конгресмени од Претставничкиот дом иницираа импичмент поради неговите постапки во врска со војната во Иран и американските воени операции во други земји „Добро, тој доби две војни. Не знам како може да покренете постапка за импичмент против него. Што ќе кажете за импичмент на одговорните за војните во Виетнам, Авганистан, Ирак и сите останати, кога војувавме бескрајно, а ништо не постигнавме “, изјави Трамп, додавајќи дека ќе го поддржи Хегсет доколку Конгресот одлучи да го отстрани од функцијата. Претходно вчера, конгресменот Томас Маси предложи гласање за импичмент на министерот за одбрана. Предлогот на републиканскиот конгресмен беше поднесен веднаш по отворањето на првата седница на Претставничкиот дом по меѓуизборите. Тој главно се однесува на постапките на Хегсет во врска со војната во Иран, но ги опфаќа и неговите постапки во рамките на американските воени операции во Јемен и Венецуела. Маси оцени дека дејствијата на министерот претставуваат „тешки престапи и прекршоци“ и дека начинот на кој тој раководи со Пентагон ги исполнува условите за покренување постапка за импичмент. Гласањето во Претставничкиот дом би можело да се одржи во средината на неделата, со што дополнително ќе се зголеми притисокот врз републиканците, од кои многумина го посочија конфликтот во Иран како една од причините за изборниот неуспех. Сепак, натамошниот тек на постапката останува неизвесен. Претседателот на Претставничкиот дом, Мајк Џонсон, се обиде да го спречи гласањето, предупредувајќи ги пратениците дека не треба да покренуваат постапка за импичмент против министерот за одбрана додека траат американските воени операции на Блискиот Исток. „Покренувањето постапка за импичмент против член на администрацијата токму сега, особено против министерот за одбрана додека се водат воени операции во странство, би испратило ужасна порака. Тоа би било нешто што нашите сојузници и противници би го виделе“, изјави Џонсон на почетокот на седницата. Се очекува повеќето демократи во Претставничкиот дом да ја поддржат постапката за импичмент на Хегсет. Лидерот на демократското малцинство, Хаким Џефрис, во текот на викендот изјави дека е време министерот за одбрана да ја напушти функцијата. Доколку предлогот добие поддршка во Претставничкиот дом, постапката ќе продолжи во Сенатот. Републиканците сè уште имаат мнозинство во двата дома на Конгресот, сè до јануари, кога новоизбраните членови ќе положат заклетва, а демократите ќе ја преземат контролата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Култура„Нарвал рок фест“ на 13 ноември во Скопје со настапи на три домашни музички составиЗдружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective) го најавува второто издание на музичкиот фестивал „Нарвал рок фест 2“, кој ќе се одржи на 13 ноември 2026 година, со почеток во 20:00 часот, во „Биртија паб“ во Градскиот трговски центар (ГТЦ) во Скопје.На второто издание на фестивалот ќе настапат три домашни музички состави и изведувачи: „Ширшаја „Тантрум“ и „Флукс“, кои претставуваат различни музички жанрови, вклучувајќи готик-рок, панк-рок и современ рок. „Нарвал рок фест“ е музички настан посветен на промоцијата и поддршката на домашната независна музичка сцена, со посебен акцент на алтернативната и рок-музиката. Фестивалот има цел да обезбеди дополнителен простор за концертни настапи на домашните автори и изведувачи, да ја поттикне нивната видливост и да придонесе кон развојот на независната музичка продукција во Македонија. По одржувањето на првото издание, организаторите го продолжуваат фестивалскиот концепт со програмска содржина која обединува изведувачи од различни музички правци. Со ваквиот пристап, фестивалот настојува да ја претстави жанровската разновидност на домашната алтернативна сцена и да овозможи непосредна комуникација меѓу музичарите и публиката. Во рамките на фестивалската програма, групата „Ширшаја“ ќе настапи со својот препознатлив готик-рок звук, кој се карактеризира со меланхолична атмосфера и специфичен музички израз. Групата „Тантрум“ ќе настапи со современ рок-репертоар и сопствени авторски материјали, додека „Флукс“ ќе го претстави панк-рок правецот, со динамичен и енергичен музички израз. Организатор на фестивалот е Здружението „Нарвал“ (Narval Rock Collective), чија активност е насочена кон поддршка, промоција и афирмација на домашната независна музичка сцена. Преку организирање концертни настани и поврзување на изведувачи од различни музички жанрови, здружението настојува да придонесе кон создавање континуирани можности за јавна презентација на домашното авторско музичко творештво. Второто издание на „Нарвал рок фест“ ќе се одржи на 13 ноември, со почеток во 20:30 часот, во „Биртија паб“ во ГТЦ во Скопје. Цената на влезниците изнесува 400 денари во претпродажба, додека на денот на настанот, на влезот, ќе изнесува 500 денари. Влезинците во предпродажба може да се купат во Олд Скул рок кафе. Организаторите ги покануваат љубителите на рок и алтернативната музика да присуствуваат на фестивалот и да ја поддржат домашната независна музичка сцена.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиУчество на претседателката Сиљановска-Давкова на 9. Париски мировен форум08:35Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Судењето на Ива Михаилова продолжи и во нејзино отсуство, денеска се сослушуваа вештаци на предлог на одбраната.15:16
Основниот суд во Кочани го одби барањето на Ива Михаилова преку конференциска врска да учествува во судската постапка 12:57
Продолжува судскиот процес против Ива Михаилова, обвинета за предизвикување сообраќајна несреќа со смртни последици11:21
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
МакедонијаЈП Комунална хигиена-Скопје: Во текот на минатата недела се отстранети 890 кубни метри отпад од диви депонииВо текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 3600 тони комунален отпад од домаќинствата и правните субјекти на територијата на градот Скопје.Во истиот период се отстранети 890 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество непрописно одложен отпад е подигнато во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 220 кубни метри отпад од диви депонии. Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 26 записници за лица и правни субјекти затекнати при кршење на Законот за јавна чистота. Најголем број на записници – вкупно 12, беа врачени на територијата на скопската општина Чаир. ЈП Комунална хигиена-Скопје реализираше еко-предавања за правилно постапување со отпадот во ООУ „Круме Кепески“ во општината Кисела Вода. Со едукативните активности беа опфатени вкупно 90 ученици од шестите одделенија во училиштето, а нашите најмлади сограѓани беа запознати на кој начин правилно да го одлагаат комуналниот отпад, како и за придобивките од неговата примарна селекција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook