Шампионка се засрами кога виде колку ја повредила противничаката (ВИДЕО)

Женскиот Кабиб, како што ја нарекуваат Кајла Харисон, победи на почетокот од нејзината ММА кариера со осма победа на осмиот настап.

Харисон ја победи во доминантно шоу Кортни Кинг, но по победата таа не изгледаше воодушевено. Таа и го изобличи лицето на својата противничка , која беше облеана со крв , па победничката изгледаше засрамено.

Ова беше нејзино деби за организацијата Инвикт ФК, а сега за прв пат падна во перолесна категорија. Прекарот женски Хабиб го добила поради фантастичната борба на земја. Харисон освои златен медал во џудо на Олимписките игри во Лондон 2012 и во Рио 2016 година.

Дневен хороскоп за 6. март 2021 година

Дневен хороскоп за сабота, 6. март 2021 година. 

Риби 20.2.- 20.3.

Љубов

Некои ќе ја стават саканата личност на врвот на своите вредности , но при тоа нема да ја запостават ниту кариерата. Ќе успеете сето тоа среќно да го споите.

Кариера

Денеска ќе бидете посветени на своите надредени , кои ќе покажат дека некои работи ги прават полошо од вас . Помогнете им.

Здравје и совет

Преоден стрес.

Овен 21.3-20.4.

Љубов

Ако сте во отуѓена или во воинствена фаза со другата страна , денеска кон сите работи ќе им приоѓате лежерно , а ќе постои и одредена блискост.

Кариера

Се чини како другите денеска да водат главен збор , па на вас останува мудро да се прилагодите . Бидете трпеливи.

Здравје и совет

Радувајте му се на секој убав момент.

Бик 21.4- 20.5.

Љубов

Веројатно со интензивни забави ќе се обидете да ги оттргнете грижите што ве задушуваат. Можно е излегување и луд провод без емотивно исполнување.

Кариера

Сега ви е веќе сосема јасно дека не го држите конците во своите раце, но тоа не ве загрижува толку колку прашањето до кога ова ќе трае.

Здравје и совет

Бидете умерени.

Близнаци 21.5.-21.6.

Љубов

Самите на себе се чудите како ви оди добро, па си дозволувате и по некој непромислен потег. Бидете благодарни за она што го имате.

Кариера

Кога не би имало барања и деловни планови , секој би работел што сака , но резултатите би биле лоши. Треба повеќе да соработувате.

Здравје и совет

Прошетајте се на воздух.

Рак 22.6-22.7.

Љубов

Не е потребно да ви се даваат дополнителни информации , бидејќи самите разбирате во која насока треба да делувате за да се подобри односот. Следете ја интуицијата.

Кариера

Можно е надредениот да ви се довери и да го покаже неговото ранливо лице. Вие сте како карпа на која сите може да се потпрат.

Здравје и совет

Издржете.

Лав 23.7-22.8.

Љубов

Веројатно денеска ќе бидете сентиментална душа , подложна на чувствителност и ранливост.

Кариера

Во своите деловни комуникации ќе покажете ретко видена сериозност. Некои од соработниците дури и ќе се плашат од вас.

Здравје и совет

Преодна психичка нестабилност.

Девица 23.8.-23.9.

Љубов

Денеска би можеле со непромислени постапки да ја изненадите , па дури и да ја повредите другата страна, па внимавајте како се однесувате.

Кариера

Се отвораат нови можности за соработка , но само ако постапувате професионално и одмерено.

Здравје и совет

Душевен немир што набргу ќе помине.

Вага 24.9.-23.10

Љубов

Вашето главно двоумење денеска ќе биде дали да играте со отворени или со затворени карти. Во секој случај , ќе бидете доследни.

Кариера

Финансиските прашања ќе ви одземат голем дел од работното време. Ќе комбинирате она што никој до сега не успеал да го направи и тоа успешно.

Здравје и совет

Внимавајте да не се сплеткате.

Шкорпија 24.10-22.11.

Љубов

Нема да се збуните , доколку другата страна малку ве испровоцира. Напротив, тоа ќе го искористите за уште повеќе да ја зацврстите врската.

Кариера

Една тајна има голема тежина , а вие ќе ја чувате знаејќи колку вреди. Денеска во себе ќе размислувате за тоа.

Здравје и совет

Чувствителност на бубрезите.

Стрелец 23.11.-21.12.

Љубов

Ќе ве заинтригира едбна секојдневна ситуација, зашто во неа ќе видите голем љубовен потенцијал.

Кариера

Подготвени сте за промени за разлика од вашите колеги. За нив тоа ќе биде нестварно , па ќе мора да ги убедувате.

Здравје и совет

Постои можност за настинка.

Јарец 22.12.-20.1.

Љубов

Би можеле едноставно премногу да се трудите околу личноста која ја сакате, а сето тоа би можело да биде закочено и неприродно. Опуштете се.

Кариера

Ќе биде затегнато на работното место , зашто ќе треба да решите еден проблем што доволно долго ве мачи.

Здравје и совет

Изразите го својот став и борете се.

Водолија 21.1.-19.2.

Љубов

Уште сте подготвени за многу нова љубов , а не авантури , а во тоа денеска ќе ви помагаат пријателите. Оние во врска се одлично.

Кариера

Нема друго , туку да ги засукате ракавите и да се фатите за работа. Не сметајте на попусти , туку напротив , ќе се очекува многу од вас.

Здравје и совет

Одморете се во слободното време.

Монструми киднапирале дури 150 деца во Тенеси, конечно се фатени (ВИДЕО)

Повеќемесечната полициска истрага довела до зачудувачко откритие во американската држава Тенеси.

Околу 150 деца на возраст од три до 17 години биле пронајдени низ целата земја како дел од ненадејните рации.

Пет деца биле жртви на криумчарење, а едно дете е пронајдено како дел од истрагата за киднапирање, а уапсен е и еден осомничен, соопштија истражителите.

Откритијата во Тенеси претставуваат најголем успех од сите неодамнешни акции на американските држави во мисијата за пронаоѓање исчезнати деца.

Полицијата исто така извести дека неколку лица биле уапсени.

„Се надевам дека оваа операција ќе го смени текот на животот на 150 деца и ќе им даде можност што секое дете го заслужува“, рече Тајрис Милер, американски шериф за западниот округ Тенеси.

Операцијата започнала есента 2020 година. Вкупно 240 исчезнати деца биле идентификувани низ целата држава. Конечната акција започнала во јануари, а за два месеци успеале да пронајдат 150 деца.

Околностите на исчезнување на децата се различни, некои деца избегале од дома, други живеат со други членови на семејства, а некои за жал биле злоупотребени и експлоатирани.

Конгресменот во Тенеси, Тим Бурчет ги нарече резултатите чудесни.

Во текот на 2020 година биле пронајдени вкупно 387 деца со помош на американските маршали. Некои други држави, како што се Охајо, Вирџинија, Индијана и Џорџија, исто така започнале акции насочени кон пронаоѓање на исчезнати деца.

Ванда Икарди се соблече за да испрати важна порака (ФОТО)

Аргентинката Ванда Икарди, позната како Ванда Нара пред бракот со Мауро Икарди, е фудбалски менаџер која раководи со кариерата на нејзиниот сопруг.

Икарди е една од најголемите sвезди на богатиот ПСЖ, а Ванда со години се грижи за неговата кариера. Освен со својата менаџерска кариера, Ванда е светски позната и по својот профил на Инстаграм.

Ванда на Инстаграм ја следат скоро седум и пол милиони луѓе кои ги привлекла објавувајќи претежно голи фотографии.

Во неодамнешната објава, Ванда се фотографира во провокативно издание за да привлече внимание на тоа што ќе напише во описот на таа фотографија.

„Останете дома“, напиша таа и на необичен начин ги повика своите следбеници на придржување кон мерките против коронавирусот.

притисни ентер