3Дали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа?
ФудбалШалке по девет години повторно гостин во СкопјеБундеслигашот Шалке, по девет години повторно ќе гостува во Скопје. Претходно овој тим во Скопје играше во рамките на Интертото купот истотака против Вардар.Екипата на Шалке, како што јави МИА, оваа сезона беше учесник во осминафиналето од Лигата на шампоните (елиминиран од Галатасарај), а утревечер (почеток 20 часот) ќе се појави на теренот на Националната арена „Филип втори“. Германскиот тим гостува на македонскиот шампион Вардар, а пријателскиот дуел е како дел од добрата соработка на двата тима. - Натпреварот се игра на празник и поради продолжениот викенд очекуваме нешто послаба посета од вообичаената за вакви натпревари, иако цената на влезниците е симболична 120 денари и 150 денари. Досега се продадени 4.000 влезници, а тука се и навивачката група Комити и фановите на Шалке. Лично би бил задоволен доколку 15 000 љубители на фудбалот се најдат на трибините, истакна на денешната прес-конференција претседателот на клубот, Зоран Шишковски. За шефот на стручниот штаб Благоја Милевски натпреварот е само ревијален и шанса ќе добијат сите регистрирани фудбалери кај „црвено-црните“. На ваков чекор Милевски се решава бидејќи за Вардар во последните две кола следуваат клучните натпревари за титулата со Металург и со Хоризонт Турново. Шалке ќе допатува во најсилниот состав, кој минатиот викенд го заврши шампионатот во Бундес лигата на четвртото место.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаМицкоски: Дојдовме до точка нула, а бевме во длабок минус, од сега очекувам само растИндустриското производство бележи позитивни движења.Прометот во индустријата е зголемен за над 5,5 отсто во споредба со третиот квартал минатата година, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗНАМ: Повеќе од 30 членови на СДСМ од Ѓорче Петров преминаа во Движење ЗНАМПовеќе од 30 членови на ОО СДСМ - Ѓорче Петров ја напуштија партијата и пристапија кон Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија. Овој чекор е уште една потврда дека се поголем број граѓани ја препознаваат политиката на ЗНАМ како автентична, принципиелна и посветена на интересите на граѓаните. Состојба во која се наоѓа СДСМ, отсуството на јасна политичка визија и губењето на довербата кај граѓаните се дел од причините поради кои членството ја напушта партијата. Новите сопартијци ги пречекаа Генералниот секретар на Движење ЗНАМ, Горан Минчев и претседателот на ОО Движење ЗНАМ - Ѓорче Петров, Славољуб Тотиќ. ЗНАМ продолжува да ги отвора вратите за сите чесни, искрени и принципиелни луѓе кои сакаат да придонесат за поинаква, одговорна и достоинствена политика. Центар за комуникации и аналитика ЗНАМТагови: ЗНАМ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаДали измените на законот за спречување семејно насилство ќе дадат резултат, што покажуваат искуствата во Европа? Ниту еден случај на фемицид, ова според светските медиуми е билансот во Шпанија, по воведувањето на мерката електронска нараквица за следење на потенцијалните насилници воведена во 2009 година. Од тогаш под заштита биле ставени над 20 илјади жени, а користени биле речиси пет илјади активни уреди. Според искуствата во Шпанија и Португалија, Електронската алка меѓудруогото создала силен психолошки ефект врз насилникот, а постојаното чувство на надзор го одвраќа од прекршување на забраните. Од друга стана, на жртвата ѝ обезбедува поголемо чувство на сигурност. Како Ваквиот модел во најава ќе се одрази во Македонија, преку новите законски измени. Психолозите сметаат дека ваквата мерка може да има само позитивен ефект. ,,Сигурно дека ќе се чувствуваат побезбедно ако знаат дека оној којшто го врши насилството е под контрола и дека може да направи нешто што никој не знае. Мислам дека е добра мерка затоа што ние имаме голем број во Македонија каде насилството се повторува повеќе пати, после првите пријави никогаш не запира. Се надевам дека со оваа токму ова мерка дека ќе се намали бројот на можни повторувања на насилството,, – психолог Мирјана Предложените измени предвидуваат и побрза полициска интервенција. При сериозна опасност, полицијата ќе може да го отстрани насилникот од домот на 48 часа, а судот да ја продолжи мерката до 30 дена. Потребата од дополнителна заштита ја потврдуваат и бројките на МВР – за десет месеци годинава се регистрирани 1.897 пријавени настани поврзани со семејно насилство, дури 70 проценти повеќе од лани.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook