Шакира објави порака за предавство и скршено срце: Не ја заборавајте својата вредност - Канал 5

Шакира објави порака за предавство и скршено срце: Не ја заборавајте својата вредност

На Нова Година, Шакира со своите следбеници на Инстаграм сподели краток текст на англиски и шпански јазик во кој ги искажува своите размислувања.

Шакира објави порака за предавство и скршено срце: Не ја заборавајте својата вредност

Текстот зборува за скршеното срце, предавството и лошите луѓе, но и за патот до исцелението и љубовта кон луѓето.

„Дури и ако нашите рани се сè уште свежи, времето има хируршки раце. Дури и ако некој нѐ изневери, мора да продолжиме да им веруваме на луѓето. Дури и кога не ве почитуваат, не заборавајте ја вашата вредност. Бидејќи има многу повеќе добри луѓе отколку лоши. И тие се многу повеќе сочувствителни отколку рамнодушни. Малку се оние кои ќе не напуштат, а уште многу се оние кои ќе бидат на наша страна“, напиша пејачката и заклучи:

„Не залудни ни се солзите, ја натопуваат почвата на нашата идна пролет и нѐ прават похумани, за и со скршено срце да продолжиме да сакаме.“ Објавата собра речиси два милиони лајкови и илјадници коментари.

„Убаво напишано“, „Ти си една од тие добри луѓе“, „Не губи надеж, и покрај болката продолжи, сакај и еден ден ќе ја најдеш вистинската личност за тебе“, „Во најдобрата фаза од животот си, Господ сигурно има голем благослов за вас и вашите прекрасни деца“, се само дел од коментарите.

Оваа порака ја напиша колумбиската поп ѕвезда неколку недели откако таа и нејзиниот поранешен сопруг се сретнаа на суд за да го финализираат договорот за поделба на старателството над нивните синови. Пике наводно ѝ дал благослов на својата поранешна партнерка да се пресели во Мајами со децата, за да избегне правна битка околу даноците што се водат против неа во Шпанија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани на последниот фестивалски ден на „Дрим Шорт“ 

Проекција на „Колку чини водата?“ и еко хакатон во на „Дрим Шорт“

Програмата за четвртиот фестивалски ден на 10. Дрим Шорт ќе започне во 17 часот во Europe House Struga со проекција на Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани.

Денеска е последен ден за Специјалната ВР програма во Дуќан, со филмовите односно виртуелни искуства „Shelter“ и „8 billion selves“. Вo продолжение се наоѓа филмската програмата и распоредот за последниот фестивалски ден.

Програма за 9 август (недела) Локација: Europe House Struga 17:00 Проекција на „Колку чини водата“ во режија на Сара Александровска и Еко-хакатон во соработка со Еко-свест Вевчани 19:00 Проекции на вториот дел од студентската натпреварувачка програма Grandpa's Fur, режија: Teodor Stoilov, Nellie Rajala Rage, режија: Fran Moreno Blanco, Santi Pujol Amat Ends and beginnings, режија: Klaudia Fortuniak Локација: Парк на поезија 20:30 Проекции на мешана натпреварувачка програма Меѓународна програма Eraserhead in a Knitted Shopping Bag, режија: Lili Koss Регионална програма SOS, режија: Anita Morina Специјална програма „Соочување со минатото“ Intersecting Memory, режија: Shayma' Awawdeh Национална програма Christmas Lights, режија: Gjorgji Lazov

По проекциите следува серија на прашања и одговори со Златко Ѓелески и присутните автори. По филмската програма следува доделувањето на наградите за ова 10-то јубилејно издание на фестивалот. Распоредот и програмата се достапни на социјалните мрежи и веб-страницата на „Дрим Шорт“ (www.dsff.mk). Влезот за сите настани е бесплатен.

Со почит, тимот на Дрим Шорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

Лицата се лишени од слобода, следуваат пријави по брза постапка.

Пронајдени кокаин и марихуана при претреси на неколку локации во Скопје

На 09.08.2026 во 01:00 часот на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(42) од Скопје. При претрес во неговиот дом, биле пронајдени и одземени кокаин, марихуана, дигитална вага со остатоци од кокаин и други прдмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело.

На 08.08.2026 околу 20:30 часот на ул.„Букурешка“ на подрачјето на Карпош во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје ги лишија од слобода Д.М.(23), М.Ч.(23) и 16-годишна малолетничка, сите од Скопје. При преземање службени дејствија од лицето Д.М се пронајдени и одземени поголема количина на марихуана и кокаин.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по брза постапка.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

На 8 септември се одбележуваат три и пол децении откако граѓаните во 1991 година ја донесоа историската одлука за суверена и самостојна држава.

35 години независност – Приказната продолжува (ВИДЕО)

Прогласувањето на независноста не беше само формален политички чин, туку крунисување на вековниот стремеж за сопствена татковина. Овој јубилеј е потсетник за сите предизвици, успеси и клучни пресвртници кои го дефинираа македонскиот идентитет во изминатите 35 години.

По тој повод е изработен и видео спот кој потсетува на сите значајни моменти во овие изминати 35 години, прогласувањето независност, воведувањето на денарот како македонска валута, спортските успеси, достигнувањата во кинематографијата, музиката и т.н.

Видео спотот завршува со прекрасна порака: „Приказната продолжува, а најубавите страници допрва треба да ги испишеме.“

Видеото е изработено со цел да се промовира музичко-сценскиот спектакл „Силно светнал ден!“, кој во повеќе градови треба да ја пренесе приказната за 35 години од независноста на Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер