3Новиот норвешки крал во првото обраќање му оддаде почит на починатиот татко, му затрепери гласот (ВИДЕО)
Шоу бизШакира итно хоспитализирана Светската музичка ѕвезда, Колумбијката Шакира неодамна започна турнеја во Бразил, но нејзиниот настап во главниот град на Перу, Лима, мораше да биде откажан поради итна хоспитализација. Како што објави на своите социјални мрежи, таа е пренесена во болница поради силни стомачни болки. - Жал ми е што ве известувам дека синоќа морав да одам на Итна помош поради болки во стомакот и моментално сум во болница. Докторите кои ме лекуваат ми рекоа дека вечерва не сум во можност да го одржам концертот – напишала Шакира на својата инстаграм сторија. Пејачката изрази надеж дека наскоро ќе оздрави и дека лекарите што поскоро ќе ја пуштат од болница за да може да ја продолжи турнејата.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаРекација на ВРЕДИ: ВЛЕН денес гради, ДУИ обезбедуваше лагиДУИ повторно се фали со својата омилена работа – дека нешто „обезбедила“, а лаже.Дваесет години на празни обезбедуваа пари, најавуваа проекти, цртаа патишта и сечеа ленти на презентации. Цел свет полн со лажни ветувања. На граѓаните им останаа ветувањата, а на партиската елита на ДУИ, привилегиите. Разликата денес е едноставна и се гледа со голо око. ВЛЕН не раскажува за проекти. Проектите се градат. Проектите се гледаат. Се гради автопат кон Гостивар. Се пробива автопатско поврзувањето кон Кичево. Започна да се гради автопатската врска кон Косово. Се гради Коридорот 8. Она што со години беше цртано на карти, најавувано на прес-конференции и користено пред избори, денес е градилиште. Додека ДУИ се слика, ВЛЕН гради на терен. ДУИ денес вели: „Ние ги обезбедивме парите“. Граѓаните со право прашуваат: ако сè сте обезбедиле, зошто за 20 години не го изградивте? Каде ги чувате? Каде стоеја тие пари? Некаде беа скриени? Зошто западниот дел од Македонија две децении остануваше со тесни грла, опасни патишта, недовршени траси и инфраструктура која не одговара на потребите на граѓаните? Додека ДУИ беше незаменлив дел од секоја власт, големите инфраструктурни приказни завршуваа со фотографии и тендерски најави. Западна Македонија чекаше, а приоритетите одеа на други страни. Се градеше за Штип и Гевгелија. Денес сликата е поинаква. Се градат булевари во Тетово. Се инвестира во новиот кампус на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје. Се инвестира во булевари и инфраструктура во Струга. Се градат улици, канализации, водоводи, канали и локална инфраструктура низ општините каде живеат Албанците. Багерите се на терен, а ДУИ е на прес-конференција, плаче и лаже. Тоа е целата разлика. Дваесет години ДУИ им објаснуваше на Албанците што е „обезбедено“, што „ќе почне“, што „се планира“ и што „ќе се гради“. Од нивната ера остана спомениците од „Скопје 2014“, додека Чаир, Тетово, Гостивар, Кичево, Струга и другите средини со години ги чекаа основните инфраструктурни инвестиции. Сега кога конечно се гради, ДУИ сака да се запише како автор на секој километар асфалт. Не оди така. Пари што стојат на хартија не се автопат. Проект во фиока не е булевар. Ветување на прес-конференција не е инфраструктура. Граѓаните не возат по соопштенијата на ДУИ. Граѓаните возат по патиштата што денес се градат. И токму затоа ДУИ е нервозна: по 20 години зборови, за првпат може директно да се спореди што ветувале тие и што се гради денес. Секој проект што ВЛЕН го ветил, ќе го оствари, тоа го знаат граѓаните. Тоа ги прави ДУИ нервозни. ДУИ остави папки. ВЛЕН остава патишта, се наведува во партиската реакција.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизЛепа Брена се огласи по откажаниот концерт во Крива Паланка: Ви благодарам за разбирањето Лепа Брена беше принудена да го одложи концертот што требаше да го одржи вчера во Крива Паланка, поради неочекувани и неповолни временски услови.Пејачката веднаш се огласи преку својот официјален Инстаграм профил и ја информираше публиката за промената на плановите, објави Телеграф. - Поради неочекувани и неповолни временски услови, вечервашниот концерт во Крива Паланка за жал е одложен - сподели пејачката со своите следбеници. Сепак, нејзините обожаватели нема да мора да чекаат долго за концертот. Како што изјави пејачката, настапот е одложен за вечерва, 30 август, на истата локација. Брена им се заблагодари на публиката за разбирањето и трпението, ветувајќи им дека ќе им пружи незаборавно време. - Ви благодарам за разбирањето и трпението. Се гледаме утре! Ветувам лудо време! - рече Брена во својата објава. Патем, Лепа Брена неодамна имаше лоша среќа на сцената во Будва, кога падна за време на еден настап, по што ѝ беше укажана помош. Повеќе пати кршеше раце и нозе За потсетување, југословенската ѕвезда Лепа Брена неодамна во подкаст зборуваше за сериозните повреди што ги претрпела во текот на годините, вклучувајќи скршени раце и нозе. Пејачката призна дека речиси сите нејзини екстремитети претрпеле повеќекратни фрактури, нагласувајќи колку нејзиното тело било изложено на голем стрес и напрегање. - Јогата многу ми помогна, бидејќи се скршив самата. Ги скршив и левата и десната нога и десната и левата рака. Скршив сè, и тоа неколку пати - рече Брена во „Восткаст“.Тагови: Крива Паланка Лепа Брена Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗадутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44Македонец загина за време на гроздобер во Италија, пропаднал во буре за мелење11:15Трагедија со три жртви во Словенија – две деца меѓу загинатите македонски државјани15:00Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
Владата бара директорот на Агенцијата за правата на заедниците да го повлече ставот за Ратко Младиќ15:44
Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод христијанскиот празник Успение на Пресвета Богородица09:40
МакедонијаПоповиќ: Одговорност од Тошковски по новиот скандал со фалсификувани возачки дозволи во МВРНов скандал го тресе МВР на Панче Тошковски.За 1.400 евра мито, корумпирани структури во рамките на МВР на Тошковски штанцале возачки дозволи за управување со камиони и автобуси на лица кои ниту посетувале соодветна обука, ниту некогаш полагале испит. Ова е показател до каде е раширена корупцијата во МВР но и закана и за животот на граѓаните! Шемата е криминално едноставна, но нејзините последици се застрашувачки: граѓаните фиктивно пријавуваат изгубена дозвола, а службениците на Тошковски во системот незаконски им допишуваат „Ц“ и „Д“ категории. Поради оваа мафијашка мрежа во МВР, во овој момент на нашите патишта се движат над 300 потенцијални убијци - лица кои без обука возат тешки товарни возила или превезуваат патници со автобуси. Ова е континуитет на хаосот, криминалот и неспособноста кои владеат во изминатите две години со Тошковски на чело на МВР. Додека Тошковски се занимаваше со хиперхлорирање и не си ја работи својата работа во МВР е хаос. Панче Тошковски мора да излезе пред граѓаните и да одговори: Кој се е вклучен во оваа криминална шема? Како е можно ваква масовна, организирана операција за фалсификување на државни документи да му се одвива пред нос, во неговото министерство? Кој ги штити овие службеници и каде завршувале тие 1.400 евра по дозвола? СДСМ бара итна, независна и темелна истрага од Јавното обвинителство. Бараме институциите веднаш да ги лоцираат и поништат сите над 300 нелегални дозволи пред да се случи трагедија на патиштата. И најважно, бараме политичка и објективна одговорност. За ваков тежок удар врз безбедносниот систем, оставката е најмалку што може да се направи. Министер кој дозволил јавната безбедност да се продава како на пазар, нема кредибилитет да остане на функцијата ниту еден ден повеќе, рече Наташа Поповиќ – членка на Извршниот одбор на СДСМ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter