Шоу бизШајло Џоли Пит и официјално, судски, се откажа од презимето на Бред ПитЌерката на Анџелина Џоли и Бред Пит, Шајло Џоли-Пит официјално се откажа од презимето на нејзиниот татко.ТМЗ пишува дека 18-годишната девојка поднела барање легално да се откаже од презимето на славниот татко, откако тоа неофицијално го направиле нејзините сестри Захара и Вивиен, додека браќата Медокс и Пакс со години немаат никаква врска со својот татко. Шајло поднела барање барајќи законска промена на презимето. Отсега и официјално сака да се вика само Шајло Џоли. Тоа го направила на 27 мај, точно на нејзиниот 18 роденден. Така, тоа беше првото нешто што го направила како возрасна. Воедно, тоа е прво дете на Бред Пит и Анџелина Џоли, кои исто така решија да се откажат од врската со нивниот татко. Пит со години немал никаков контакт со синовите Медокс и Пакс. Наводно, Џоли поднела барање за развод токму поради пресметката на актерот со Медокс во приватен авион, кој потоа сакал да ја брани својата мајка. Поранешните сопружници се уште не успеале да се договорат за старателството на нивните шест деца. И покрај тоа што тројцата најстари, Медокс, Пакс и Захара, веќе не се малолетни, тие се расправаат кој ќе ги одгледа Вивиен и Нокс (15). Но, се чини дека децата јасно кажуваат на чија страна се.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЛајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16Фон дер Лајен за следната недела најави чекор за деблокада на евроинтеграциите13:20Премиерот Мицкоски ја пречека Урсула фон дер Лајен во Владата13:00Фон Дер Лајен денеска пристигнува во Скопје – ќе има средби со Мицкоски и Сиљановска Давкова 08:29
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела18:00
Лајен предложи средба на министрите за надворешни на Македонија и Бугарија во Софија следната недела15:16
ЗабаваБела ноќ повторно во Скопје!Во сабота /3 октомври/, од 19:00 до 03:00 часот, плоштадите, мостовите, галериите, музеите и чаршијата ќе бидат места за нови доживувања и средби што се паметат.- Има ноќи во кои градот се доживува поинаку. Ноќи во кои улиците стануваат сцена, уметноста ни доаѓа во пресрет, а музиката нè спојува. Скопје повторно ќе живее една таква ноќ, нашата Бела ноќ! Ве поканувам заедно да го исполниме Скопје со љубопитност, насмевки и енергија и да ја почувствуваме неговата креативна сила – истакна Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Само за „Бела ноќ“, работното време на угостителските објекти на подрачјето на Град Скопје се продолжува за два часа, за дружењето и убавата атмосфера да траат подолго. За сите полесно да бидат дел од оваа ноќ, превозот со ЈСП ќе биде бесплатен од 18:00 часот на 3 октомври до 05:00 часот на 4 октомври. Во рамките на „Бела ноќ“, бесплатен ќе биде и влезот во Зоолошката градина Скопје. Уметноста ве очекува на плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред МОБ, во МКЦ, на Мостот на уметноста, на Боемска улица и во Старата скопска чаршија. Дел од оваа ноќ ќе бидат и Музејот на Град Скопје, „Аудио Култура“, Домот на градежници, „Мала станица“, ДКЦ „Карпош“, Градската библиотека, Чифте амам, улицата „Македонија“ и Музејот на современа уметност. Излезете со семејството, повикајте ги пријателите и одберете ја својата прва станица. Дозволете му на Скопје да ве изненади со нешто што досега не сте го виделе, слушнале или почувствувале. Бела ноќ е покана за сите генерации, за сите што го сакаат овој град и за сите што допрва ќе го доживеат. На 3 октомври, да ги наполниме улиците со живот и да создадеме уште еден убав спомен за нашето Скопје! Град СкопјеТагови: Бела ноќ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСвечено отворени Ресурсниот и Младинскиот центар - КарпошПо повод одбележување на 50 години од основање на Општина Карпош, попладнево, во рамки на култниот спортски објект „Наум Наумовски Борче“ – Партизан, беа официјално отворени Младинскиот Центар – Карпош (МЦК) и Ресурсниот Центар – Карпош (РЦК).Идејата за отворање на двата младински центри на територија на Карпош, потекнува од Сотир Лукровски и Мирјана Пехчевска, а за нивната целосна реализација се погрижија претставниците од Секторот за развој од Општина Карпош, Александра Теова и Роберт Јанковски. И покрај тоа што овие два центри активно функционираат веќе три месеци, денеска беа официјално промовирани пред пошироката јавност. Станува збор за две нови простории во рамки на спортската сала Партизан, која Општина Карпош им ги отстапи на невладините организации и на младите карпошани, за да можат на едно место непречено да ги реализираат своите идеи, активности и иницијативи. На свеченоста присуствуваа жители од Карпош, претставници на невладини организации, на Халк банка, Стопанска банка, вработените од книжарницата Тримакс, како и првиот човек на Општина Карпош, Сотир Лукровски. „Особено значајно е што во работата на двата центри веќе се вклучени десет невладини организации, кои делуваат во различни области – од спортот и бизнисот, преку екологијата и младинските прашања, па сѐ до поддршката на лицата со попреченост. Затоа, нека Ресурсниот и Младинскиот центар – Карпош, бидат места каде ќе се раѓаат идеи, ќе се создаваат промени, во кои младите ќе се чувствуваат слушнати и поддржани, граѓанските организации ќе бидат секако добредојдени, а целата локална заедница ќе го препознае просторот за соработка и заедничко дејствување“ – истакна градоначалникот Лукровски. Во оваа пригода, градоначалникот Сотир Лукровски им врачи благодарници на претставниците на ХАЛК банка, Стопанска банка и Тримакс, за поддршката која ја пружија трите фирми, во насока на опремување на МЦК и РЦК. Во знак на поддршка за младите, голем дел од присутните гости донираа книги по личен избор, кои ќе ја збогатат колекцијата на младинската библиотека, која ќе функционира во рамки на Младинскиот Центар – Карпош. По повод свеченото отворање, гостите напишаа куси пораки и предлози до младите, додека пак младите испишаа креативни идеи како го замислуваат Карпош. Дополнително, манифестацијата беше разиграна со динамичните звуци на шест прекрасни младински бендови. Во пријатна атмосфера, младите се запознаваа, меѓусебно другаруваа и ширеа позитивна енергија. Од понеделник, Младинскиот Центар – Карпош ширум ги отвора вратите за младите, каде ќе се одржуваат тематски сесии, ќе се развиваат конструктивни дебати и ќе се презентираат нови идеи. Оттука се очекува да произлезат младински иницијативи, за подобрување на квалитетот на животот на сите жители кои се дел од оваа локалната заедница.Тагови: Општина Карпош Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЧекањето заврши: пристигна новата реалност во Тиго со намалени трошоциА што е потребно за една нова реалност? Понекогаш, само вистинскиот рецептТокму на оваа идеја е изградена новата кампања „Нова реалност во Тиго“, која ја поврзува една од најпрепознатливите македонски традиции со новата понуда на Тиго. Оваа есен, Тигомир тргнува во потрага по совршениот рецепт за ајвар, а Тиго ја открива својата формула за новата реалност – намалени трошоци и повеќе можности за клиентите. А, да се најде совршениот рецепт за ајвар во Македонија не е едноставна задача. Прашајте десет луѓе како се прави најдобриот ајвар и веројатно ќе добиете десет различни одговори – секој со своја тајна состојка, семеен рецепт и убедување дека токму неговиот е вистинскиот. Додека Тигомир ги истражува пиперките, традицијата и тајните на совршениот ајвар, Тиго веќе го има вистинскиот рецепт за својата нова реалност: намалени трошоци на кредит до 720.000 денари и до 72 рати, но и намалени трошоци на понудата за рефинансирање на постојните кредитни обврски. За вистинско добредојде, првиот кредит во Тиго.мк е целосно бесплатен, со рок на отплата до 30 дена. „Сакавме новата сезона да ја започнеме со нешто што е навистина наше, препознатливо и блиско до луѓето. Ајварот е тема за која сите имаме свое мислење, особено кога станува збор за тоа чиј рецепт е најдобар. Затоа на Тигомир му ја доверивме тешката задача да го пронајде совршениот рецепт. Во Тиго, пак, ќе се држиме до она што најдобро го знаеме: да им понудиме на нашите клиенти едноставни решенија со намалени трошоци и повеќе можности полесно да ги реализираат своите планови“, велат од Тиго. Кампањата ќе биде присутна преку телевизиски, дигитални и надворешни канали, како и во филијалите на Тиго ширум земјата. А потрагата на Тигомир по совршениот рецепт нема да остане само на екраните, туку ќе продолжи и преку дополнителни есенски активности. Совршениот рецепт за ајвар? Тигомир сè уште го бара. Но, кога станува збор за намалени трошоци и нови можности, новата реалност во Тиго веќе е тука.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook