Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
2Неофицијално: Уапсени тројца хрватски државјани и една странска државјанка поради подметнување пожар во Хрватска
Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!
2Видео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!
Шоу бизШаја Лабјуф уапсен во Њу Орлеанс по напад врз две лицаАмериканскиот глумец Шаја Лабјуф е уапсен во Њу Орлеанс откако наводно нападнал две лица. Тој се соочува со обвинение за насилство, соопшти Полицискиот оддел на Њу Орлеанс (НОПД) во изјава за „Еј-би-си њуз“ (ABC News) вчера. „Околу 12:45 часот на 17 февруари 2026, НОПД доби повикани во блокот 1400 на 'Ројал стрит' како одговор на едноставно насилство каде што две жртви (двајца возрасни мажи) пријавиле дека биле нападнати. Според истражителите, маж идентификуван како 39-годишниот Шаја Лабјуф, според наводите, предизвикувал нарушување на редот и станувал сè поагресивен“, соопшти полицијата. Глумецот, наводно, со „затворени тупаници“, неколкупати удрил по една од жртвите. Потоа ја напуштил областа, но се вратил и продолжил да се однесува агресивно, при што „повеќе луѓе се обиделе“ да го совладаат. Според НОПД, Лабјуф потоа бил задржан од присутните, додека полицајците не пристигнале на местото на настанот. Подоцна, тој бил однесен в болница „заради лекување неодредени повреди“ пред да биде уапсен и обвинет за две обвиненија за едноставно насилство. Инцидентот се случил за време на прославите на „Ланди грас“ во Њу Орлеанс. До овој миг, Лабјуф не се огласил со коментар. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Шоу бизБрус Вилис сепак присуствувал на свадбата на својата ќерка, објавена е ретка фотографија од негоТалула Вилис (32), најмладата ќерка на поранешната холивудска брачна двојка, Брус Вилис и Деми Мур, се омажи за музичарот Џастин Ејси. Свадбата се одржа на 8 август на семејниот имот во Ајдахо, во присуство на најтесното семејство. Најголемо внимание привлече доаѓањето на таткото на невестата, славниот актер Брус Вилис – кој ретко се појавува во јавноста поради сериозната здравствена состојба. „Вог“ објави црно-бела фотографија на која се гледа како Брус Вилис ја прегрнува Талула, истовремено држејќи го и својот зет. Талула ја опиша сцената како нежен момент споделен со нејзиниот татко и сопруг на почетокот на празничниот викенд. Фотографијата предизвика бројни емотивни реакции на социјалните мрежи. Многумина коментираа колку биле трогнати од сцената, особено имајќи ја предвид борбата на актерот со болеста и неговата одлука да биде покрај својата ќерка на нејзиниот важен ден, и покрај сè. Брус Вилис се повлече од актерството во 2022 година откако му беше дијагностицирана афазија. На почетокот на 2023 година, неговото семејство објави дека актерот боледува од фронтотемпорална деменција. Станува збор за прогресивно невродегенеративно нарушување што може да влијае на говорот, разбирањето на јазикот и однесувањето. Оттогаш, Вилис ретко се појавува во јавноста, а за него се грижи неговото семејство. Покрај Талула, Брус Вилис ги има и ќерките Румер и Скаут од бракот со поранешната сопруга Деми Мур. Тој остана близок со Деми и по нивниот развод.Тагови: Брус Вилис Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваВидео-Фото: „Ферари“, „Мерцедес“, „Порше“ „Бентли“ ... на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останале без зборови!Светски шампион, милионер – а вози вакво нешто?! „Ферари“, „Ламбо“, „Бентли“ на паркингот на ПСЖ, а потоа се појави тој и сите останаа вчудоневидени!Скако платените фудбалери на европскиот шампион ПСЖ на тренинг пристигнуваат во скапи автомобили, а потоа се појави , Шпанецот Руиз! Неговиот избор ги остави сите без зборови. Пристигнувањето на играчите на ПСЖ на тренинг честопати изгледа како вистинска парада на луксуз, но овојпат сите погледи не беа вперени во скапите „ѕверови“ на четири тркала. Напротив! На социјалните мрежи се појави видео од пристигнувањето на играчите на францускиот гигант на тренинг, а меѓу многуте луксузни автомобили, една сцена особено ги изненади навивачите. PSG boss Luis Enrique and his players arriving at training in their luxury vehicles… but everyone was talking about Fabián Ruiz’s choice of transport. 👀😂 Imagine being a World Cup winner and a Ballon d'Or contender and driving that. 🤯 pic.twitter.com/NAZKRoT6X5 — Football Tweet ⚽ (@Footballtweet) August 15, 2026 Иако околу него има автомобили што чинат вистинско мало богатство, шпанскиот репрезентативец се одлучи за сосема поинаков стил. Шпанскиот репрезенативец на тренингот пристигна во „Smart“ – автомобил толку мал и невообичаен во споредба со она што се очекува од фудбалските суперѕвезди, што веднаш стана главна тема. Француските медиуми претходно пишуваа дека Руиз привлекувал внимание на паркингот на ПСЖ токму со таков автомобил.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МетеоУХМР: Утре сончево со температура до 38 степени, во вторник локална нестабилностСпоред УХМР на почетокот на следната недела времето ќе биде стабилно и топло, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 38 степени. Следува период на стабилно и потопло време, освен во вторник кога ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook