Северна Кореја пробно лансираше ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи - Канал 5

Северна Кореја пробно лансираше ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи

Севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун присуствуваше на пробното лансирање ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи за лансирање, пренесоа севернокорејските државни медиуми.

Северна Кореја пробно лансираше ракета со дијаметар од 240 милиметри и нови системи

Како што се наведува, новите лансирни системи покажале „супериорна мобилност и прецизност“ за време на пробните лансирања, пренесуваат светските агенции.

Претходно оваа недела, Ким присуствуваше на пробен лет на нова серија дронови „камикази“. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите

Фондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи.

Културната престолнина ја создаваме заедно: Програмата за култура за Скопје 2028 е отворена за идеите на сите

Фондацијата ги повикува граѓаните, уметниците, институциите и организациите од целиот град, без разлика на возраста, јазикот, заедницата или општината од која доаѓаат, да ги споделат своите идеи за Европската престолнина на културата најдоцна до 23 ноември 2026 година.

Каква културна иднина сакаме за Скопје? Кои идеи, приказни и иницијативи треба да ја одбележат 2028 година, кога нашиот град ќе биде Европска престолнина на културата? Одговорите на овие прашања Фондацијата „Европска престолнина на културата - Скопје 2028“ сака да ги најде заедно со сите што живеат, создаваат и работат во Скопје.

Фондацијата ја објави работната верзија на Програмата за култура на својата официјална интернет-страница и ја отвора за јавна консултација. Целта е во нејзиното обликување да учествуваат не само институциите, туку и сите што создаваат, поддржуваат или сакаат да придонесат кон културниот живот на градот, затоа што програмата на Европската престолнина на културата треба да биде програма на целиот град.

Повик до сите, без исклучок

Фондацијата посебно ги повикува да се вклучат:

Сите граѓани од сите возрасти, заедници и општини во Скопје, вклучително и младите, повозрасните и лицата со попреченост;

индивидуалните уметници, културните работници и креативците;

културните, образовните и научните институции и академската заедница;

независните и граѓанските организации, неформалните групи и иницијативите од населбите;

креативните индустрии и деловната заедница.

Отвореноста на процесот произлегува од самиот концепт на Скопје 2028 - „Култура над поделбите“. Тоа не значи негирање на разликите, туку култура што ги поврзува различните јазици, заедници, генерации и искуства преку дијалог и заедничко создавање. Затоа Фондацијата особено ги охрабрува да се вклучат и оние чиј глас досега поретко се слушал во културниот живот на градот.

Предлозите може да се однесуваат на нови културни и уметнички содржини, современи практики, културното наследство, независната сцена, младинското учество, инклузивноста и пристапноста, децентрализацијата и културата во населбите, јавните простори и меѓународната соработка. Добредојдени се и коментари за работната верзија на програмата, како и сосема нови идеи што досега не се опфатени.

Како да учествувате?

Погледнете ја работната верзија на Програмата за култура на следниот линк:

https://skopje2028.mk/mk/programa-za-kultura/

Предлозите и коментарите испратете ги на [email protected], со предмет „Јавна консултација – Програма за култура на Скопје 2028“. Не е потребно да бидете професионалец во културата или да претставувате организација: доволен е краток опис на идејата и објаснување како таа може да придонесе кон културната програма.

Фондацијата ги очекува вашите забелешки, коментари и предлози најдоцна до 23 ноември 2026 година.

Сите пристигнати предлози ќе бидат разгледани и ќе послужат за унапредување на финалната верзија на Програмата за култура. Покрај можноста за доставување писмени предлози, во наредниот период ќе се организираат и средби со различни фокус-групи од уметничката и културната сцена на Скопје. Преку овие разговори и размената на мислења, Фондацијата ќе ги вклучи различните перспективи и искуства во подготовката на финалната верзија на Програмата за култура.

Скопје 2028 не е само културна програма за една година. Тоа е можност градот да создаде нови културни вредности и да остави трајно наследство за генерациите што доаѓаат. Затоа, нејзината содржина треба да произлезе од идеите, знаењето и енергијата на луѓето што го создаваат и живеат Скопје - од сите нас.

Скопје 2028 е програма на сите нас. Да ја создадеме заедно културната иднина на Скопје!

Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, девет возеле без положен возачки испит

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 10 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.

Лишени од слобода 10 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, девет возеле без положен возачки испит

Од нив, девет управувале возило без положен возачки испит, и тоа: М.Х.(22), К.Ш.(32), М.Б.(21) сите од Скопје, Н.Ј.(20) од с.Грушино, Општина Арачиново, Е.С.(18) од с.Гошинце, Општина Липково, Џ.Ф.(73) од с.Калиште, Општина Врапчиште, Ф.Ц.(31) од с.Голем Радобил, прилепско, како и Д.К.(41) од с.Дедино , Општина Конче и Р.М.(62) од Гостивар, кои биле и под дејство на алкохол. Додека, пак, А.И.(41) од с.Порој, тетовско, управувал возило и покрај активна мерка забрана за управување со моторно возило.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, соопштуваат од МВР.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцираше дека Предлог-буџетот за 2027 година не нуди ниту развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните.

Ковачевски: Намалени инвестиции во болници, училишта и земјоделство, новиот буџет не носи подобар животен стандард

Пратеникот на СДСМ, Димитар Ковачевски, потенцираше дека Предлог-буџетот за 2027 година не нуди ниту развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните, а Владата продолжува да ги зголемува тековните расходи, додека средствата за капитални инвестиции и развојните програми во клучните области се недоволни или се намалуваат.

„Граѓаните не го оценуваат буџетот според бројот на милијарди денари што владата ќе ги потроши, туку според тоа дали полесно стигнуваат до лекар, дали нивните деца добиваат поквалитетно образование, дали можат да си дозволат сопствен дом, дали дишат почист воздух и дали земјоделците можат да живеат живеат од својот труд“, истакна Ковачевски.

Ковачевски предупреди дека особено загрижувачко е намалувањето за околу 60 проценти на средствата за реконструкција и проширување на јавните здравствени установи. Тој посочи дека токму овие инвестиции се неопходни за подобрување на условите во болниците и модернизација на здравствената инфраструктура.

„Здравствениот систем мора да обезбеди пократки листи на чекање, подобра достапност на лекови, навремена дијагностика и задржување на медицинскиот кадар, наместо декларативни заложби и буџетски зголемувања без конкретни резултати“, посочи Ковачевски.

За состојбите во образованието, Ковачевски посочи дека иако за оваа област се планирани околу 49 милијарди денари, развојните расходи на Министерството за образование се намалуваат за 28,5 проценти. Средствата за изградба на основни училишта се намалуваат за 59,5 проценти, а за изградба на средни училишта за дури 72,3 проценти.

Тој предупреди дека ваквите кратења значат помалку инвестиции во современи училишта, подобри услови за учениците, дигитални вештини, стручни кадри и истражувачка инфраструктура.

„Не можеме да зборуваме за дигитална трансформација, а да не вложуваме доволно во дигитални вештини, стручни кадри, современи наставни програми и поврзување на образованието со потребите на пазарот на трудот“, истакна Ковачевски.

Ковачевски се осврна и на сè поголемиот проблем со достапноста на домувањето, посочувајќи дека цените на становите во Скопје и другите поголеми градови продолжуваат да растат, поради што сè повеќе млади луѓе и семејства не можат да си дозволат сопствен дом. Дополнително, податоците од пописот покажуваат дека околу една третина од станбениот фонд во државата е ненаселен.

Ковачевски нагалси дека во Предлог-буџетот не се гледа јасна и системска политика за достапно домување, ниту долгорочни програми за поддршка на младите семејства, развој на станбен фонд за изнајмување и социјално достапни станови.

„Животниот стандард не се мери само преку номиналниот раст на платите кој едвај ги покрива инфлаторните движења. Се мери преку тоа колку останува во семејниот буџет по плаќањето на храната, енергијата, превозот, киријата, кредитите и основните услуги“, посочи Ковачевски.

Осврнувајќи се на земјоделството, Ковачевски посочи дека и покрај растот на вкупниот буџет на Министерството за околу 29 проценти, структурата на средствата отвора сериозни прашања. Средствата во програмата за финансиска поддршка во земјоделството се намалуваат од 7,3 на 6,8 милијарди денари.

Особено загрижувачко, како што нагласи, е намалувањето на средствата за водостопанство и системите за наводнување од околу 122 милиони на само 16 милиони денари, што претставува пад од речиси 87 проценти.

Ковачевски предупреди дека ваквото намалување е особено несоодветно во услови на климатски промени, суши и сè поголема неизвесност во земјоделското производство.

„Земјоделецот не може да планира производство ако нема сигурен пристап до вода, ако нема предвидливост во исплатата на поддршката и ако нема услови за складирање и пласман на производите“, истакна Ковачесвки.

Ковачевски нагласи дека на македонската економија не ѝ е потребен само раст на буџетската потрошувачка, туку пред сè раст на продуктивноста, поголема конкурентност на домашните компании, технолошки развој и работни места со повисока додадена вредност. Посебно ја истакна потребата младите да добијат реални можности за професионален развој во сопствената држава, преку квалитетни работни места, платено практикантство, пристап до прво вработување и можности за напредување.

Осврнувајќи се на вкупната структура на Предлог-буџетот, Ковачевски посочи дека се планирани приходи од 395,4 милијарди денари и расходи од 440,4 милијарди денари, со буџетски дефицит од 45 милијарди денари, односно 3,5 проценти од БДП.

Тој потенцираше дека клучниот проблем е распределбата на средствата. Од вкупните расходи, 399,6 милијарди денари се наменети за тековни расходи, а само 40,8 милијарди денари за капитални расходи. Тоа значи дека околу 91 процент од буџетот оди за тековно функционирање, а само 9 проценти за капитални инвестиции.

„Кажано поедноставно, од секои 100 денари јавни пари, околу 91 денар се наменети за тековно функционирање, а само 9 денари за капитални инвестиции“, нагласи Ковачевски.

Тој предупреди дека тековните расходи се зголемуваат за околу 5,1 процент, додека капиталните расходи растат за само 1,7 проценти. Во однос на вториот ребаланс за 2026 година, капиталните расходи се зголемуваат за само околу 698 милиони денари.

Ковачевски укажа и на неусогласеноста меѓу Предлог-буџетот и Фискалната стратегија за 2027 година, подготвена од истата Влада. Во споредба со стратегијата, приходите се пониски за околу 3,1 милијарди денари, тековните расходи се повисоки за 2,2 милијарди денари, капиталните расходи се пониски за 2,7 милијарди денари, а дефицитот е повисок за 2,6 милијарди денари.

Овие разлики покажуваат дека Владата отстапува од сопствените фискални планови, со помалку средства за развој и поголеми расходи за тековно функционирање.

Ковачевски предупреди и дека планираниот буџетски дефицит од 3,5 проценти од БДП е над законското фискално правило од 3 проценти. Дополнителен ризик, како што посочи, се макроекономските проекции на Владата, која очекува економски раст од 3,8 проценти и инфлација од 3,2 проценти, иако меѓународните проекции упатуваат на поумерен раст и повисоки инфлаторни притисоци.

„Прашањето е како ги троши и за кои приоритети и со какви резултати. Бидејќи на крајот успешноста на еден буџет не се мери според тоа колку милијарди денари се испланирани, туку според тоа дали граѓаните живеат подобро, дали младите гледаат перспектива, дали компаниите стануваат поконкурентни и дали државата создава услови за сигурна и одржлива иднина. Тоа е мерката која треба да се оценува предлог буџетот за 2027 година и токму според таа мерка сметаме дека овој буџет не нуди доволно силен развоен одговор на проблемите со кои се соочуваат граѓаните и македонската економија. Не нуди доволно добар одговор на подобрување на услугите во здравството, подобрување на перформансите на образованието и подобрување на економските извозни потенцијали на македонската економија“, потенцираше Ковачевски, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер