Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
2Златеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната средина
3Петрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штета
ТехнологијаСеверна Кореја ја информира Јапонија дека ќе лансира сателитСеверна Кореја ја информира Јапонија дека во рок од осум дена ќе лансира ракета што носи сателит.Подготовките за лансирање почна уште на полноќ, а во информацијата се идентификувани три поморски опасни зони каде би паднале остатоците од проектилот – две западно од Корејскиот Полуостров, а другата источно од филипинскиот остров Лузон, соопшти јапонската крајбрежна стража. Официјални лица од Јапонија, САД и Јужна Кореја потврдија дека ќе ја повикаат Северна Кореја да го суспендира планот, бидејќи секое лансирање проектил што користи технологија за балистички проектили би било кршење на резолуциите на Обединети нации.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20Гостивар се очекува денеска да добие техничка вода 08:11Скопје се сеќава- 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-тата15:35Скопје одбележува 63 години од катастрофалниот земјотрес во ’63-та08:43Клековски: Заразата во Гостивар се смирува, анализите и истрагата продолжуваат 15:04
Тошковски: Во Гостивар има техничка вода, но за пиење и подготвување на храна уште да се користи флаширана11:20
Црна хроникаКривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возилоКривична пријава против струмичанец за подметнување пожари на трактор и патничко возило, сопственост на две лица од Струмица.СВР Струмица, до ОЈО Струмица, поднесе кривична пријава против В.К.(41) од Струмица поради постоење на основано сомневање дека сторил кривични дела „предизвикување општа опасност“ по член 288 и „тешки дела против општата сигурност“ по член 292 од Кривичниот закон. На 25.07.2026 околу 22:00 часот и на 26.07.2026 околу 01:00 часот во Струмица, пријавениот подметнал пожари на трактор сопственост на Ж.Д.(70) од Струмица и патничко возило „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица. По интервенција на Територијалната противпожарна едница Струмица пожарите биле изгаснати, а повредени лица нема. В.К. бил лишен од слобода и задржан во просториите на Полициската станица Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. Тој бил изведен пред судија од Основен суд Струмица, кој му определил мерка притвор во траење од 30 дена, соопшти МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗлатеска: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ реализира нови инвестиции во водоснабдување, канализација и заштита на животната срединаВладата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на капитални инвестиции и проекти кои обезбедуваат почиста животна средина, подобра комунална инфраструктура и повисок квалитет на живот за граѓаните.Преку значајни вложувања во регулирање на речните корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, Владата создава современи и одржливи услови за развој на локалните заедници и заштита на природните ресурси. Во таа насока, започната е изведбата на капиталниот проект за регулација на коритото на Сува Река, за што се обезбедни 376 милиони денари. Со уредувањето на оваа делница долга речиси 12 километри, од патот за с. Бојане до вливот во Треска кај с. Глумово, трајно се решава децениски проблем за илјадници граѓани. Успешно е завршено уредувањето на коритото на Мала Рада, а во тек е и реализација на проектот за изградба на водоснабдителен систем во населеното место Лениште, во вредност од над 21 милиони денари. Исто така, проектот за замена на водоводната мрежа на делови од булеварот „Гоце Делчев“ и улиците „Кузман Јосифоски“ и „Ленинова“, во вредност од над 7 милиони денари е во завршна фаза. Со реконструкцијата се намалуваат загубите на вода во системот и се подобрува квалитетот на услугите. Почната е изградба на канализационен систем за отпадни води во село Враништа, општина Струга, инвестиција вредна над 91 милиони денари, целосно финансирана преку Вториот повик од Унгарскиот кредит. Овој проект опфаќа изградба на комплетна примарна и секундарна канализациона мрежа, поставување ревизиони шахти и приклучоци за домаќинствата, како и обезбедување контролиран одвод на отпадните води. Во тек е и изградба на пречистителна станица во Чучер Сандево, која започна минатата година во октомври, а инвестицијата е во вредност од околу 70 милиони денари и значи континуирана надградба на системите за третман на отпадни води, зајакнување на инфраструктурата на локално и национално ниво и поздрава животна средина. Обезбедени се средства и започната е реализација на над 300 инфраструктурни проекти од различен обем, вклучувајќи модерни водоводни и канализациски системи, како и пречистителни станици низ целата држава. Почитувани, Овие проекти се темелите на зелениот пресврт кој го градиме и на кој Владата е целосно посветена. Ќе продолжиме да го зајакнуваме и партнерството со домашните и меѓународните партнери во справувањето со предизвиците од климатските промени, шумските пожари, нелегалната сеча, бесправната градба, нелегалниот лов и другите закани за природните ресурси, со единствена цел за поздрава животна средина и подобар квалитет на живот за сите граѓани, рече Бисерка Златеска, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПетрушевски: Ловците на политички поени, другарите на Филипче треба да разберат дека лагите за Гостивар се на нивна штетаЛовците на политички поени, другарите на Филипче треба час поскоро да разберат дека лагите кои ги кажуваат за Гостивар се на нивна штета.Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар. И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во Гостивар е на друштвото СДС, ДУИ и Арбен Таравари. Градоначалникот на Гостивар, Валбон Лиман е кадар токму на оваа дружина. Значи, како што им укажуваме на погоре наведеното извесно време ќе им повториме и во оваа прилика дека одговорност треба да побараат во своите редови, за почеток кај личноста кои тие ја кандидираа на локалните избори. За нивно добро е час поскоро да разберат дека повторувањео на лаги секој ден е на нивна штета. Политики поени со лаги не се добиваат. Во меѓувреме, на санирање на штетата во Гостивар се работи деноноќно, се овозможува технички исправна вода која се користи за лична хигиена и хигиена во домаќинствата, а неделава или кон крајот на неделава се очекува во Гостивар да има и бездна вода за пиење, рече Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook