Северина со љубовна порака ги демантира српските таблоиди - Канал 5

Северина со љубовна порака ги демантира српските таблоиди

Еден српски таблоид тврди дека Северина се разведува , па дури и наведе која жена е главен виновник , на што славната пејачка одговори со љубовна порака.

Северина со љубовна порака ги демантира српските таблоиди

Еден српски таблоид на насловната страница објави дека Северина се разведува по три и пол години брак со Игор Којиќ. Каки еден од ,,аргументите” наведуваат дека таа во вторникот го напуштила концертот на својот свекор Кеба , иако била најавена дека ќе гостува.

Вистинска причина за наводниот развод била новинарката Јелена Јоксимовиќ , сопруга на пејачот Жељко Јоксимовиќ.

Но , Северина со вистински аргумент им докажа на авторите на овие шпекулации дека ниту од далеку нема намера да се разведува. Напротив. Таа заедно со сопругот се наоѓа на илјадници километри од концертот на Кеба.

Таа заедно со сопругот Игор Којиќ е на егзотичен одмор во Занзибар , од каде Северина објави и фотографии на Инстаграм. На фотографијата е со својот сопруг и на објавата пишува ,,Нашето африканско венчавање”.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

400 бродови и 6.000 поморци веќе половина година се блокирани во Персискиот залив

До 400 трговски бродови со околу 6.000 морнари сè уште не можат безбедно да го напуштат Персискиот Залив, шест месеци по почетокот на војната на Блискиот Исток, предупреди Меѓународната поморска организација (ММО).

400 бродови и 6.000 поморци веќе половина година се блокирани во Персискиот залив

Од почетокот на конфликтот на 28 февруари, ММО потврди најмалку 70 напади врз меѓународни бродови, во кои загинаа 19 морнари.

„Иако некои бродови и нивните екипажи успеаја да го напуштат Персискиот Залив, до 400 бродови со околу 6.000 морнари не беа во можност безбедно да го напуштат од почетокот на конфликтот“, рече генералниот секретар на ММО, Арсенио Домингез.

Илјадници морнари живеат под зголемен ризик веќе половина година.

Домингез предупредува дека илјадници морнари продолжуваат да работат и да живеат во услови на зголемен ризик и неизвесност.

„Влошувањето на поморската безбедност низ целиот свет, од Црното Море до Црвеното Море до Аденскиот Залив, им штети на сите. Но, особено е тешко за илјадниците невини морнари кои се погодени“, рече тој.

Проблемите во Ормутскиот теснец имаат последици далеку надвор од регионот, бидејќи голем дел од светската трговија со нафта и гас поминува низ овој морски пат. ММО предупредува дека прекините влијаат и на синџирите на снабдување со гориво, ѓубрива и други важни стоки. (Меѓународна поморска организација)

Уште во јули, ММО повтори дека правото на минување низ меѓународните теснеци не смее да биде загрозено, попречено или суспендирано и повика на враќање на непречена пловидба низ Ормутскиот теснец.

Американците ги блокираат иранските пристаништа

Во исто време, американската поморска блокада на Иран продолжува, додека Техеран го ограничува минувањето на бродовите низ Ормутскиот теснец и се обидува да ги принуди бродските компании да се придржуваат кон неговите правила.

Американската централна команда, ЦЕНТКОМ, објави дека до 28 август, како дел од спроведувањето на блокадата, пренасочила 82 трговски брода, онеспособила три, а два биле качени од американските сили.

Еден од најновите сериозни инциденти се случи на 11 август, кога американски воен хеликоптер испали два проектили „Хелфаер“ во машинската просторија на товарниот брод „Вела Нова“ откако ги игнорираше предупредувањата и продолжи да плови кон иранско пристаниште, според ЦЕНТКОМ.

Преминувањето на бродови низ Ормутскиот теснец драстично се намали

Сообраќајот низ Ормутскиот теснец нагло се намали од почетокот на војната. Пред конфликтот, повеќе од 130 бродови минуваа дневно, додека во последните недели тој број се намали на околу 15 до 16.

Во последните денови, Иран дополнително го зголеми притисокот врз бродските компании. „Фајненшл тајмс“ објави дека Техеран се закани дека ќе казни, притвори или заплени најмалку 46 бродови за кои вели дека не ги почитуваат новите правила за минување низ теснецот.

Напорите за политичко решение досега не доведоа до повторно воспоставување на нормална пловидба. Затоа, ММО ги повикува државите и бродската индустрија да се договорат за конкретни мерки што би овозможиле безбедно минување на бродовите и излез на илјадници морнари кои се блокирани во Заливот половина година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можело да се преименува во чест на Доли Партон

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можел да го носи името на иконата на кантри музиката Доли Партон.

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можело да се преименува во чест на Доли Партон

Меѓународниот аеродром во Нешвил би можел да го носи името на иконата на кантри музиката Доли Партон, според предлогот објавен вчера од гувернерот на Тенеси Бил Ли и управата на аеродромот по нејзината смрт.

Преименувањето на меѓународниот аеродром во Нешвил (БНА) ќе биде „траен спомен на нејзиното неизбришливо наследство“, се вели во соопштението од канцеларијата на гувернерот и аеродромот. Партон инспирираше генерации луѓе во Тенеси и ширум светот, се додава.

„На место каде што Тенеси го пречекува светот, сосема е соодветно BNA да го носи името на Доли Партон“, рече Ли во објавата на социјалната мрежа X.

Долго време живеела во Нешвил

Доли Партон е родена во Тенеси во 1946 година, а се преселила во Нешвил во 1964 година, каде што ја започнала својата кариера како текстописец и музичар. Таа стана една од најпознатите личности во кантри музиката.

Таа мирно почина во Нешвил на 80-годишна возраст, објави нејзината агенција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп си се прогласи за најголем претседател во историјата на САД

Доналд Трамп повторно го привлече вниманието на јавноста со својата најнова објава на социјалната мрежа Truth Social, каде што се прогласи за најголем претседател во историјата на Соединетите Американски Држави.

Трамп си се прогласи за најголем претседател во историјата на САД

Трамп се постави себеси на врвот на својата листа како „најголем“, додека меѓу „големите“ ги наведе познатите претседатели како Џорџ Вашингтон и Абрахам Линколн.

На листата се наоѓаат и „најголеми губитници“, вклучувајќи ги демократите Барак Обама и Џозеф Бајден, кои Трамп често ги критикува.

Трамп ги избра Теодор Рузвелт, Гровер Кливленд и Џон Адамс како „скоро одлични“, додека Бил Клинтон го означи како просечен.

Џејмс Бјукенен и Калвин Кулиџ беа меѓу оние „под просекот“.

Објавата доаѓа откако анкетата на CNN покажа дека 53% од републиканските гласачи го оценуваат Трамп најмногу како претседател на Републиканската партија, пред Роналд Реган и Абрахам Линколн.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер