3Скандал во Грција: На болни луѓе им плаќале да глумат директори на фирми- испумпале 203 милиони евра од буџетот
3Синер го смени тренерот и рече: „Нема да почнам од почеток, продолжувам да напредувам – по еден процент!“
Шоу бизСеверина низ солзи: Го поздравувам мојот син, кој сега ме гледа (ВИДЕО)Пејачката Северина Вучковиќ синоќа освои прекрасна награда, а на сцената за време на говорот за малку ќе заплачеше додека го поздравуваше синот Александар.Имено, Севе доби престижна награда и беше избрана за најдобра поп-пејачка во Хрватска, а со своето елегантно издание, како и говорот на сцената - Севе го разгали цел Балкан. Таа блескаше во црн долг фустан со шлиц, на сцената се појави видно возбудена, а веднаш на почетокот рече: „Не сакав да дојдам вечерва, бидејќи во последните неколку дена луѓето ме гледаат како умрев, а потоа воскреснав...“ - Ова е мојот свет, сцената е мојот свет, не е лудост... упс, судницата е мојот свет - започна Севе. И додека преку својот емотивен говор, покрај кариерата, зборуваше и за својата борба, борбата на жената, борбата на мајката, во еден момент го поздрави и синот Александар, кого има можност да го види само двапати неделно по одземањето на старателството. – Сакам да му се заблагодарам на моето семејство, и да го поздравам син ми кој сега ме гледа на телевизија – рекла пејачката со солзи во очите. View this post on Instagram A post shared by Severina (@severina) Иако на крајот успеа да се воздржи, сепак со својот говор успеа да ја расплаче мајка си.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаНад 770 училишта во Британија добиле закани за поставена бомба Повеќе од 770 училишта во Велика Британија, вклучувајќи 470 во Шкотска и повеќе од 300 во Северна Ирска, денес добија идентични е-пораки со закани за бомба.Полицијата на Шкотска соопшти дека нејзината единица за сајбер криминал и измами спроведува широка истрага за да го утврди изворот на пораките, додека полицајците продолжуваат да соработуваат со партнерите за спроведување на законот низ Велика Британија и на меѓународно ниво, објави Индепендент Радио Њуз. Полицијата на Шкотска соопшти дека пораките се оценуваат и се третираат како лажни. Образовниот орган на Северна Ирска соопшти дека пораката испратена до училиштата на нејзина територија има сличности со лажната закана од минатиот месец. Најмалку 300 училишта во Италија беа евакуирани денес откако добија иста е-пошта со закана за бомба, која исто така содржеше закана до италијанскиот премиер Џорџо Мелони, изјави италијанскиот министер за образование Џузепе Валдитара. Тој рече дека бројот на училишта што добиле заканувачки пораки може да се зголеми, објави Анса. Новата порака испратена до училиштата се заканува со зборовите: „Ќе ве уништиме“, а пораката е потпишана со името „Михаил Андропов“. „Поставивме бомба во моторот на автомобилот на вашиот премиер“, се наведува и во е-поштата. Сличен инцидент се случи во Италија во последните денови кога е-пошта беше испратена на адресите на 280 директори на училишта. Во Европа, целите на хибридни напади неодамна беа супермаркети, банки за крв, воздушен сообраќај и телевизиски станици. Заканувачките е-пораки испратени до телевизиски станици и авиони низ Европа беа потпишани и со името Михаил Андропов.Тагови: Бомба училишта Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканСе зголеми бројот на загинати работници во челичарница во Турција- избувнаа протести (ВИДЕО)Стотици луѓе се собраа за да бараат одговорност и подобри услови за безбедност на работното место, еден ден по силната експлозија во турска челичарница во која загинаа 18 лица, а 12 беа повредени.Во меѓувреме, семејствата на жртвите започнаа со погреби, пишува АФП. Сведоци ја опишаа експлозијата во понеделник во челичарницата ХАБАС во Алиага, недалеку од Измир, како слична на земјотрес. Еден од работниците изјави за АФП дека резервоар со 120 тони течен челик паднал врз печката, предизвикувајќи детонација. Меѓу 12-те повредени, едно лице е во критична состојба. ХАБАС е еден од најголемите турски производители на челик. 🚨🇹🇷 Explosion at a Turkish steel factory triggers a massive fire! A thick cloud of smoke is rising from the Habaş Steel Plant near Izmir, according to TV100. Firefighters and emergency medical teams have rushed to the scene. https://t.co/CGAsbscEp9 — Rabindra. 🚩 (@rabindraX238) November 9, 2026 Заменик-министерот за правда, Џан Тунџај, ги пренесе наодите на форензичките експерти, според кои жртвите починале од „изгореници толку тешки што телото било карбонизирано“. Пред Институтот за судска медицина во Алиага, семејствата, како што изјавија за АФП, цела ноќ чекаа резултати од ДНК анализата за идентификација. Откако го потврдија идентитетот, ги презедоа телата. Идентификација на жртвите Полицијата уапси шест лица во понеделник, а еден ден подоцна беше приведен претседателот на одборот на ХАБАС, Мехмет Рушту Басаран, објави агенцијата Анадолу. Покрената е потрага по уште десет лица. 🚨 17 workers dead. And we're supposed to call it fate? November 9, HABAŞ steel plant, İzmir, Turkey. A crane cable reportedly snapped during maintenance, sending equipment crashing into an electric arc furnace. Molten steel spilled, triggering a massive explosion. 17 dead. Around 12–13 injured. Two other workers had reportedly died in separate accidents at the same plant within the previous three weeks. After the explosion, a furious worker spoke out: “We work 12 to 20 hours a day. Our wages barely cover rent, groceries, and feeding our families. The bosses care about profits, not our safety.” Then came the words that hit hardest: “Stop calling it fate. This is murder. The law should apply to capitalists too!” Workers risk their lives to earn a living. Owners collect the profits. And when safety fails, it's the workers who pay with their lives. How many more workers have to die before those profiting from their labor are held accountable? The cause and legal responsibility remain under investigation.https://t.co/8er38XXKLw — Shuyi (@shuyihealing) November 10, 2026 Вечерта, околу 700 луѓе се собраа во Алиага, меѓу нив работници, роднини на загинатите и локални жители, кои бараа правда и построги безбедносни мерки. Тие скандираа „Не е несреќа, ова е убиство! Стоп на смртта на работниците“, а на транспарентите ја повикаа ХАБАС на одговорност. „Условите се ужасни“, изјави за АФП 45-годишната демонстрантка Арзу Јилдиз, додавајќи дека самата работи во блиска фабрика која е „една од најризичните фабрики“. „Скршени сме од загубата на нашите пријатели. Ќе направиме сè што можеме за да видиме дека правдата е задоволена и никогаш нема да се откажеме од борбата“. Други 150 демонстранти се собраа во Истанбул, извикувајќи: „Убиствените шефови ќе одговараат!“. Во соопштението на организаторот, кое беше прочитано пред публиката, се вели: „Поради убиствата на работното место што секој ден ги отпишувате како „несреќи“, оваа земја се претвори во огромни работнички гробишта“. Слични слогани се слушнаа и во Анкара, каде што се собраа околу 300 луѓе. Севал Озчелик, сестрата на 25-годишниот починат Кан, им рече на новинарите: „Ми го одзедоа брат ми. Нема да дозволам ова да помине така... Ќе одговараат за ова, еден по еден“. Работник се самозапали пред фабриката Лекарите се борат за животот на возачот на камион кој ја преживеа експлозијата, но се вратил во фабриката за да ги бара своите колеги. Фотограф на АФП кој бил на местото на настанот изјавил дека работникот, тешко трауматизиран, подоцна се самозапалил пред фабриката. Мажот, идентификуван од портпаролката на покраинскиот здравствен оддел како Турана Илбаја, е на лекување во Градската болница во Измир. „Неговата состојба е сериозна, тој е на интензивна нега“, изјави таа за АФП. An explosion and fire at the HABAŞ Iron and Steel Plant in Aliağa, Izmir, killed one civilian and injured 15, with three in critical condition, per the Ministry of Health. The HABAŞ Iron and Steel Plant is a significant iron and steel production facility in the region. #Turkey https://t.co/l0VwkUUnll — WW3 Watchtower (@WW3Watchtower) November 9, 2026 Илбај (40), кој работи во фабриката 23 години, претходно го опиша моментот на несреќата за агенцијата Анадолија. „Се слушна силен звук, како бомба, камионот се тресеше... Кога влегов во фабриката, ја видов најлошата глетка во мојот живот“, рече тој. Неколку часа подоцна, се запали пред главната порта, потврди фотографот на АФП, Беркџан Зенгин. „Тој отиде таму каде што беа камерите, си го истури бензинот по главата, а потоа и по целото тело додека одеше. Потоа се запали“, опиша Зенгин. „Падна на земја и избега. Жандармите интервенираа со противпожарни апарати, а брзата помош го однесе во болница“. Несреќата предизвика негодување поради, како што наведоа работничките здруженија, лошиот безбедносен рекорд на компанијата ХАБАС. Левичарскиот весник „Евренсел“ пишува дека најмалку 11 работници загинале во таа фабрика во последните десет години. Компанијата ХАБАС одби да одговори на прашањето на АФП. Партијата ДЕМ, третата по големина партија во Турција, рече дека експлозијата била „убиство на работното место“. Тие побараа оставки од министрите за труд и индустрија и од водечките функционери задолжени за безбедноста. Главната опозициска партија Јени Парти, исто така, бара целосна парламентарна истрага за експлозијата и евентуалните безбедносни пропусти, објави новинската агенција АНКА.Тагови: работници турција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
АвтомобилизамИспробал ново копче на екран на „Тесла“ и направил хаос- сега мора да плати 22.000 евра Тесла воведе нова безбедносна функција за итно полнење што им овозможува на возачите веднаш да избегаат во случај на ситуација што го загрозува животот без претходно да го исклучат кабелот. Иако оваа функција е дизајнирана исклучиво за екстремни ситуации и одбрана од напаѓачи, еден сопственик на Модел 3 во американскиот град Остин веќе направи огромна и скапа грешка. Уморен возач неколку пати ги притиснал контролите на екранот на својот автомобил рано наутро на станица за брзо полнење на Тесла, по што возилото одеднаш се поместило напред додека дебелиот кабел сè уште бил вклучен во струја. Следел силен тресок, инсталацијата била насилно искината од држачот, а возачот излегол во шок и се зграпчил за глава кога сфатил што направил. Претходните безбедносни системи кај електричните автомобили строго го блокирале моторот да се вклучи сè додека конекторот бил вметнат во штекерот. Новото ажурирање овозможува намерно заобиколување на оваа заштита, но со строга постапка каде што возачот мора да ја држи сопирачката и да го потврди предупредувањето на екранот дека маневарот сериозно ќе ја оштети и станицата и самиот автомобил. Saw someone accidentally use the new emergency drive away feature by u/Joshalander in TeslaLounge Последиците од невнимателното притискање на екранот без читање на текстот се исклучително скапи, бидејќи поправката на уништен брз полнач може да чини дури 25.000 долари, или околу 22.000 евра, без да се сметаат сериозните оштетувања на приклучокот и на каросеријата на самиот автомобил. Иако на прв поглед изгледа ризично софтверот да дозволи толку насилно кинење на опремата, причината за воведување на ова решение е вооружен напад што претходно се случи во Америка, кога напаѓачите пукаа во луѓе додека седеа во паркирани возила на полнач. Новата опција му дава шанса на возачот веднаш да си го спаси животот без ризик да ја напушти кабината за да го исчисти патот, но производителот јасно нагласи дека функцијата може да се користи само во состојба на непосредна опасност по животот, додека секоја злоупотреба или небрежност е строго казнета.Тагови: тесла Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16Случајот „АЛТА банка“ денеска на надзорна расправа пред матичната собраниска комисија11:21Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34„Безбеден град“ се шири во Струмица, Штип и во Битола, МВР најавува мобилни камери на улиците15:08
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Собранието го усвои амандманот со кој се брише членот 13 од измените на Законот за јавните набавки08:34