Северина го прослави 53. роденден- и сега покажа дека има стил (ВИДЕО) - Канал 5

Северина го прослави 53. роденден- и сега покажа дека има стил (ВИДЕО)

Хрватската пејачка Северина денеска го слави својот 53-ти роденден, а бројните честитки кои пристигнуваат од секаде веднаш ги сподели на нејзиниот Инстаграм профил, а како што одминува денот сигурно ќе ги има уште повеќе.

Северина го прослави 53. роденден- и сега покажа дека има стил (ВИДЕО)

Оваа дама е позната по својот префинет вкус, а ова се нејзините модни комбинации кои предизвикаа најмногу коментари и останаа за паметење по нејзиниот познат стил.

Северина неодамна се појави во Сараево поради деловни обврски и за таа прилика избра краток бел фустан од фина плетка, чиј долен дел е богато украсен со пердуви кои продолжуваат околу половината, истакнувајќи ја силуетата. Фустанот е со затворен крој со јака со врат и долги ракави кои се лежерно засукани.

За настапот во Каштелир пред околу два месеци хрватската ѕвезда избра фустан кој ја истакнува нејзината женственост но и со врвен дизајн. Станува збор за впечатлив црвен фустан составен од преголеми прерамки кои динамично се обвиткуваат околу телото и ја истакнуваат силуетата, а во исто време создаваат доза на театралност. На работ на фустанот има детаљ од тантела, кој внесува допир на романтика и создава контраст на футуристичкиот горен дел.

Таа покажа дека не е само обожавател на фустани на настапот во Германија во ноември кога се појави во црн корсет. Имено, тој црн корсет веројатно е специјално изработен и дополнително ја истакнува нејзината фигура. Се одликува со комбинации од тантела, проѕирен тул и циркони. Поширок е на колковите, а подолг одзади, а таа реши да го носи со обични црни панталони и црни потпетици.

Нов робот-помошник за домашни работи

Норвешката фирма за роботика „1-Икс“ го претстави својот нов човековиден робот, дизајниран за извршување на домашни работи, пишува „Лајф сајенс“ (Live Science).

Нов робот-помошник за домашни работи

Роботот „Нео гама“ (Neo Gamma), инаку покриен со плетен најлон - е двоножен андроид којшто може да ракува со правосмукалка, да пере и дипли алишта и да прави кафе. Во првото видео, роботот е прикажан и како служи чај, исправа рамка за слика, чисти прозорци и презема намирници, додека луѓето - сопственици ручаат, читаат книга итн. Иако компанијата соопшти дека робот сѐ уште не е подготвен за продажба и поширока јавна употреба, овој нов модел е во фаза на ограничено тестирање во неколку домови.

Сѐ ова ќе им овозможи на инженерите да ги тестираат својствата на навигација, говорните команди и вештачката интелигенција на роботот.

YouTube video

- Не е така далечна иднината кога сите ќе имаме свој робот-помошник дома, како 'Рози' или 'Бајмакс'... Човековидните роботи навистина се интегрираат во секојдневниот живот, но мора да продолжат да се развиваат заедно со луѓето, а не во изолација, рече Бернд Берних, извршен директор на „1-Икс“.

Според него, домот го обезбедува реалниот контекст и разновидноста на податоците потребни за роботот да развие интелигенција и самоуправување. Тоа, се вели, го учи и на нијансите во човековиот живот - како да отвора врата за постари, внимателно движење околу домашните миленици и да се прилагоди на непредвидливоста на светот околу нив.

„Нео гама“ бил подучуван со користење податоци добиени од снимање човеково движење, што му овозможило да оди со „природно човечко одење и движење на рацете“, и со способност за наведнување и седење на стол.

Рацете на роботот имаат повеќе зглобови, еластични мотори, како и четири микрофони и вградени звучници за комуникација со луѓето. Плетениот најлон однадвор би требало да ја намали силата на можните удари и влијанија врз опкружувањето и да ја зголеми севкупната безбедност. /МИА

Сане пред нов договор со Баерн

Германскиот крилен напаѓач Лирој Сане (29), чиј договор со Баерн истекува на крајот на јуни, најверојатно ќе остане во баварскиот клуб, објавија денеска германските медиуми.

Сане пред нов договор со Баерн

Истите извори наведуваат дека иако Сане не беше задоволен од понудата на најтрофејниот германски клуб, позициите на двете страни се приближиле околу продолжување на соработката.

Баерн му понуди тригодишен договор со фиксна годишна плата од десет милиони евра и до пет милиони во бонуси. Сане бараше повисока фиксна плата, но најновиот предлог на неговиот менаџер е блиску до она што го нуди клубот од Минхен. Во двата случаи, Сане би заработувал 15 милиони евра по сезона со бонуси.

Сане ја почна својата кариера во Шалке и се пресели во Манчестер Сити во летото 2016 година. По четири сезони во Англија се врати во Германија, а во јули 2020 година потпиша за Баерн, кој плати трансфер од 49 милиони евра. Оваа сезона Сане постигна 13 голови и додаде шест асистенции. /МИА

Социјалистичката партија на Еди Рама со убедливо водство по вчерашните парламентарни избори

Социјалистичката партија на Еди Рама убедливо победи на вчераодржани парламентарни избори во Албанија, со што албанскиот премиер е на пат да добие четврти последователен мандат.

Социјалистичката партија на Еди Рама со убедливо водство по вчерашните парламентарни избори

Според се уште нецелосно пребројаните резултати на албанската Централната изборна комисија, социјалистите во чија коалиција е партијата на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, освоила 52,5 проценти од гласовите, односно 83 пратенички мандати во 140-члениот парламент.

Зад нив, со 34,5 проценти е коалцијата предводена од Демократската партија на Сали Бериша, која освојува 51 пратеничко место. Рама, која според резултатите самостојно ќе може да формира влада, во предизборната кампања фокусот го стави на забрзување на членството во Европската унија, со амбиција Албанија преговорите да ги заврши за две години.

притисни ентер