Сертификати за персоналните асистенти на лицата со попреченост

Одржување на лична хигиена, пазарење, образование, се дел од многуте проблеми кои секојдневно ги имаат лицата со попреченост.

Секој човек има своја потреба.

„Јас сум активист во здружението „Полиоплус“, активна сум. Возам свое возило, меѓутоа треба некој да ми ја внесе количката, треба некој да ми ја внесе количката во автомобилот, кога имаме работа. Освен за капење и слично, тука е границата, каде што треба да се знае што е професионален асистент а што неговател“, изајви Бранкица Димитровска.

Лицата со попреченост имаат на располагање 92 пресонални асистенти со сертификати. Ќе добиваат персонална услуга.

„Сите лица со попреченост коишто аплицирале за персонален асистент ќе добијат услуга. Сите ќе се опслужат со овие 92. Но, сметам дека ова се првите чекори за доверба помеѓу перосналните асистенти и лицата со попреченост во државата и дека тогаш ќе се зголеми бројот и во барувањето на персонални асистенти“, изјави министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Програмата е преку мерките за вработување. Професионални асистенти има во Битола, Струга, Куманово, Неготино, Гостивар, Струмица и во Скопје.

Оваа обука беше објавена во март. Интересот беше голем. На огласот се јавија 254 невработени лица за предвидените 100 места“, истакна директорката на Агенцијата за вработување на Република Македонија, Билјана Јовановска

„Навистина имаше голема посветеност од страна на сите оние коишто се пријавија да ја завршат оваа обука. Многу успешно го направија тоа“

Од први јануари, персоналната асистенција ќе се вметне во новиот Закон за социјална заштита, за од кога и најавија продолжение на обука за персоналните асистенти. Лицата со попреченост, уште во 2005 година барале професионална грижа, но после 13 години, сепак благодарни што некој им го чул слухот.

Состојба на патиштата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. 

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ЦУК: Осум пожари на отворено во изминатото деноноќие

Во последното деноноќие се евидентирани осум пожар на отворен простор, а активни утрово нема. Горела ниска вегетација, депонии и ѓубришта, соопшти ЦУК.

По еден пожар на отворено имало во село Трубарево (ниска вегетација), зад терминалот на влезот во Струмица (ѓубриште) и кај пробиштипското село Неокази (трска). Во Општина Ѓорче Петров имало два, кај „Стопански двор“ (ниска вегетација) и кај „Обиколница Волково“ (ниска вегетација). Три пожари на творено имало во Општина Кочани - горела градската депонија, кај месноста „Монополски Бавчи“ (ѓубриште) и кај местото „Игралиште“ во Кочани (ѓубриште).

Танц парада и мини концерт во Струга по повод Светскиот ден на танцот

Со танц парада и мини концерт на отворено, под мотото „Струга танцува“ студиото за танц „Бах“ денеска по четврти пат ќе го одбележи Светскиот ден на танцот - 29 април.

Тања Бах, кореограф и идеен творец на студиото за танц информира дека членовите на „Бах“ ќе тргнат од центарот за култура „Браќа Миладиновци“, покрај кејот на реката Црн Дрим ќе продефилираат низ Струшката чаршија, а потоа ќе одржат концерт во Паркот на поезијата.

-Танц парадата е еден креативен начин да го одбележиме Светскиот ден на танцот. Парадата е нашиот придонес во културните настани во градот на мостовите. Ќе приредиме едно вистинско уживање за публиката и на за нас својствен начин ќе потсетиме за физичките и психичките придобивки од танцувањето, изјави Бах.

Во Паркот на поезијата, додаде, 100-тината членови на „Бах“ ќе ја продолжат танцовата традиција во Струга.

Светскиот ден на танцот за прв пат е прославен на 29 април 1982 годинаа, оттогаш, секоја година на овој ден ширум светот се читаат меѓународни и национални пораки за танцот. Оваа иницијатива ја покрена Меѓународниот одбор за танц на Меѓународниот инститиут за танц на УНЕСКО, а го избра денот според роденденот на зачетникот на модерниот балет и еден од најголемите танцови реформатори, Жан Жорж Новер. /МИА

притисни ентер