БалканСергеј Трифуновиќ преживеал сообраќајна несреќа Лидерот на Движењето на слободни граѓани , Сергеј Трифуновиќ вчеравечер имал сообраќајна несреќа.Во несреќата е полесно повредена сопатничката и девојката била однесена во болница, додека актерот и лидер на антивладините протести во Србија , е неповреден. ] Несреќата се случила во близина на село кај Крагујевац , кога Трифуновиќ изгубил контрола над возилотоКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ФормулаЛуис Хамилтон на пол-позицијата на Гран прито во МексикоСедумкратниот светски шампион во Формула 1, возачот на Ферари, Луис Хамилтон ја освои пол-позицијата на трката за Големата награда на Мексико, трка по која може да се промовира новиот шампион во најбрзиот циркус. Хамилтон, седумкратниот светски шампион кој вози за Ферари, беше најбрз, пред Џорџ Расел во Мерцедес и својот тимски колега Шарл Леклер во квалицфикациите пред Гран прито во Мексико. Макс Верстапен е четврти, додека лидерот во генералниот пласман, Кими Антонели, заврши на петтото место, пред Ландо Норис. Трката во Мексико е на програмата во недела во 21:00 часот во европско време, а се очекува дваесетгодишниот Италијанец токму во Мексико да ја потврди титулата. Тој беше блиску до премиерната титула уште минатиот викенд, но сега е навистина тешко да се замисли сценарио во кое тој нема да ја заврши работата. Антонели не зависи од никого. Доколку заврши на едно од првите девет места, ќе ја обезбеди титулата. Дури и ако не освои ниту еден бод, сепак може да стане шампион, под услов Расел и Хамилтон да не остварат добар резултат. До крајот од сезоната се очекува голема борба за местата на подиумот, бидејќи зад Антонели се наоѓаат Џорџ Расел со 242 бода, Луис Хамилтон со 241, Макс Верстапен со 236, Шарл Леклер со 233, па дури и Ландо Норис, кој има 211 бода.Тагови: Луис Хамилтон Формула 1 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПовозрасен скопјанец во својот дом нападнат и ограбен од двајца познаници76-годишен скопјанец во својот дом бил нападнат и ограбен од двајца познаници. -Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал. Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари. информираат од МВР. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаВидео: Војна на улиците во Франција: 320.000 демонстранти предизвикаа хаос, судири со полицијата...Во Франција синоќа, за време на протестите низ целата земја, приведени се 296 лица, соопшти Министерството за внатрешни работи.Според Министерството, на демонстрациите учествувале околу 320.000 луѓе, додека организаторите проценуваат дека бројката достигнала речиси 500.000. Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, во Париз се собрале околу 70.000 демонстранти, додека младинските синдикати тврдат дека во главниот град протестирале околу 200.000 луѓе, пренесува телевизијата БФМ (BFM TV). Plusieurs cocktails molotov jetés contre les forces de l'ordre à Paris. Situation très tendue porte de Charenton. #31octobre #Paris https://t.co/G32fnaDICG — Luc Auffret (@LucAuffret) October 31, 2026 Демонстрациите, кои претставуваат трет бран на социјална мобилизација во последните три недели, првично беа мирни, но доцна попладнето дошло до судири меѓу демонстрантите и полицијата во неколку градови, меѓу кои Париз, Лион, Марсеј, Бордо, Лил и Нант. Француското Министерство за внатрешни работи соопшти дека радикални групи во неколку градови се обиделе да навлезат во градските центри за да предизвикаат немири, вандализам и грабежи, но полициските сили ги спречиле во тоа. Plusieurs lasers utilisés par les manifestants pour tenter d'éblouir les policiers à Paris. #31octobre #Paris https://t.co/z7SPWTxEmO — Luc Auffret (@LucAuffret) October 31, 2026 Во Париз во близина на Порт де Шарантон, дошло до судири при што маскирани демонстранти фрлале предмети кон полицијата, а биле забележани и запаливи направи. Полицијата одговорила со солзавец, а интервенирала и единицита за разбивање демонстрации. Во Марсеј, според проценките на префектурата, се собрале до 10.000 луѓе, а откако демонстрантите почнале да фрлаат предмети кон полицијата, безбедносните сили употребиле сила за да ги растераат групите што предизвикуваа немири. Во Лион, според податоците на префектурата, протестирале 19.000 луѓе, додека во Бордо полицијата изброила 11.000 демонстранти. Сепак, според проценките на синдикатите, во Бордо на улиците излегле околу 70.000 луѓе. Во Тулон, во протестот учествуваа околу 1.000 луѓе, при што осум лица биле приведени, додека во Ница, демонстрациите со околу 4.200 учесници завршиле без посериозни инциденти. Француските власти го оцениле синоќешните собир како настан со висок безбедносен ризик, поради што низ целата земја беа распоредени околу 70.000 полицајци и жандарми.Тагови: протести Франција Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook