3Навивачи се затрчаа на теренот да ја прослават титулата, кога настана шок- голот во 96. минута ги остави без пехар (ВИДЕО)
МакедонијаСерафимовски: Се преземаат мерки за интензивирање на откупот на вранецотСе преземаат мерки за интензивирање на откупот на вранецот, олеснување на субвенциите, заштита на сточниот фонд и почитување на пазарните правила.Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготви мерки и одлуки кои се насочени кон интензивирање на откупот на винското грозје од сортата вранец, заштита на сточниот фонд, олеснување на субвенциите и проверка на почитувањето на законските правила на пазарот. Мерките се утврдени врз основа на сознанијата од терен, официјалните податоци и анализата на расположливите институционални механизми, соопшти министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски на денешната прес-конференција. „Во изминатиот период бев во постојана и непосредна комуникација со земјоделците, сточарите, откупувачите и преработувачите. Разговаравме за состојбите во производството, динамиката на откупот и неизвесноста што ја создава пласманот на дел од земјоделските производи. Одговорите што ги подготвивме произлегуваат од реалните состојби и се насочени кон конкретните потреби на производителите“, образложи министерот Серафимовски. За интензивирање на откупот на винското грозје, тој најави дека на следната седница на Владата ќе биде предложена измена Одлуката за условите за користење на средствата од компензационите фондови. Кредитната линија што се реализира преку Развојната банка изнесува 793,48 милиони денари, односно околу 12,9 милиони евра. Од нив, 553,48 милиони денари се наменети за откуп на винско грозје од сортата вранец, а 240 милиони денари за откуп на оризова арпа. „На барање на винарските визби, ќе ги олесниме условите за користење на средствата наменети за откуп на вранецот. Грејс-периодот ќе го зголемиме од три на 18 месеци, по што ќе следуваат дополнителни 18 месеци за отплата, со фиксна годишна каматна стапка од еден процент. Како заложно обезбедување ќе може да се користи и произведеното вино“, прецизира министерот Серафимовски, додавајќи дека со овие измени треба да се подобри ликвидноста на винарските визби и да се зголеми нивниот капацитет за преземање на грозјето во период кога бербата се очекува дополнително да се интензивира. На прес-конференцијата беа соопштени и последните податоци за состојбата со сипаниците кај овците. Болеста е потврдена во 64 жаришта - 50 во Источниот, седум во Североисточниот, шест во Вардарскиот и едно во Скопскиот регион. „Апелирам до сточарите доследно да ги почитуваат институционалните превентивни препораки, веднаш да ги пријавуваат сомнителните случаи и да не користат заедничка опрема меѓу стадата без целосна дезинфекција. Еден од главните утврдени ризици за пренесување на заразата е стрижењето со ножици што претходно не биле дезинфицирани“, апелираше министерот Серафимовски. Во меѓувреме, преземени се активности за обезбедување вакцини преку Европската комисија, Република Турција и ФАО. Министерот укажа дека нивното обезбедување нема да значи автоматско започнување со вакцинација. „Одлуката за евентуална вакцинација ќе се темели исклучиво на стручна проценка на епидемиолошката состојба, степенот на ризик и можните ветеринарно-здравствени и економски последици“, образложи министерот Серафимовски. Во делот на субвенциите, во изминатиот период се исплатени вкупно 948,78 милиони денари, односно околу 15,4 милиони евра, на 30.389 корисници. Притоа, тој најави дека исплатата ќе продолжи и по другите мерки, а паралелно се подготвува олеснување на условите за остварување на правото на субвенции. „Неповолните временски услови и ограничените можности за пласман доведоа дел од производителите објективно да не можат да го исполнат условот за најмалку 30 проценти продадено или предадено производство. На следната седница на Владата ќе предложиме укинување на овој услов за производителите во лозарството, овоштарството и поледелството“, најави министерот Серафимовски. Осврнувајќи се на состојбите со откупот на пиперката, оризовата арпа, вранецот и другите земјоделски производи, министерот соопшти дека Министерството мобилизира дополнителни системски капацитети за проверка на пазарните практики. Покрај редовните контроли на Државниот инспекторат за земјоделство, во текот на оваа работна недела Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе достави образложена иницијатива до Комисијата за заштита на конкуренцијата. „Состојбите нема да ги разгледуваме само преку поединечните контроли на откупните пунктови, туку и низ целокупната структура и функционирањето на пазарот. Од Комисијата ќе побараме да утврди дали постојат индиции за недозволено усогласување меѓу откупувачите, злоупотреба на пазарна моќ или примена на нефер трговски практики кон производителите“, рече министерот Серафимовски, притоа појаснувајќи дека Комисијата ќе оцени дали постои основа за постапување согласно Законот за заштита на конкуренцијата и Законот за забрана на нефер трговски практики во синџирот на снабдување со земјоделски и прехранбени производи. Министерот уверува дека однапред нема да се прогласува одговорност, но нема да се остави неискористен ниту еден финансиски, инспекциски или законски механизам за фактите да бидат независно и стручно проверени. „Пазарните услови не смеат да бидат оправдување за непочитување на договорите, нетранспарентна класификација или префрлање на целиот ризик врз земјоделците. Кога се работи за нивниот труд и приход, институциите мора да постапуваат навремено, координирано и одлучно“, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски. Тагови: Борче Серафимовски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЕвропаГермански тајкун призна дека учествувал во соборувањето на Себастијан Курц: Успешно го соборивме Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар.Поранешниот извршен директор на германската финансиска и технолошка компанија „Вајркард“, Јан Марсалек, кој е во бегство од 2020 година и е баран на меѓународно ниво, тврди дека имал улога во политичкиот пад на поранешниот австриски канцелар Себастијан Курц, според истражните документи добиени од мрежата на глобални репортери „Аксел Спрингер“. Во порака од 22 октомври 2021 година, упатена до Орлин Русев, кој предводеше шпионска група во Велика Британија поврзана со руското разузнавање, Марсалек изјави дека тие „успешно го собориле“ Курц, благодарение на запленувањето на мобилниот телефон на еден од неговите блиски соработници, објавува „Билд“. Курц ја објави својата оставка од функцијата австриски канцелар само 13 дена пред да ја испрати пораката. Според истражните документи, Марсалек тврдел дека запленувањето на телефонот овозможило пристап до пораки што го компромитирале тогашниот австриски лидер. Меѓу другото, станува збор за телефонот на Томас Шмид, поранешен висок функционер во австриското Министерство за финансии и близок соработник на Курц, кој беше запленет од австриските истражители во ноември 2019 година. Податоците пронајдени на телефонот, вклучувајќи ги и претходно избришаните пораки, станаа важен доказ во истрагите за корупција, политички назначувања и користење државни пари за финансирање на политички поволни истражувања и медиумски содржини. На 6 октомври 2021 година, австриските истражители ја пребараа канцеларијата на канцеларот, Министерството за финансии и седиштето на Австриската народна партија (ÖVP), а Курц ја објави својата оставка три дена подоцна. Тајунот Марсалек напиша во истата преписка дека преостанатите пораки од телефонот политички го „убиле канцеларот“, но истражните документи не даваат независни докази дека тој всушност го организирал запленувањето на уредот. Особено е нејасно дали Марсалек со терминот „ние“ мислел на компанијата Wirecard или на руската разузнавачка служба за која е осомничен дека работи, објавува Bild. 🔴Exklusiv: Der flüchtige frühere Wirecard-Vorstand Jan Marsalek hat behauptet, am Sturz des österreichischen Bundeskanzlers Sebastian Kurz beteiligt gewesen zu sein. Das geht aus Ermittlungsunterlagen hervor, die uns exklusiv vorliegen. Mit @haylesdixon & @camillahmturner: https://t.co/Gh9eEe8mNM — Tim Röhn (@Tim_Roehn) November 7, 2026 Марсалек е во бегство од јуни 2020 година, кога беше откриено дека околу 1,9 милијарди евра недостасуваат од билансите на компанијата по финансискиот колапс на Wirecard. Покрај финансиските измами, европските власти го истражуваат под сомнение за шпионажа за Русија. Русев, на кого Марсалек му ги испратил контроверзните пораки под кодното име „Руперт Тих“, подоцна беше осуден во Велика Британија на десет години и осум месеци затвор за активности поврзани со руска шпионска мрежа. Поранешниот австриски канцелар не сакаше да коментира за најновите наоди. Неговата придружба рече дека Курц отсекогаш верувал дека обвиненијата против него се политички мотивирани и дека бил шокиран кога дознал за можните врски на случајот со Русија. Британскиот пратеник Греам Дауни рече дека наодите се загрижувачки, предупредувајќи на поширок модел на руски обиди да влијаат на политичките процеси и да ги дестабилизираат демократиите во Европа. Истрагата продолжува, а британските истражители им доставија на австриските колеги дел од комуникациите запленети за време на апсењата на членовите на шпионската мрежа. Австриските власти, исто така, истражуваат дали лица од нивните разузнавачки структури му пренесувале информации на Марсалек, а индиректно на Русија.Тагови: Себастијан Курц тајкун Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
ФудбалСе урна преполна трибина во Норвешка- еден навивач заврши во болница, натпреварот е прекинат Натпревар од норвешката лига помеѓу Тромсе и Боде Глимт беше прекинат по 40 минути игра поради сериозен инцидент на стадионот Алфхајм, каде што дел од гостинската трибина се урна под тежината на навивачите. Едно лице е однесено во болница.Според норвешките медиуми, до пет лица паднале откако се урнала конструкцијата, а хоспитализираниот навивач бил свесен, потврди Симен Педерсен, службеник за односи со медиумите на Боде Глимт, објави Ројтерс. Инцидентот се случил зад еден од головите, додека гостинските навивачи скокале и пееле. Еден очевидец, Андрине Моен, изјави за локалниот весник VG дека подот одеднаш се урнал и редот пред неа се преполовил. Според неа, најмалку две лица паднале низ подот на трибината, но не е познато од која висина паднале или колку луѓе биле вклучени во инцидентот. Полицијата започна истрага и е одлучено дека оштетената трибина повеќе нема да се користи. Гостинските навивачи прво биле евакуирани, а потоа преместени на страничните трибини на стадионот. Натпреварот продолжи во 16 часот, а Боде/Глимт успеаја да се вратат на фудбалските обврски и да поведат непосредно пред крајот на првото полувреме. Ола Бринхилдсен постигна гол во втората минута од судиското продолжение (45+2). До крајот, Бринхилдсен го зголеми резултатот на 2-0 во 73-тата минута.Тагови: навивач трибина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44
СветЗаврши ли времето на Нетанјаху- Ајзенкот е новиот мандатар за состав на владата на Израел Израелскиот претседател Исак Херцог ја започна прес-конференцијата со изјава дека одржал консултации со претставници на сите партии, по израелските избори кои резултираа со политичка блокада.Тој ги опиша разговорите како „тешки и длабоки“, објави Скај Њуз. „Стана јасно дека сите граѓани на Израел, без оглед на нивните ставови, начини на живот или верувања, имаат еднаков глас, независно од тоа од која страна или партија доаѓаат“, вели тој. „Основното прашање е: кој има најголеми шанси да формира влада? „Затоа, во својство на претседател, одлучив мандатот за формирање влада да му го доделам на претседателот на партијата ‚Јашар‘, Гади Ајзенкот.“ За контекст: Како што веќе известувавме, Бенјамин Нетанјаху се бори да остане на функцијата, откако неговата верско-националистичка коалиција го загуби мнозинството на изборите одржани на 27 октомври. Опозицискиот кандидат Ајзенкот, поранешен началник на Генералштабот, настапи како главен ривал, предводејќи блок од партии кои имаат за цел да го сменат израелскиот премиер со најдолг стаж на власт.Тагови: Израел Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПротестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44Дали Софија дефинитивно го одби европско посредништво во дијалогот со Скопје?15:44Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите12:29Муцунски: Работиме на дијалогот со Бугарија, имаме поддршка од ЕУ и земјите членки15:00
Протестен марш „Ниту една повеќе“ - револтирани граѓани бараат одговорност и итна заштита од фемициди15:06
Уапсени се 17 возачи, од вкупно 19- те казнети, најголем број возеле без возачка или биле пијани 12:44