Сензационално откритие на стадион во близина на Виена- масовна гробница од римско време - Канал 5

Сензационално откритие на стадион во близина на Виена- масовна гробница од римско време

Работници го реновирале спортскиот комплекс во Симеринг, област во Виена, кога откриле нешто сосема сензационално – масовна гробница стара повеќе векови.

Сензационално откритие на стадион во близина на Виена- масовна гробница од римско време

Понатамошните ископувања покажале дека на местото биле закопани 150 мажи, најверојатно воини убиени во битка. Првичните резултати сугерираат дека гробницата датира од 92 година од нашата ера и може да промени сѐ што е познато за раната историја на австриската престолнина.

„Ова е уникатно европско и глобално откритие“, рече Вероника Кауп-Хаслер, градски советник задолжена за култура и наука, според „Кронен Цетунг“.

Ова, додаваат, е мислење и на други археолози кои учествувале во ископувањата и анализата на откритијата.

Во времето кога била создадена гробницата - околу 92 година од нашата ера - римскиот воен логор Виндобона се наоѓал на местото на денешната прва област во Виена. Археологот Микаела Кронбергер од виенскиот музеј и Кристина Адлер Волф, градскиот археолог, наведуваат дека е јасно дека се работи за скелети на војници, мажи на возраст од 20 до 30 години, а на телата и денес се видливи повреди, од исекотини и убоди до удари од проектили, пренесува Vienna.at.

Како што е наведено, никој не очекувал локалитет од времето на Римската империја на ова место. Особено затоа што кремирањето било пракса тогаш. Заклучокот е дека погребот бил извршен набрзина. Многу е веројатно дека ова е ерата на војните меѓу Римјаните и германските племиња од 86 до 96 година од нашата ера, кога е забележана загубата на цела легија.

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

 Во Молдавија ќе се одржат парламентарни избори на 28 септември, соопшти денеска локалниот парламент, додека гласањето ќе го одреди политичкиот пат на поранешната советска република, која се наоѓа меѓу европските аспирации и руското влијание

Во Молдавија закажани парламентарните избори за 28 септември

„Нашата задача е да ја зачуваме стабилноста и да се приклучиме на Европската унија во следните четири години“, рече проевропската претседателка на Молдавија Маја Санду, која ги прекина односите со Русија по војната во соседна Украина и ги отвори пристапните преговори со Брисел.

Таа зборуваше пред 101-члениот парламент во кој моментално доминира нејзината централно-десничарска партија Акција и солидарност, по убедливата победа на претходните парламентарни избори во јули 2021 година.

„Болно е да се признае, но ние сè уште имаме кревка држава“, рече Санду, предупредувајќи на можно враќање на „корумпираниот систем“ од минатото.

Молдавските власти соопштија дека имало купување гласови на претходните избори. Тогаш полицијата покрена истрага против повеќе од 140.000 граѓани на оваа сиромашна земја со околу 2,5 милиони жители./МИА

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека се водат трговски преговори со неколку земји, вклучувајќи ги Мексико, Јапонија и Кина, и ги опиша како продуктивни.

Трамп најави засилени трговски преговори, Кина подготвена за разговори

Како што јави Си-Ен-Ен, Трамп на мрежата „Трут сошла“ напиша дека разговарал со претседателот на Мексико и со највисоките трговски претставници на Јапонија, додека Кина, како што рече, е меѓу земјите што сакале средба со неговата администрација.

Како што наведе, кинески извори велат дека се отворени за преговори, но под услови на меѓусебно почитување и реципроцитет.

Италијанскиот премиер Џорџа Мелони денеска отпатува за Вашингтон на разговори во Белата куќа.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

Рускиот претседател Владимир Путин изјави денеска за време на состанокот со катарскиот емир Тамим бин Хамад Ал Тани во Москва дека Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток.

Путин: Катар е клучен партнер на Русија на Блискиот Исток

„Нашите односи стануваат се посилни. Неодамна во Доха се одржа меѓувладина комисија и ми се чини дека беше многу корисна. Катар е еден од нашите приоритетни партнери воопшто, а особено на Блискиот Исток“, рече Путин.

Додаде дека во билатералните односи е изградена долгогодишна добра традиција.

притисни ентер