Сенаторот Џонсон: Прикриени се предупредувањата за исхемичен мозочен удар и миокардитис од мНРА вакцините, ФДА првпат признава смрт на деца од вакцините - Канал 5

Сенаторот Џонсон: Прикриени се предупредувањата за исхемичен мозочен удар и миокардитис од мНРА вакцините, ФДА првпат признава смрт на деца од вакцините

Сенаторот Рон Џонсон тврди дека од околу 11 милиони страници документи поврзани со мНРА вакцините против КОВИД што ги добиле откриле оти било прикриено предупредувањето за миокардитис....

Сенаторот Џонсон: Прикриени се предупредувањата за исхемичен мозочен удар и миокардитис од мНРА вакцините, ФДА првпат признава смрт на деца од вакцините

Сенаторот Рон Џонсон тврди дека од околу 11 милиони страници документи поврзани со мНРА вакцините против КОВИД што ги добиле откриле оти било прикриено предупредувањето за миокардитис, за опасноста за исхемичен мозочен удар кај лица над 65 години кон крајот на 2022 и 2023 година, како и дека двата сигнали биле минимизирани. Нагласува дека од графиците за смртни случаи поврзани со вакцини може да се види дека во 1990 година биле неколку стотици годишно, а во 2021 година, биле над 20.000. - И пет години ФДА тврди дека не гледа сигнал. Ова беше јасен сигнал кој, до денес, се прикрива, вели Џонсон. Бара одговори од РФ Кенеди Јуниор на пишувањата во мемото на д-р Винај Прасад во врска со обдукциите на млади деца кои примиле мНРА вакцини со кои, според него, за првпат, FDA ќе признае дека КОВИД вакцините можеби убиле американски деца. Смета дека работите поврзани со справувањето со пандемијата не треба да се остават без одговори и оти мора да има одговорност кај оние кои биле надлежни, а некои од нив, како што вели, се уште работат во HHS, CDC (Центар за болести на САД) и FDA.

Сведочење на РФ Кенеди Јуниор во Сенатот 22 април 2026.

Рон Џонсон: Мислам дека сте свесни за фактот дека јас, на многу фронтови, сметам дека нашата реакција на пандемијата беше голем неуспех. Исто така сум свесен дека, бидејќи пандемијата заврши, многу луѓе едноставно сакаат да ја остават зад себе. Да не ги разгледуваме сите работи што тргнаа наопаку. Една група луѓе која не сака да продолжи понатаму, група која инсистира на одговорност, се оние кои беа повредени од КОВИД мРНА инјекцијата. Мислам дека сте свесни дека денес, на глобално ниво, имаме речиси 1,7 милиони пријави за несакани настани, речиси 39.000 смртни случаи. Патем, од тие смртни случаи, 24% се случиле на денот на инјекцијата или во рок од еден до два дена. Знам дека системот за пријавување нескани ефекти од вакцините (VAERS) не докажува причинско-последична врска, но тоа е сериозна корелација. Повредените од инјекцијата, одбивам да ја наречам вакцина, тоа не е традиционална вакцина, и повредените, барем, сакаат нивните повреди да бидат признаени за да можат да добијат третман. Видов многу тажно видео од човек во Јапонија кој прима третман за повреда од инјекцијата. Не можел да добие третман тука, во САД. Една од пречките е што немаме ICD код (код од меѓународна класификација на болести) за вакви случаи. Знам дека ова се разгледува во Министерството за здравство (HHS). Мислам дека директорот на националниот здравствен институт (NIH), Бачерија, бара ICD код. Само ве прашувам дали сте подготвени да го разгледате тоа и да му дадете приоритет, за повредените од инјекцијата барем да добијат ICD код и признавање на нивните повреди. Дали ќе го направите тоа?

РФ Кенеди јуниор: Работиме на тоа и се трудиме да го реализираме што е можно побрзо. Исто така ги спроведуваме студиите што треба да се направат во NIH. Извештаите од судските вештаци за згрутчување на крвта и слично.

YouTube video

Рон Џонсон: Мило ми е што го спомнавте тоа. Следното прашање се однесува на меморандум, од д-р Прасад, од декември 2015 година (овде Џонсон прави лапсус за годината, меморандумот е од 2025, а греши и за месецот, објавен е на 29 номеври 2025, н.з.), каде што во рамки на FDA (Американската агенција за лекови) се разгледуваат, мислам, 96 обдукции на деца починати по КОВИД мРНА инјекцијата. Во тоа мемо, д-р Прасад пишува: „Ова е длабоко откритие. За првпат, FDA ќе признае дека КОВИД вакцините убиле американски деца. Здрави млади деца, со многу мал ризик од смрт, биле принудени, поради политики на администрацијата, преку училишни и работни обврски, да примат вакцина што може да доведе до смрт. Во многу случаи, таквите мерки биле штетни. Тешко е да се чита за случаи каде деца од 7 до 16 години можеби починале како резултат на вакцините. Ставајќи ги овие факти заедно, застрашувачки е да се помисли дека регулативата за вакцини во САД, вклучително и нашите постапки, можеби нанела повеќе штета отколку корист. Ова бара понизност, саморефлексија и надзор.“

Затоа, испратив писмо до вас и вашата агенција на 15 декември. Од 10 барања, добив одговор само на три. Нема одговор за документите што ги побарав. Ве прашувам дали ќе се обврзете целосно да одговорите на моето писмо.

РФ Кенеди јуниор: Посветен сум 100 отсто.

Рон Џонсон: Во писмото побарав и документи за процесот на одлучување за продолжување на заштитата од одговорност за овие инјекции за уште четири години. Дали ќе ги доставите тие документи?

РФ Кенеди јуниор: Да, ако ги имаме, ќе ви ги доставиме.

Рон Џонсон: На крај, да го прикажеме овој графикон. Благодарение на транспарентноста, добивме близу 11 милиони страници документи. Откривме дека било прикриено предупредувањето за миокардитис. Неодамна откривме дека се знаело и за опасноста за исхемичен мозочен удар кај лица над 65 години кон крајот на 2022 и 2023 година. Двата сигнали биле минимизирани. Најзагрижувачки е што постои нацрт-извештај: Питер Маркс бил информиран на 26 март 2021 дека алгоритмот за анализа на VAERS (систем во САД во кој се пријавуваат несакани ефекти од медикаменти, н.з) податоците може да ги прикрива несаканите настани. Со друг систем биле откриени 49 случаи на прикривање, од кои 25 значајни несакани ефекти, вклучувајќи ненадејна срцева смрт, Белова парализа и белодробен инфаркт.

Овој извештај ќе биде објавен следната недела. Не ми требаше сложен математички модел за да видам дека постојат сериозни сигнали за безбедност. Графикот покажува смртни случаи поврзани со вакцини од 1990 година, неколку стотици годишно. Во 2021 година, над 20.000. И пет години FDA тврди дека не гледа сигнал. Ова беше јасен сигнал кој, до денес, се прикрива.

Постојат луѓе вклучени во ова прикривање кои сè уште работат во HHS, CDC (Центар за болести на САД) и FDA. Сакам ваша посветеност тие луѓе да бидат достапни за интервјуа. За некои ќе мора да издадам повик. Ќе навлезам длабоко во ова.

РФ Кенеди јуниор: Ја имате мојата посветеност.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)

Илијан Филипов (53), бугарски претприемач и претседател на фудбалскиот клуб Ботев Пловдив, е убиен. 

Со куршум во главата е убиен бугарски милионер и претседател на фудбалскиот клуб „Ботев“ – Пловдив (ВИДЕО)

Филипов е убиен во текот на ноќта во Пловдив, а полицијата и обвинителството започнаа обемна истрага. Бугарската телевизија НОВА објави, повикувајќи се на извори од Министерството за внатрешни работи, дека Филипов е пронајден мртов по пукање во населбата Христо Смирненски. Повикот до полицијата дошол околу 1 часот наутро, објави Индекс.

Според информациите објавени подоцна, Филипов бил нападнат на скалите од зградата каде што живеел. Бугарските медиуми јавуваат дека бил застрелан во главата, но полицијата официјално не ги потврди сите детали од нападот во првите часови од истрагата.

Полицијата го блокира подрачјето

Местото на убиството веднаш беше опколено, а во текот на утрото полицијата ја пребарала околината на зградата, контејнерите, шахтите и околните области во потрага по оружје и други докази. Собрани се и снимки од надзорните камери.

Во истрагата се вклучени локалната полициска управа и Бугарската национална полиција. Зголемени контроли беа воведени и на приодите кон градот, каде што полицајците запираа и проверуваа автомобили.

YouTube video

Мотивот за убиството на милионерот сè уште не е познат. Бугарските медиуми објавуваат дека се проверуваат неколку можни верзии, вклучувајќи ги деловните врски на Филипов и можните конфликти, но нема потврда дека некој од нив е поврзан со неговата смрт.

Поранешниот градоначалник на Пловдив, Здравко Димитров, рече дека неодамна го сретнал Филипов на фудбалски натпревар и дека немало ништо во неговото однесување што укажува дека се чувствувал загрозен или загрижен.

Се занимавал со транспорт

Филипов бил добро познат бугарски претприемач, првенствено поврзан со транспортната компанија ПИМК, една од големите компании во таа гранка во Бугарија. Со текот на годините, го проширил својот бизнис за да вклучи градежништво и други сектори.

Тој одиграл особено важна улога во Ботев Пловдив. Неговото влегување меѓу водечките луѓе на клубот доби на значење по финансиските проблеми низ кои минувал Ботев. Филипов учествувал во стабилизирањето на клубот, финансирањето на тимот и донесувањето важни спортски одлуки.

Тој бил вклучен и во проектот за завршување на стадионот „Христо Ботев“. Конзорциумот предводен од неговата компанија ПИМК ја доби работата за продолжување на изградбата на стадионот, а Филипов лично учествуваше во потпишувањето на договорот со градот Пловдив.

Ботев е најстариот бугарски клуб

Ботев Пловдив е основан во 1912 година и се смета за најстар активен фудбалски клуб во Бугарија. Тој е еден од традиционално најголемите клубови во земјата и е познат по својата голема и многу активна база на навивачи.

Тој беше шампион на Бугарија во 1929 и 1967 година, додека четири пати го освои националниот куп. Последниот голем трофеј го освои во сезоната 2023/24, кога Лудогорец го победи Лудогорец со 3:2 во финалето на Купот на Бугарија. Со ова, тој се врати на европските натпреварувања.

Клубот ги игра своите натпревари на реновираниот стадион „Христо Ботев“, кој повторно стана негов дом во последниве години по долгогодишната реконструкција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Николоски -Тигањ: Македонија и Хрватска во континуитет ја унапредуваат економската и политичка соработка

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работа средба со амбасадорката на Република Хрватска, Нивес Тигањ. 

Николоски -Тигањ: Македонија и Хрватска во континуитет ја унапредуваат економската и политичка соработка

На средбата се разговараше за економската соработка, регионалниот развој како и европската интеграција на Македонија.

Двајцата соговорници ги потенцираа можности за унапредување на економската и трговска соработка како две земји со традиционални добри односи и создавање дополнителни врски меѓу компаниите.

Во делот на инфраструктурниот развој, министерот ја потврди определбата на Владата за реализација на инфраструктурните проекти, со посебен акцент на капиталните инвестиции и нивното влијание врз регионален развој, подобрување на поврзаноста и создавање услови за економски раст.

Хрватска останува важен партнер и поддржувач на европскиот пат на Македонија, како и на реформските процеси што се спроведуваат во земјата.

Двете страни изразија подготвеност за унапредување на соработката во областите од заеднички интерес, во духот на традиционалното пријателство и партнерство меѓу двете земји.

Министерство за транспорт

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шпанските војници обвинети за злоставување мигранти на Сеута- владата отвори истрага

Мигрант во инвалидска количка, со сериозни повреди на глуждовите, рацете и торзото, тврди дека шпански војници го турнале од висина од шест метри. 

Шпанските војници обвинети за злоставување мигранти на Сеута- владата отвори истрага

Неговиот случај е дел од извештајот на Амнести Интернешнл во кој се документираат систематски тепања, понижувања и протерувања од Сеута. Организацијата наведува дека снимените процедури имаат елементи на тортура и суров, нечовечки или понижувачки третман. По објавувањето на извештајот, шпанската влада нареди воена истрага, пишува Euronews.

Детали за истрагата и реакцијата на властите

Шпанското Министерство за одбрана потврди за Euronews дека случајот е проследен до државниот обвинител и судот во Сеута. „На Оперативната команда ѝ е наредено да истражи и да утврди можна индивидуална одговорност со цел да се зачува професионализмот и угледот на вооружените сили“, соопшти министерството.

Амнести ја спроведе својата истрага во Сеута помеѓу 10 и 15 септември. Истражителите интервјуираа повеќе од 65 лица и собраа 22 директни сведоштва во кои ги обвинуваа војниците за тепања, малтретирање, понижување, кражба на пари и уништување на мобилни телефони.

Организацијата, исто така, документирала повреди што се совпаѓаат со приказните на мигрантите. Сведоците велат дека злоупотребите се дел од повторлив модел, особено во операциите на Регуларните и Легиите.

Тепања, закани и протерувања

Собраните сведоштва споменуваат тепања со палки и чизми, врзување со пластични врвки и удари во главата. Еден млад човек од Мароко рекол дека не можел да оди 25 дена откако војник го турнал од висина од најмалку шест метри додека спиел.

Двајца други млади мажи пријавиле дека биле тепани со палки и тупаници додека биле врзани, а Амнести соопшти дека проверила за траги од врвки на нивните зглобови.

Организацијата, исто така, предупредува на можни нелегални протерувања. Според изјавите и снимките, некои војници наводно работеле ноќе со маски на лицата. Мигрантите биле тепани или прскани со иритирачки спреј пред да бидат брзо вратени во Мароко преку ограда во Тараџал.

Исто така, имало случај на граѓанин на Јемен кој бил протеран без никаква постапка иако сакал да побара меѓународна заштита. Тој рекол дека тој и десетици други биле однесени на границата и предадени на мароканската полиција.

„Имаме наредби да им создадеме непријатност“

Истрагата на Амнести укажува на ширење на расистичко и ксенофобично однесување меѓу населението на Сеута. Жителите за кои се претпоставува дека се од мароканско потекло наводно се подложени на проверки на документи, а нивниот пристап до некои делови од градот и продавниците е ограничен.

Тимот на Амнести лично бил сведок на таков инцидент. Неколку војници им се приближиле на групата луѓе на клупата и ги прашале „дали се од тука“ и им наредиле да си заминат. Кога истражувачите прашале зошто се туркани, еден војник одговорил: „Имаме наредби да се осигураме дека нема да се чувствуваат удобно“.

И самата делегација доживеала малтретирање. Националната полиција им ги дала нивните лични карти додека проверувале извештаи за одведување на мигрантите, а војниците во патролата ги навредувале.

Ранливи малолетници и баратели на азил

Амнести, исто така, предупредува на кршење на правото на азил. Луѓето од кризни области како што се Сомалија и Јемен, кои пристигнале во Сеута пред повеќе од два месеци, сè уште чекаат на започнување на постапката за заштита. Некои дури и не поминале низ основна проценка на ранливост ниту добиле информации за нивните права.

Состојбата на малолетниците е особено тешка. Официјално се идентификувани 2.383 деца без придружба, но се проценува дека помеѓу 500 и 700 сè уште живеат на улица без никаква поддршка, некои на возраст од само 12 или 13 години.

Амнести наведува дека овие деца бараат заштита во полициските станици речиси секој ден, но постојано се одбиваат. Ситуацијата е тешка и за околу 800 жени, од кои некои се со деца, кои живеат на улица или во импровизирани засолништа без основни хигиенски услови.

Барања за истрага и суспензија

Амнести Интернешнл испрати писма до шпанскиот премиер и претседателот на Сеута со заклучоците од истрагата и барање за итни мерки. Организацијата повикува на брза, независна и темелна истрага за наводите за злоупотреба. Тие исто така бараат војниците осомничени за нападите да бидат привремено отстранети од должност додека не се утврдат фактите.

Во исто време, организацијата признава дека ситуацијата во Сеута е сложена и потсетува дека повеќе од 30 мигранти се уапсени за напад врз војници. Сепак, тие нагласуваат дека ова не ги ослободува државните службеници од обврската да ги почитуваат законите и човековите права.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер