Сенaтор Риш: Очекувам ратификација на Протоколот за НАТО во јуни

– Сенатот се очекува да го ратификува Протоколот за влез на Северна Македонија во НАТО во јуни, вели во интервју за Гласот на Америка сенаторот Џејмс Риш, претседавач со сенатската Комисија за надворешни работи.

-За околу две недели Комисијата ќе има сослушување за Протоколот. Потоа, тој ќе треба да оди на гласање пред целиот Сенат. И многу веројатно тоа ќе се случи во јуни. Претпазливи оптимисти сме дека тоа ќе го направиме тогаш, рече Риш.

Сенаторот очекува голема поддршка за ратификација на Протоколот или, како што истакнува, 98 од 100 сенатори би гласале за него.

-Мислам дека со ова ќе се пополни голема празнина што постоеше во Северна Македонија и Балканот. Веруваме дека државата ќе биде цврсто дополнување на НАТО силите во тој регион, изјави Риш.

Смета дека специјално нешто што Северна Македонија ќе и` донесе на Алијансата е полигонот за вежбање кој, според него, ќе се користи многу почесто со зачленувањето во НАТО.

-Природно и нормално е да видите и економски активности што ќе следат по пристапувањето. Никој нема да биде изненаден да има економски развој, верува Риш.

Тој вели дека референдумот минатата година бил јасен индикатор дека народот не го сака мешањето на Русија во државата, додавајќи дека влезот во НАТО ќе биде и крајно одбивање на малигното влијание што таа го носи.

-Верувам дека повеќето луѓе би сакале да се спротивстават на руската агресија и да се најдат под заштита на најсилната воена алијанса што некогаш била креирана во историјата на светот. Ако јас живеев во овој регион ќе сакав да бидам дел од НАТО што ќе ја гарантира безбедноста на мојата држава, вели Риш.

Сенаторот рече дека на почетокот на годината се сретнал со официјални лица на Северна Македонија, на кои им ја пренел пораката за корупција, демократија, слобода на говор и човекови права.

-Америка е модел за луѓето, независно дали се работи за корупција, демократија, слобода на говор или човекови права. Сето тоа сме ние и Америка. Верувам дека тоа се нашите столбови, кои луѓето ги сакаат. Не сакаме да им кажуваме на луѓето што треба да прават, но, овие пораки се прифаќаат речиси во сите држави во светот, истакна тој.

Нагласи дека Северна Македонија е партнер на САД, и тие и натаму ќе останат силен поддржувач на интересите на македонските граѓани.

Борел: Офанзива во Рафа ќе предизвика цивилни жртви, без разлика што вели Израел

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. 

Офанзивата на Израел врз Рафа, најверојатно, ќе убие повеќе цивили и се спроведува и покрај експлицитните предупредувања против неа од земјите-членки на Европската унија и САД, изјави високиот претставник на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Жозеп Борел.

- Офанзивата на Рафа повторно почна, и покрај сите барања на меѓународната заедница, САД, земјите членки на Европската унија, сите бараат од Нетанјаху да не напаѓа, изјави Борел, пренесува Тајмс оф Израел.

- Се плашам дека ова повторно ќе предизвика многу жртви, цивилни жртви. Без разлика што велат тие. Нема безбедни зони во Газа, додаде тој. /МИА

Април годинава потопол од просечните многугодишни вредности

Согласно мерењата и набљудувањата на метеоролошките станици во Република Македонија, месец април годинава се карактеризира како многу топол и нормално врнежлив месец во споредба со многугодишните просечни вредности, информираат од УХМР.

Средномесечната температура изнесувала од 7,9°С во Лазарополе до 16,6°С во Гевгелија. Споредено со просечните априлски средномесечни температури, за триесетгодишен период (1991-2020), овогодинешната била 2,5 °С над просекот на ниво на држава.

- Највисоката максимална температура беше измерена на 14 април во Гевгелија и изнесуваше 30,7 °С. На територијата на државата во текот на месецот, од 5 до 16 ти беше забележен продор на топлотен бран. Забележена е појава на слаб мраз на повисоките места од 18-ти до 22-ри во месецот. Најниската минимална температура во текот на месецот беше измерена во Лазарополе, на 20 април и изнесуваше -3,1 °С, велат од УХМР.

Во месец април минатата година, месечната сума на врнежи во државата изнесувала од 26 mm во Демир Капија до 80 mm во Маврово.

-Врнежите беа од дожд и снег. Максимално дневно количество на врнежи од дожд 26 mm беше регистрирано во Берово на 18-ти, додека максимална снежна покривка од 9 cm беше измерена во Попова Шапка на 21-ви во месецот, нагласуваат од УХМР.

Споредено со априлската просечна вредност за многугодишен период (1991-2020), додаваат од Управата, измерената месечна сума на врнежи била околу просекот, на ниво на држава. /МИА

Извршена ларвицидна дезинсекција на територија на општина Илинден

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. 

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден во координација со екипите на ДТУ ТОКСИ ВЕТ– Скопје, реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.

Во согласност со елаборатот за спроведување на превентивна дезинсекција за спречување и искоренување на вектор преносливи заболувања, во овој период се врши ларвицидна дезинсекција на водни површини за уништување ларви од комарци. Со третирањето се опфатени сите водни површини на отворените одводни канали (главни, секундарни и терцијални), речното корито на Сува Река и вештачката акумулација во Бучинци, на вкупна површина од 50 хектари.

Дезинсекција се врши со еколошко средство, кое е безопасно по здравјето на луѓето, одобрено и пуштено во промет од Бирото за лекови.

Општина Илинден

притисни ентер