Семинар за пристапување во ЕУ посветен на правосудството

Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими и вршителот на должноста постојан претставник на УНДП, Алесандро Фракасети денеска го отворија дводневниот семинар за пристапување во ЕУ посветен на поглавјето за правосудство и фундаментални права.

Семинарот го организира Секретаријатот за европски прашања во соработка и со поддршка на Канцеларијата на УНДП во Македонија.

- Сметам дека овој семинар се одржува во еден многу важен момент за европската интеграција кога нашата земја доби позитивни оценки во пролетниот Извештај на Европската комисија по однос на реализацијата на обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво. Со ова покажуваме дека остануваме посветени на процесот и имаме капацитет да се справиме со предизвиците кои произлегуваат од реформските процеси, оцени вицепремиерот Бесими.

Според него, споделувањето на хрватските искуства во процесот на преговори со ЕУ, особено во делот на правосудството и фундаменталните права, ќе придонесе за понатамошно зајакнување на административните капацитети, особено ако се има предвид дека се очекува Европскиот совет да определи датум за почеток на пристапните преговори на јунскиот самит.

Вршителот на должноста постојан претставник на УНДП нагласи дека Хрватска е единствената земја којашто го има завршено процесот на преговори со ЕУ според новиот формат кој од неодамна важи за сите земји кандидати за членство.

- Со пренесувањето на свежите искуства од хрватскиот преговарачки тим, во можност сме да обезбедиме експертиза од прва рака. Ова е дел од долгорочната поддршка на УНДП за земјата во нејзиниот процес за подготовка за преговорите и постигнување на нејзината цел – членство во ЕУ, рече Фракасети.

На семинарот учествуваат претставници од државните институции кои работат на ова поглавје, а искуствата ќе ги пренесат експерти од Хрватска кои биле директно вклучени во преговарачкиот тим.

Семинарот е продолжение на низата активности што се реализираат во рамки на соработката со УНДП вклучително и семинарот за пристапување во ЕУ кој се одржа во септември минатата година и семинарот за поглавјето Правда, слобода и безбедност кој се одржа во декември лани.

Април возбудлив за играчите на ВЛТ

Видеолотарија Касинос Австрија им исплати на играчите 46.238.549 денари

46.238.549 денари е збирниот износ кој Видеолотарија Касинос Австрија го исплати кон играчите на видеолотариските терминали за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ во април, оваа година.

Фантастични 46.238.549 денари легнаа на сметките на играчите на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија за СУПЕР МИЛИОНЕР, МИЛИОНЕР и МИНИ ЏЕКПОТ.

Април е месец на ВЛТ добивки. Овој месец Ј.М. од Битола на 15.04.2024 ја освои најпосакуваната добивка, СУПЕР МИЛИОНЕР џекпот на Видеолотарија Касинос Австрија, во вредност од 20.951.041 денари.

Во април имавме и 12 МИЛИОНЕР џекпот добивки. Играчите кои ги освоија, заедно поделија неверојатни 19.029.075 денари. Дополнително, во април играчите на ВЛТ освоија и 6.258.433 денари за МИНИ ЏЕКПОТ.

Само за потсетување, најпосакуваната ВЛТ џекпот добивка на сите времиња- СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ е во зоната на паѓање. Секој кој се забавува на видеолотариските терминали на Видеолотарија Касинос Австрија, има можност да ја освои оваа фантастична добивка. Највисокиот износ кој може да се освои со оваа добивка е 21 милион денари.

#ИграјЗаЗабава #ИграјОдговорно #СуперМилионерЏекпот #МилионерЏекпот

Одбележување на Денот на македонската полиција

 Централно одбележување на Денот на македонската полиција - 7 Мај, со свеченост во паркот кај авиончето во општина Аеродром.

Најавени се обраќања на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, како и присуство на претставници на дипломатскиот кор.

Во рамки на прославата предвидени се изложба и презентација на опрема на различни полициски единици.

Поради одбележувањето на Денот на македонската полиција воведен е пособен сообраќаен режим во овој дел од градот. До 18 часот затворен за сообраќај ќе биде булеварот „АСНОМ“ на потегот од крстосницата со булевар „Србија“ до крстосницата со булевар „Февруарски поход“.

Јавниот превоз во Скопје утре по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Јавниот превоз во Скопје утре ќе функционира по неделен возен ред, а жичницата нема да работи, соопштија денеска од Одделението за односи со јавност во ЈСП Скопје .

Дежурни од 7 до 14 часот ќе бидат билетарниците на Транспортен центар и таа во Ѓорче Петров.

притисни ентер