Семинар за изучување на народните инструменти и песни најава за фестивалот „Пеце Атанасовски“ - Канал 5

Семинар за изучување на народните инструменти и песни најава за фестивалот „Пеце Атанасовски“

Во ученичкиот интернат „Орде Чопела“ во Прилеп од денеска до сабота, се одржува семинар за изучување на народни инструменти и песни во рамки на фестивалот „Пеце Атанасовски“.

Семинар за изучување на народните инструменти и песни најава за фестивалот „Пеце Атанасовски“
Како што вели директорот на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, Весна Атанасовска Вучиќ, семинарот е своевидна најава на 40-то, јубилејно издание на оваа национална манифестација.

- На семинарот ќе учествуваат 18 учесници од Грција, Бугарија и Македонија. Тие од еминентните македонски стручњаци ќе ги изучуваат свирењето на народните инструменти: тапан, гајда, зурла, на кавал и изворното пеење. Семинарот го води професор д-р Ѓоко Ѓорѓиев, а предавачи се членовите на уметничкиот совет на Фестивалот. На овој начин го најавуваме одржувањето на јубилејното издание на Фестивалот, нагласи Атанасовска Вучиќ.

Утревечер, од 20 часот на камената бина на плоштадот „Александрија“ во центарот на Прилеп ќе биде промовирана монографијата „Непресушен извор“ по повод четирите децении на Фестивалот за народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“.

- Монографијата низ збор и слика ги следи почетоците, растежот и развојот на Фестивалот кој од Смотри на гајдите во 1974, прерасна во Фестивал.

Првите 22 години го носеше името на нашиот собирач на народни умотворби Марко Цепенков, а последните 18 години го носи името на идејниот творец Пеце Атанасовски. Фестивалот на кој досега имало околу 9.000 учесници од земјава и од странство прерасна во манифестација која го зачувува, негува и претставува богатиот македонски изворен мелос во земјава и во светот. Делови во монографијата се преведени и на англиски и на француски, објаснува Атанасовска Вучиќ.

Во ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ в петок во 12 часот ќе се одржи трибина на тема: „Форми и содржини за презентација на изворниот фолклор“. Модератори на трибината се професор д-р Ѓоко Ѓорѓиев, професор Ана Марија Боја од Унгарија, проф. Д-р Родна Величковска и професор Катерина Петровска Кузманова од Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, Захаринка Милосављевиќ и професор д-р Илчо Јованов, декан на ФМУ при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Годинава на Фестивалот се најавени околу 250 учесници од земјава и гости- гајдаџии од Унгарија.

- На четврти, в петок од 19 часот на Рудина кај Долнени е првата фестивалска вечер со настап на учесниците. В сабота од 11 часот учесниците на три локации во центарот на Прилеп ќе настапат со изворна музика како своевидно потсетување на четиридецениската фестивалска традиција, а в сабота вечер, исто на Рудина е натпреварувачкиот дел кога ќе бидат доделени и наградите на најуспешните годинава на Фестивалот, вели Атанасовска Вучиќ. /МИА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград

Вучиќ синоќа го призна изборниот пораз. 

Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград

Според прелиминарните резултати Студентска листа освои апсолутно мнозинство за самостојно да формира влада со 141 освоен мандат во собранието. Обединета Србија чија листа ја предводеше Вучиќ има 103 мандати. Студентското движење на Србија ги повика граѓаните вечерва повторно да дојдат на плоштадот Славија во Белград за да ја прослават историската победа на студентската листа, откако и синоќа масовно се славеше изборната победа и падот на Вучиќ. Граѓаните го демонтираа и тн. Ќациленд. Денеска тие се собраа во Пионерскиот парк спроти српското собрание.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Во меѓусебен демократски дијалог ќе одлучиме кој ќе влезе во владата и ќе продолжи да ја води земјата во најдобар интерес на нашите граѓани – вели во првото интервју по победата носителот на студентска листа Илија Срдановиќ, за хрватски Индекс.</

Срдановиќ најавува продолжување на европската интеграција и подобрување на односите со соседите

Сега имаме голем број мандати во собранието, а меѓу тие луѓе веќе има доволно кредибилни кандидати кои можат да бидат членови на владата или премиер – рече Срдановиќ.

Тој најавува подобрување на соработката и продолжување на европската интеграција на Србија, додавајќи дека првите чекори во полицијата, обвинителството и судството ќе бидат многу важни а како што нагласил за тоа ќе бидат потребни и слободни медиуми.

За хрватски Индекс Срдановиќ потврдил и дека разговарал со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој му ја честитал победата со надеж за продолжување, која според Срдановиж ќе биде конкретизирана по изборот на новата влада. Челниците на ЕУ беа меѓупрвите кои ја честитаа изборната победа на студентска листа. Србија може да почне ново поглавјхе порача еврокомесарката Марта Кос.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Крузер се судри со два товарни брода во северна Германија (ВИДЕО)

Синоќа, крузерот „Mein Schiff 3“, управуван од германската компанија „TUI Cruises“, се судри со два контејнерски брода при испловување од пристаништето Бремерхафен во северна Германија.

Крузер се судри со два товарни брода во северна Германија (ВИДЕО)

Според полицијата, крузерот удрил во два брода, иако од „TUI Cruises“ потврдија судир со само еден товарен брод, пренесува „Bild“.

Во судирот, еден од товарните бродови претрпе оштетувања на страничниот дел. Нема повредени, но патниците мораа да ја поминат ноќта на бродот, кој утрово сè уште се наоѓаше во Бремерхафен. Планираното 20-дневно крстарење до Канарските Острови е откажано, а на патниците им е препорачано да се вратат дома, објави утрово германскиот јавен сервис „NDR“.

Крузерот требаше вчера да исплови кон Канарските Острови. И покрај невремето, тој тргна од кејот „Колумбускаје“ околу 17:00 часот, со помош на влекачи. Сепак, набргу наиде на тешкотии во близина на контејнерскиот терминал. Според полицијата, силен налет на ветер околу 17:30 часот го турнал крузерот кон усидрените контејнерски бродови. И покрај помошта од влекачите, бродот не успеал да го задржи курсот.

Во тој момент, во пристаништето бил усидрен голем контејнерски брод, „MSC Victorine“; крузерот удрил токму во овој брод. На фотографиите се гледаат значителни оштетувања на неговиот страничен дел. Според полицијата, во инцидентот бил вклучен и втор контејнерски брод. Полицијата потврди дека и крузерот и големиот товарен брод претрпеле значителни оштетувања, иако точниот обем на штетата сè уште не е познат.

„Судир каков што никогаш претходно немале доживеано“

Кристијан Бреден, кој ги оставил своите родители – на возраст од 69 и 68 години – на крузерот, раскажа дека забележал проблеми уште при самото испловување. „Бродот стоеше во место неколку минути, на околу 30 метри од брегот. Не можеше да напредува против ветерот. Налетите беа навистина силни“, изјави Бреден.

Тој објасни дека пловилото потоа почнало бавно да се движи, а околу десет минути подоцна дошло до судир. Неговите родители биле во кабина на десната страна од крузерот – токму на онаа страна што удрила во товарните бродови. „Родителите ми рекоа дека ударот бил таков каков што никогаш претходно немале доживеано. Бродот се затресе и силно се заниша“, раскажа Бреден.

По судирот, крузерот се вратил на пристаништето, што го потврди и компанијата „TUI Cruises“. Патниците останале на бродот преку ноќ додека експертите ја проценувале штетата. Според моменталните информации, нема повредени меѓу патниците или членовите на екипажот. Полицијата во Бремен продолжува да ги истражува околностите под кои се случил судирот.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер