Семејство во САД нашло вреќи со милион долари и ги вратило во полиција

Семејство во американската сојузна држава Вирџинија среде улица нашло две поштенски вреќи со милион долари и ги предала на полицијата, пренесуваат американските медиуми.

Американката Емили Шанц за американските медиуми раскажала дека минатиот викенд тргнала на излет со семејството и по пат возило пред нив заобиколило нешто на патот.

Таа кажала дека сопреле и зеле две вреќи, кои личеле на кеси за смет.

Дури откако се вратиле од излетот ја откриле за што станува збор, по што, семејството без никакво колебање, парите ги предало на полицијата во Ричмонд Вирџинија. Горди сме што имаме чесни граѓани, соопштила полицијата, која се уште бара чии се парите и како завршила среде улица.

притисни ентер