ЖивотСемејствата на жртвите во стампедото на концертот на Тревис Скот бараат 750 милиони долари Во тужбата поднесена во име на 125 жртви на трагедијата во Астроуорлд во Хјустон се бара отштета од 750 милиони долари од изведувачите Тревис Скот и Дрејк и компаниите вклучени во организацијата на концертот.Адвокатот на Хјустон, Тони Базби, во понеделникот ја поднел тужбата во име на клиентите, вклучително и семејството на 21-годишниот Аксел Акоста, еден од десетте лица убиени на годишниот хип-хоп фестивал на Скот, каде што биле повредени стотици луѓе. Во тужбата се цитираат Скот и Дрејк (кој се појави како гостин изведувач), заедно со промотерите Live Nation и ScoreMore Shows, безбедносните компании Contemporary Services Corp., Apex Security и Valle Security Тексас и ParaDocs, компанија со договор да обезбедува медицинска услуга на фестивалот. Во тужбата се именувани и Apple, кој го емитувала концертот во живо на својот сервис Apple Music, издавачката куќа Epic на Скот, Cactus Jack и Harris County Sports & Convention Corp., која управува со NRG Park. „Кога Аксел колабира, беше прегазен од оние кои се бореа да не бидат смачкани“, се вели во тужбата. „Додека лежеше под масата луѓе, умирајќи, музиката продолжи речиси уште 40 минути“, се вели во тужбата. Последната жртва на трагедијата е деветгодишно момче кое почина во неделата, една недела откако апаратите го одржуваа во живот. Со смртта на момчето Езра Блаунт, вкупниот број на загинати во стампедо на фестивалот Астроуорлд на 5 ноември се искачи на десет. Жртвите биле на возраст од 9 до 27 години. Тие загинале во стампедо за време на настапот на раперот Скот на стадионот NRG пред толпа од 50.000 луѓе. Ситуацијата излегла од контрола кога фановите се упатиле кон сцената. „Семејството Блаунт вечерва тагува за неразбирливата загуба на нивниот драг млад син“, изјавил семејниот адвокат Бен Крамп. Тој рече дека кој било од ретките одговорни за безбедноста на концертот можел да спречи смрт и повреди со запирање на настапот и вклучување на светлата кога хаосот во публиката станал очигледен. Крамп и другите адвокати на семејствата на жртвите поднеле низа тужби против Скот и организаторите, обвинувајќи ги за невнимание при контролирањето на толпата, необезбедување соодветна медицинска нега и недоволна подготовка за итни случаи. Скот ги повикал повредените и нивните семејства да контактираат со него, велејќи дека „очајно сака да им изрази сочувство и да пружи помош“, се вели во соопштението. Раперот претходно се понудил да плати за погребите и психолошка помош.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветОрмускиот Теснец пред колапс: Нов танкер налета на минаЧетвртиот нафтен танкер во последните 24 часа налета на мина во Ормускиот Теснец, соопшти Корпусот на исламската револуционерна гарда (ИРГГ), пренесуваат иранските медиуми.„Четврти танкер во рок од 24 часа експлодираше во Ормускиот теснец откако удри во поморска мина“, се наведува во извештајот објавен синоќа на каналот на „Прес ТВ“ (Press TV) на „Телеграм“. Иранската Револуционерна гарда претходно соопшти дека три нафтени танкери се запалиле и експлодирале додека се обидувале да користат, според тврдењата на Техеран, неовластени пловни патишта низ Ормускиот теснец. Во соопштение од Морнарицата на Револуционерната гарда се наведува дека еден од танкерите превезувал два милиона барели сурова нафта кога налетал на мина. The fourth oil tanker, traveling on a prohibited route in the Strait of Hormuz, has exploded. 🔹IRGC Navy: This afternoon, the fourth supertanker, despite warnings from the IRGC Navy against using the southern route of the Strait of Hormuz, suffered a powerful explosion after colliding with a mine and is currently on fire. 🔹This tanker, carrying over 2 million barrels of crude oil, also ignored radio warnings from the IRGC Navy and attempted to leave the strait via the prohibited southern route. 🔹This is the fourth oil tanker that has been on fire in the Strait of Hormuz since early this morning, due to American provocations. — Sprinter Press (@Sprinter_Press) October 31, 2026 Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37
СветЛавров по состанокот на Г20 во Атланта : Нема подобрување на односите меѓу Русија и САД„Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа.Шефот на руската дипломатија, Сергеј Лавров, изјави дека досега нема никакво подобрување во односите меѓу Русија и САД, и покрај неговото присуство на состанокот на министрите за надворешни работи на Г20 во американскиот град Атланта, јави ДПА. „Во пракса, досега не е забележан никаков реален напредок во односите со САД“, рече Лавров синоќа. „Не треба да се негуваат илузии во врска со договорот за дизел горивото“, додаде тој, осврнувајќи се на договорот меѓу САД и Кремљ за привремено укинување на санкциите, со цел да се овозможи набавка на руско дизел гориво и да се намалат цените на бензинските пумпи. Лавров изрази незадоволство, наведувајќи дека „суштинските прашања не се решаваат, санкциите остануваат на сила, сите санкции воведени од (поранешниот американски претседател Џо) Бајден продолжуваат да се спроведуваат од страна на актуелната администрација, а се воведуваат и дополнителни санкции за нафтените гиганти ’Лукоил‘ и ’Роснефт‘“, пренесува германската агенција . Осврнувајќи се на планираните трилатерални разговори меѓу Украина, САД и Русија, Лавров истакна дека преговарачките позиции се јасни. Според неодамнешните најави од Кремљ, делегациите планирале да се сретнат кон средината на ноември во Абу Даби, главниот град на Обединетите Арапски Емирати, за да ги продолжат разговорите за можно мировно решение, кои беа прекинати со месеци. Истовремено, Лавров остро го критикуваше својот германски колега Јохан Вадепул, обвинувајќи го за одбегнувањето на министрите на вообичаената заедничка фотографиоја од состанокот. Министрите за надворешни работи на Г20 ја откажаа заедничката фотографија на учесниците на разговорите во Атланта. Кратко пред почетокот на состанокот, шефот на германската дипломатија изјави дека „нема да има заедничка фотографија на која нашите европски партнери ќе бидат заедно со г-дин Лавров“. „Јас тоа го нарекувам ’дипломатија на семејни фотографии‘“, рече Лавров. „Ако најважното нешто за нив е како изгледаат на една заедничка фотографија и кој стои до нив, тогаш тоа кажува сè“, пренесе ДПАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканОдземена дозволата за работа на АЛТА банка во Србија Извршниот одбор на Народната банка на Србија (НБС) ѝ ја одзеде дозволата за работа на „АЛТА банка“ а.д. Белград. Банката е во сопственост на Давор Мацура, кој се смета за близок до Српската напредна странка – партијата на поранешниот претседател Александар Вучиќ, која претрпе пораз на изборите пред една недела. Од НБС соопштија дека, со судска одлука, за стечаен управник ќе биде назначена Агенцијата за осигурување на депозити, пренесува nova.rs. Во соопштение за јавноста, Народната банка на Србија наведува дека на оваа одлука ѝ претходеле контроли, преку кои се настојувало работењето на банката да се насочи кон зголемување на ликвидноста. „Утврдено е дека во изминатиот период финансиската состојба на банката значително се влошила. Постои можност за дополнителен пад на ликвидноста, поради што се загрозени интересите на депонентите на банката“, се вели во соопштението на НБС. Од централната банка додаваат дека одлуката е донесена со цел заштита на депонентите и зачувување на стабилноста на финансискиот систем, бидејќи се исполнети условите за одземање на дозволата, пропишани со Законот за банки. Агенцијата за осигурување на депозити треба да обезбеди исплата на осигурените износи во рок од седум работни дена и да им овозможи на клиентите да располагаат со своите средства. Според податоците на НБС, сметката на „Алта банка“ е блокирана уште од 30 октомври. Непосредно пред објавувањето на одземањето на лиценцата, компанијата „Алта пеј“ (Alta Pay), која работи во рамките на истата групација како и банката, ги известила своите деловни партнери плаќањата да ги вршат преку нејзините сметки во други банки – „Поштанска штедионица“ и ОТП (OTP), пренесува „Време“. Овој потег бил невообичаелив, бидејќи „Алта пеј“ има сопствен платен промет и сметки, меѓу другото и во „Алта банка“. Компанијата, всушност, дала насоки да се заобиколат нејзините сметки во матичната банка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСообраќај по влажни коловози09:11Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00Последен ден кампања за вториот круг на локланите избори во Брвеница 15:00Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37Вицепремиерот на Црна Гора – Филип Ивановиќ во втор ден официјална посета на земјава08:44
Признание пред судот: Дашковски ја призна вината за палењето на дипломатските возила - дејствувал сам без туѓо влијание15:00
Кривична пријава за „измама“ против две лица, навеле повеќе лица да инвестираат во лажна интернет платформа11:37