Семејствата на настраданите во Пулс од денеска со секојдневни едночасовни мирни протести и блокади - Канал 5

Семејствата на настраданите во Пулс од денеска со секојдневни едночасовни мирни протести и блокади

Според смеејствата срамен и понижувачки е односот кон трагедијата, особено по изјавите во јавноста дека судскиот процес  може да трае  од 10 до 15 години.

Семејствата на настраданите во Пулс од денеска со секојдневни едночасовни мирни протести и блокади

Родителите на загинатите и повредените во пожарот во кочанската дискотека Пулс на вчерашниот протестен марш на ангелите најавија дека почнувајќи од денеска од 15 :15 часот до 16 : 15 часот, секојдневно во Кочани ќе одржуваат мирни протести и блокади во траење од еден час, се додека не започне судењето за трагедијата во Пулс.

Според смеејствата срамен и понижувачки е односот кон трагедијата, особено по изјавите во јавноста дека судскиот процес може да трае од 10 до 15 години.

Ова го најавија родителите на загинатите во пожарот за време на 26-тиот „марш за ангелите“ одржан вчера пред Основниот суд во Кочани. Тие беа испровоцирани од изјавите на адвокатите на обвинетите, според кои случајот може да трае помеѓу 10 и 15 години. Ваквите зборови звучат како обид да се подготви општеството за бавно одложување и заборав. Нема да го дозволиме тоа“,беше порачано на протестот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Во четврток (28.05.2026) во емисијата гостин ни бeше Андријана Ади Костадиновски

„Гответе со Дракче“ - Пилешко во соја сос

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

1 морков

1 тиквичка

1 главица кромид

1 страк праз

200 гр. шампињони

3 лажици соја сос

малку буковка

малку сусам

масло

сол и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

УЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!

Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.

УЈП ја започнува третата фаза од проектот е-фактура!

Стартува третата фаза од проектот е-Фактура, во рамки на која Управата за јавни приходи овозможува тестирање на системот е-Фактура преку веб апликација, со цел компаниите да добијат пристап до практична тест околина за електронска размена на фактури.

Во првата фаза се тестираше интеграцијата на ЕРП системите на компаниите со системот е-Фактура.

Во втората фаза се додадени API сервиси за преземање, прифаќање, одбивање и сторнирање на е-Фактура и се овозможи тестирање на повеќе даночни индикатори. Со овие измени се промени структурата на API повиците и JSON форматот, поради што компаниите повторно ги прилагодија своите системи согласно новите спецификации објавени на https://efakturawiki.ujp.gov.mk

Во третата фаза, се преминува на веб апликација, преку која секоја компанија – мала, средна или голема, може едноставно да тестира креирање на документ, испраќање, прифаќање, одбивање и сторнирање. Апликацијата овозможува тестирање на општата фактура со 12 даночни индикатори. Со веб апликацијата се овозможува поедноставен пристап до тест околина за сите деловни субјекти, независно од нивната големина или техничка подготвеност, а воедно се поттикнува постепена подготовка за примена на системот за е-Фактура.

Воедно, со цел тестирањето да биде структуирано, Управата за јавни приходи воспостави соработка со околу 200 компании - избрани тестирачи, коишто во соработка со назначени даночни агенти од УЈП ќе спроведуваат структуирано тестирање. Притоа, ќе се тестираат избрани тест сценарија и компаниите континуирано ќе доставуваат повратни информации до Управата за јавни приходи.

Управата за јавни приходи континуирано спроведува едукативни средби за компаниите преку стопанските комори, бизнис заедницата и останати здруженија. Досега се одржани приближно 30 информативно-едукативни средби, на кои беа презентирани клучните аспекти на системот и процесите поврзани со е-Фактура.

Во соработка со Стопанските комори, во наредниот период предвидено е организирање дополнителни средби со компании во повеќе региони низ државата, со цел нивно подетално запознавање со функционалностите и начинот на користење на системот е-Фактура.

Во наредниот период исто така ќе бидат објавени и вебинар и детално упатство, кои ќе им послужат како дополнителна поддршка на сите компании што самостојно ќе ги тестираат процесите за креирање и размена на е-Фактури.

Управата за јавни приходи ги повикува компаниите активно да ја тестираат веб-апликацијата и да доставуваат забелешки, предлози и препораки за нејзино понатамошно подобрување, како и предлози за дополнување и унапредување на даночните индикатори и функционалностите на системот.

Особено е важно да потенцираме дека и оние компании кои немаат назначено даночен агент, ги охрабруваме да пробуваат и да пристапат кон тестирање на функционалноста на системот, како и навремено да пријават евентуални забелешки или технички потешкотии.

Корисни информации за тестирањето:

• Потребна документација: https://efakturawiki.ujp.gov.mk

• Регистрација и доделување привилегии: https://eujptest.ujp.gov.mk/ureg

• Тест платформа за е-Фактура: https://efakturatest.ujp.gov.mk

• Контакт за поддршка: [email protected]

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

По двегодишна пауза, српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа на тренерската работа и го презема турскиот Бахчешехир.

Српскиот тренер Александар Саша Ѓорѓевиќ се враќа во Турција

Како што објави Eurohoops, поранешниот селектор на Србија и Кина веќе ги договорил сите детали за соработката со клубот од Истанбул.

Ѓорѓевиќ ќе го наследи српскиот стручњак Марко Бараќ на клупата, а главна цел на клубот во следната сезона ќе биде пласман во Евролигата. Иако во изминатите недели се шпекулираше дека би можел да го преземе амбициозниот проект во Рим, кој го поддржува Лука Дончиќ, Ѓорѓевиќ на крајот реши да ја прифати понудата од Турција.

Неговиот последен ангажман беше на клупата на кинеската репрезентација, која ја напушти во 2024 година.

Во меѓувреме, тој беше поврзуван со неколку европски клубови и проектот Дубаи, но чекаше соодветно враќање на тренерската сцена. Ова ќе биде негово враќање во Истанбул, каде што веќе го водеше Фенербахче и ја освои титулата турски шампион во текот на сезоната 2021/22.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер