СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
1СДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб
3Тошковски на промоцијата на „One Stop“ на Ќафасан: Македонија го заокружува системот на заеднички гранични контроли со соседите надвор од Шенген-зоната
Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
1Удар врз тротинетите и електричните велосипеди, во Њујорк сакаат да ги забранат опасните батерии во становите
СудбинаСемејно куче искаса до смрт четиригодишно девојче- трагедија во Германија Четиригодишно девојче почина откако беше нападнато и искасано до смрт од нејзиното семејно куче во градот Дроза во германската покраина Саксонија-Анхалт.Полицијата започна истрага против мајката на детето и семеен пријател за да се утврдат сите околности на трагедијата. Според полицијата и канцеларијата на државниот обвинител, девојчето си играло со кучето во нејзиниот стан кога животното одеднаш ја нападнало и ја каснало повеќе пати. Се верува дека станува збор за американски стафордширски териер. Иако минувачите веднаш се обиделе да го одвојат кучето од детето, девојчето претрпело толку тешки повреди што дури и вработените во итните служби не можеле да ѝ помогнат, па таа починала на местото на настанот. Кучето било однесено во засолниште за животни, а на членовите на семејството и службите за итни случаи им била пружена психолошка поддршка. Am Mittwochnachmittag starb die kleine Tochter einer 32-jährigen Frau, nachdem ihr Pitbull sich in der Wohnung in das Mädchen verbissen hatte. Der Hund wurde daraufhin beschlagnahmt und an eine Tierschutzeinrichtung übergeben. https://t.co/QRanTwc31g pic.twitter.com/0zv8aHwXMj — Blick (@Blickch) July 9, 2026 Истрага за убиство без умисла 32-годишна мајка и 30-годишен пријател, двајцата германски државјани, се испитуваат под сомнение за убиство без умисла. Истрагата ќе се обиде да утврди дали нападот можел да се спречи или дали имало некакви пропусти во надзорот врз детето и кучето. Кучето претходно нападнало луѓе Градоначалникот на општината Остерненбургер Ланд, Торстен Лоренц (CDU), потврди дека имало претходни инциденти со истото куче. Сепак, животното подоцна било подложено на проценка на темпераментот и однесувањето. Американските стафордширски териери, кои тежат помеѓу 30 и 40 килограми, се сметаат за исклучително силни и се наведени како потенцијално опасна раса во покраината Саксонија-Анхалт. Се разгледуваат измени во законот Трагедијата предизвика шок и тага. „Четиригодишно дете треба да расте безгрижно. Наместо тоа, оваа незамислива трагедија остава празнина што никогаш не може да се пополни“, напиша градоначалникот. Министерството за внатрешни работи соопшти дека инцидентот се истражува и дека доколку е потребно ќе се разгледаат измени во законот за чување кучиња. „Законот за кучиња служи за заштита на јавноста, особено децата, од опасностите што ги претставуваат кучињата“, објасни министерството, додавајќи дека од овој случај ќе се извлечат потребните заклучоци. Инцидентот повторно ја отвори дебатата за поседување кучиња во Германија. Неодамна, полицијата во Тангерминде застрела куче кое го нападна својот сопственик, а организацијата за права на животните ПЕТА побара задолжително лиценцирање за сопствениците на кучиња.Тагови: девојче куче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
КошаркаФИБА ги „блокираше“ Русија и Белорусија Европската куќа на кошарката, ФИБА Европа соопшти дека суспензијата за Русија и Белорусија останува на сила.Во петокот, во германскиот град Хамбург, ФИБА одржа важен состанок на Управниот одбор, на кој беше донесена значајна одлука во врска со националните тимови на Русија и Белорусија. Како што соопшти ФИБА Европа, одлуката останува непроменета: националните тимови на Русија и Белорусија нема да имаат право на учество во кошаркарските натпреварувања (во формат „5 на 5“) под покровителство на ФИБА. Суспензијата беше воведена по почетокот на руската инвазија врз Украина, кога клубовите и националните тимови од овие две земји беа отстранети од меѓународната сцена. Сепак, во кошарката „3 на 3“ веќе се забележуваат одредени промени. На младинските селекции на Русија и Белорусија им е дозволено учество на меѓународни турнири, а во јули тие настапија на турнирот за играчи до 21 година во рамките на Лигата на нации, што се одржа во Кина. Исто така, Извршниот комитет на ФИБА во септември одлучи да им овозможи на поединечни кошаркари, тренери, судии и други членови на кошаркарската заедница од овие две земји да се вратат на меѓународната сцена. Сепак, прашањето за враќање на националните тимови и клубовите останува отворено, а најновата одлука на ФИБА Европа потврдува дека засега нема да има промени. За статусот на Русија и Белорусија во меѓународните натпреварувања повторно ќе се дискутира во декември.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
ФудбалАрсенал во проблеми, Раја се повреди и ги загрижи сите на „Емирати“Голманот на англискиот шампион Арсенал, Давид Раја, мораше да го напушти теренот поради повреда на левото рамо за време на натпреварот од Премиер лигата против Њукасл, кој заврши нерешено 2:2.Ова се случи во момент кога актуелните шампиони на Англија се соочуваат со серија тешки натпревари. Раја се повреди при пад на тревата по дуел со напаѓачот на Њукасл, Вилијам Осула, откако ја фати топката по изведен корнер. Шпанскиот репрезентативец изгледаше како да трпи големи болки уште додека му се укажуваше помош, а потоа го напушти теренот придружуван од член на медицинскиот тим на Арсенал.Засега се уште не е познато колку Раја ќе биде надвор од стативите. Во следните две и пол недели, Арсенал го очекуваат дуели против Борусија Дортмунд и Реал Мадрид во Лигата на шампионите, додека во домашното првенство, во истиот период, ќе играат против Манчестер Сити, Брентфорд и Тотенхем.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиПрипадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28Протестен марш во Охрид против насилството врз жените по случајот со 26-годишната Сара 15:00Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33МВР предупредува на опасна он-лајн група „764“- која таргетира деца и малолетници15:00Во 13 часот протест пред Владата против родово базирано насилство08:49
Припадниците на Баталјонот на специјални сили евакуираа тешко повреден алпинист од непристапен терен во реонот на Демир Капија09:28
Обвинителен предлог за 24-годишникот кој избега од полициска станица во Битола,обвинетиот ја удирал девојката по лицето со тупаници и шамари11:33
МакедонијаСДСМ: Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столбСкандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб.Скандал на повидок, со законски измени власта ја брише одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб Скандал е на повидок. Власта на Мицкоски објави на ЕНЕР предлог-измени на Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Со нив се предлага бришење на членот 120, односно на одредбата за уплата на 6% во вториот пензиски столб. Што значи ова за граѓаните? Ако уплатата во вториот столб не се уреди со друга одредба во овој или во друг закон, сите придонеси би останале во првиот столб, во Фондот за ПИОМ. Ако остане вака, ова значи дефинитивно рушење на вториот пензиски столб. Криминалната власт ги доведува во ризик пензиските заштеди на повеќе од 650.000 граѓани кои членуваат во вториот пензиски столб. Фондот за ПИОМ е доведен во сериозно тешка финансиска состојба. Во Фондот недостигаат близу една милијарда евра. Во изминатите месеци ПИОМ не префрлил околу 50 милиони евра во вториот пензиски столб. На пратеничкото прашање каде се тие пари, власта не даде одговор. Ова се пари на работниците. Ги заработиле со својот труд и секој месец ги издвојуваат од своите плати за идните пензии. Христијан Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори. Зошто се предлага бришење на членот 120? Каде ќе одат придонесите што сега се уплаќаат во вториот столб? Кој ќе одговара што ПИОМ со месеци нема префрлено 50 милиони евра иако му се законска обврска? Прес конференција на СДСМ, Маја Серафимовска -Борозан Скопје, 22.11.2026 СДСМКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter