Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета! - Канал 5

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Светската музичка ѕвезда Крис Браун ќе биде посиромашен за дури 13 милиони долари поради совјот домашен миленик какваскиот овчар .

Кучето на Крис Браун ја каснало куќната помошничка. Пејачот мора да плати милиони отштета!

Американскиот пејач Крис Браун ќе мора да ѝ исплати на својата поранешна домашна помошничка речиси 13 милиони долари отштета откако поротата го прогласи за одговорен за нападот на неговото куче во кој жена добила сериозни трајни повреди на неговиот имот во 2020 година, објави BBC News.

По двонеделно судење во Лос Анџелес, поротата пресуди во корист на Марија Авила, која беше нападната од кавкаскиот овчар на Браун, тежок 90 килограми.

Според пресудата, Браун и неговата компанија Black Pyramid LLC мора да ѝ платат 12,9 милиони долари за небрежност. на судскиот процес Авила сведочеше дека кучето, по име Хад, ѝ откинало „големи парчиња кожа“ додека таа го празнела ѓубрето во неговиот дом во калифорнискиот град Тарзана. Нападот, рече таа, резултирал со трајно обезличување на лицето, лузни, губење на видот и оштетување на нервите.

За време на судењето, беше слушнато сведочење дека Браун избегал од местото на настанот наместо да се јави на 911 или да ѝ помогне на повредената жена. Тој ги оставил своите вработени да се грижат за Авила, а на поротата ѝ било кажано дека тоа го сторил бидејќи се плаши од „медиумски циркус“ ако неговиот глас се слушне на повикот за итни случаи или ако бил присутен кога пристигнала полицијата.

Браун му рече на судот дека се подготвувал да се истушира ​​кога слушнал куче како ржи. Се симнал долу и ја нашол Авила како лежи неподвижна, покриена со „многу крв“. „Крвта ме исплаши“, рече тој, додавајќи дека бил „во шок“ и го послушал советот на својот менаџер да го напушти имотот пред да пристигнат службите за итни случаи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ова е германскиот автомобил на годината – дали се согласувате со изборот?

Наградата „Германски автомобил на годината“ (GCOTY) ја освои едно електрично возило – „Volkswagen ID. Polo“.

Ова е германскиот автомобил на годината – дали се согласувате со изборот?

Електричниот наследник на многу омилениот модел „Polo“ најпрво победи во категоријата „Буџет“ (за автомобили со цена под 25.000 евра), а потоа ја однесе и главната победа.

Без да навлегуваме во тоа дали можеби имало некаква пристрасност во процесот на избор, со оглед на тоа што станува збор за германски бренд, вреди да се напомене дека жирито се состоело од 47 германски и меѓународни автомобилски новинари. Понатаму, во финалниот круг, „ID. Polo“ ги надмина моделите „Kia PV5“, „Mercedes-Benz GLC“, „Xpeng X9“ и „Hyundai Ioniq 6 N“.

Томас Шефер, извршен директор на „Volkswagen“, изјави дека „ID. Polo ја носи електричната мобилност таму каде што таа може да има најголемо влијание – во секојдневниот живот на луѓето“.

Андреас Миндт, шефот за дизајн во „Volkswagen“, исто така ја коментираше наградата. Пишувајќи на „Instagram“ за „ID. Polo“, тој истакна дека „сакале да создадат вистински „Volkswagen“ – автомобил со јасен дизајн, препознатлив идентитет и карактер“.

Што се однесува до останатите победници по категории, листата е следна:

• Компактни (25.000 € – 40.000 €) – „Kia PV5“

• Премиум (40.000 € – 70.000 €) – „Mercedes-Benz GLC“

• Луксузни (над 70.000 €) – „Xpeng X9“

• Перформанси – „Hyundai Ioniq 6 N“

Специјални категории

• Најдобар однос цена-квалитет – „Geely E2“

• Најдобар дизајн на екстериерот – „Renault Twingo“

• Најдобар ентериер – „BMW iX3“

• Најдобар погонски систем – „Porsche 911 Turbo S“

• Семеен автомобил – „Škoda Peaq“

Наградата за личност на годината во индустријата за 2027 година му припадна на Клаус Зелмер, првиот човек на „Škoda“.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ФИФА тестираше три нови правила, аут со нога,....

На премиерното Светско првенство и фестивал за играчи до 15 години, ФИФА тестираше три експериментални правила.

ФИФА тестираше три нови правила, аут со нога,....

Натпреварите се играа со неограничен број замени, аутите се изведуваа со шутирање на топката, а прекршоците за офсајд се досудуваа само во зоната од 14 ментри пред голот.

Турнирот се одржа во Баку од 24 до 30 октомври, со учество на 189 екипи од сите шест конфедерации.

Титулата во највисоката „Категорија А“ ѝ припадна на Шпанија, која во финалето на 30 октомври ја совлада Чешка со 3–0. Во текот на една недела беа одиграни 932 натпревари, при што беа постигнати вкупно 4.505 голови – просек од 4,83 по натпревар.

На натпреварот со најмногу погодоци беа постигнати 21 гол.

Игра со осум играчи во поле и неограничени замени.

Целта на ФИФА беше да се овозможи динамична игра со многу напаѓачки акции, па затоа натпреварите се играа со осум играчи во секој тим и со неограничен број замени, со што се укина претходното ограничување од пет замени.

Ова им овозможи на тренерите почесто да ги ротираат играчите и да управуваат со нивното физичко оптоварување, истовремено давајќи им можност за настап на поголем број членови од тимот. Натпреварите се одвиваа на помали терени, со димензии 68 на 47 метри, при што се користеа голови со стандардни димензии.

Наместо да се уфрла со раце, топката се враќаше во игра со нозе. Со ова, ФИФА имаше за цел да го забрза продолжувањето на играта и да им овозможи на младите играчи повеќе допири со топката, како и повеќе можности за развој на нивната техника. Исто така, беше променето и правилото за офсајд: играчот можеше да се најде во офсајд само откако ќе влезеше во одредена зона, која започнуваше на 14 метри од голот на противникот.

„На оваа возраст, играњето е најважното нешто. На младите играчи им се потребни значајни натпревари, различни противници и разновидни фудбалски искуства за да напредуваат. Талент има насекаде, но можностите за младите не се секогаш еднакви. Овој турнир им дава шанса на играчи од целиот свет да се натпреваруваат, да учат и да се развиваат“, изјави Арсен Венгер, шеф на ФИФА за глобален развој на фудбалот.

Венгер додаде дека ФИФА сака да осигури секој талентиран играч да биде забележан, да добие можности за тренинг и играње, и на тој начин да може да го достигне својот полн потенцијал. На турнирот учествуваа играчи родени во 2011 и 2012 година. Натпреварите се состоеја од две полувремиња по 20 минути, а секој тим имаше право да пријави 14 играчи и до шест членови на стручниот штаб.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дата центрите во Германија трошат електрична енергија колку 6,5 милиони домаќинства

Според проценките на индустриското здружение „Битком“, потрошувачката на електрична енергија во германските дата центри значително ќе се зголеми во наредните години, како резултат на брзиот развој на вештачката интелигенција.

Дата центрите во Германија трошат електрична енергија колку 6,5 милиони домаќинства

Како што се наведува во студијата на „Битком“ објавена вчера, годинава центрите за податоци и помалите ИТ-објекти во Германија ќе потрошат приближно 23 терават-часови електрична енергија – количина што одговара на вкупната годишна потрошувачка на околу 6,5 милиони домаќинства.

Според пресметките на „Битком“, се очекува потрошувачката да се зголеми на 35 до 38 терават-часови до 2030 година, а до 2035 година би можела да достигне меѓу 56 и 70 терават-часови. Во меѓувреме, Норвешката дирекција за водни ресурси и енергија (NVE) неодамна процени дека потрошувачката на електрична енергија во центрите за податоци би можела да порасне од сегашните 3–4 терават-часови годишно на 25 терават-часови до 2035 година – проекција направена во контекст на ограничениот потенцијал за проширување на капацитетите за производство на електрична енергија.

Предупредувања за проблемите со електроенергетската мрежа

Германското здружение предупредува дека амбицијата на земјата да стане центар за дигиталната индустрија би можела да биде попречена од недоволниот капацитет на електроенергетската мрежа и долгите постапки за добивање дозволи. „Секој што ќе заостане во изградбата на инфраструктура, брзо ќе ја изгуби позицијата и во областа на вештачката интелигенција“, изјави претседателот на „Битком“, Ралф Винтергерст, на Дигиталниот самит во Берлин. За Германија да може да држи чекор со меѓународната конкуренција, здружението повика на насочено намалување на трошоците за електрична енергија и забрзување на процедурите за планирање. Килијан Вагнер, раководител за одржлива дигитална инфраструктура во „Битком“, предупреди дека компаниите нема да се откажат од дигиталната трансформација, а граѓаните нема да престанат да користат дигитални услуги, дури и ако Германија нема доволно центри за податоци.

Според Вагнер, во таков случај Германија само ќе стане уште позависна од странски земји, а компаниите ќе ги градат своите центри за податоци надвор од државата.

Колку вода трошат дата центрите?

Здружението исто така се осврна на загриженоста во врска со големата потрошувачка на вода во современите центри за податоци. Според нивните податоци, две третини од податочните центри во Германија трошат најмногу еден децилитар вода по киловат-час електрична енергија. Податочните центри што се ладат преку испарување трошат најмногу вода, но, според „Битком“, ваков систем се користи во приближно една третина од дата центри во Германија.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер