ЗабаваСемејно фатални: Ќерката на Моника Белучи израсна во вистинска убавица (фото)Дева во се ја наследи својата мајка, една од најубавите жени на светот, па така освен убавината тргна и по нејзината кариера.Постарата ќерка на една од најубавите жени, актерката Моника Белучи, го наследи најдоброто од својата мајка, па така Дева Касел изразна во вистинска убавица. Убавата Дева стана новото лице на модната куќа „Долче и Габана“, во што исто така ја наследи својата мајка, која со години беше нивно заштитно лице. View this post on Instagram Some more footage of Deva her photo shoot for D&G last Saturday. Kindly reminder, Deva's one and only instagram account that's public is @d.casseluxxi all the other are fake accept her private one where she won't accept anyone on she does not know in person. There are a lot of fake pages going around since this shoot 📸 please don't give these pages credit for what they do. . #monicabellucci #Bella #bellucci #cassel #Italy #Italian #brunette #quotes #quoteoftheday #bestdressed #France #French #Paris #Milano #Milan #Europe #Belgium #monicaannamariabellucci #bestactress #actress #model #fashion #fashionweek #моникабеллучи #моникабелуччизапорожье #devacassel #ДеваКассель #Дева A post shared by 𝑴𝒐𝒏𝒊𝒄𝒂 𝑨𝒏𝒏𝒂 𝑴𝒂𝒓𝒊𝒂 𝑩𝒆𝒍𝒍𝒖𝒄𝒄𝒊 (@monicabelluccilatest) on Apr 11, 2019 at 12:28am PDT Моника, Дева ја доби со Венсан Касел, со кој беше во брак 14 години и со кој ја има и помладата ќерка Леона. Освен што Дева ја наследи убавината на својата мајка, таа ја наследи и нејзината работа, бидејќи ќе го рекламира новиот парфем на овој познат бренд. Мајката во текот на снимањето не го симнуваше погледот од својата миленичка и внимателно надгледуваше се да помине како што треба. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаГерасимовски: Редовна есенска дератизација во Центар, опфатени 2.000 шахтиОпштина Центар спроведува редовна есенска дератизација на целата територија на локалната самоуправа, со која се опфатени околу 2 000 шахти.Дератизацијата се спроведува со цел сузбивање на штетните глодари и спречување на ширење заразни болести, како дел од континуираните мерки за заштита на здравјето на граѓаните. „Ова е редовна дератизација што ја спроведуваме на целото подрачје на општината. Пред неколку недели реализиравме и вонредна дератизација за сузбивање на глодарите и спречување на потенцијални извори на зарази“, истакна градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски. Препаратот што се користи е сертифициран и одобрен од Министерството за здравство, а наменет е за контрола на штетниците, без да претставува ризик за другите животински видови. Системската дератизацијата е дел од редовнитепревентивни активности за одржување на хигиената и заштита на јавното здравје.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСтојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ И Аркин Јахији од наи одат во втор круг во Брвеница08:33ДИК: На прво место е Стојанчо Радичевски, на второ Аркин Јахиј21:30Затворени гласачките кутии - добива ли Брвеница градоначалник или ќе се оди во втор круг?20:49ДИК: Излезноста во Брвеница до 18 часот е 44.57%, пристигнати се 10 приговори19:01Брвеница избира градоначалник – шестмина кандидати во трка за функцијата18:28
МакедонијаСпасено мече фатено во стапица на планината ЈакупицаНа планината Јакупица во велешко спасено е мече фатено во нелегално поставена стапица. Животното го пронашле ловџии од Ловечкото друштво „Руен“ од Велес. Тие слушнале силно рикање и го забележале мечето заробено во сајла. Во близина била и неговата мајка, која го набљудувала настанот. Во акцијата учествувале инспектори, ловџии, еколози, полицајци и ветеринар. Мечето било пронајдено на локалитетот Чеплес, во близина на рибник Нежилово. Ветеринар од Скопската зоолошка градина го успал животното за да го прегледа.Стапицата била отстранета, а мечето немало видливи повреди.станува збор за мажјак стар околу три години и тежок 70 килограми.По прегледот, мечето било пуштено назад во природата.за случајот бил известен јавен обвинител од велес.Полицијата ја запленила стапицата за вештачење и поведување кривична постапка.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеЗаболените од ретки болести, бараат стратегијата за лечење на пациентите Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години.Потребен е систем за лечење на заболените од ретки болести,тие бараат средба со министерот за здравство за да разговараат за стратегијата за лечење на пациентите за наредните две години ова беше истакнато на прес-конференција и едукативен симпозиум „Мисли на ретки: препознај и упати“ на здружението на граѓани за ретки болести „живот со предизвици“ Битола, националната алијанса за ретки болести на македонија и здружението на лекари по општа,семејна медицина. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook